Култура и туризам

Авторот на оваа народна песна го почитуваат сите македонци овде и по цела Македонија

kuzman-sapkarev

КУЗМАН ШАПКАРЕВ ЗА ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ : (Софија, 1882 год.)

kuzman-sapkarev“Јас знам овде еден македонски Бугарин (Македонец, н.б.) од дебарското село Галичник, кај којшто ма многу материјал собран од дебарските бугарски (македонски, н.б.) села. Кај него има песни, нарави, обичаи, приказни и разни други податоци за географската положба на оние месности. Овој човек одамна се занимавал со такви ра-боти и има достатно количество бесценет материјал. Освен тоа, тој учествувал во разни востанички движења, за кое му сведочат ордените. Тој и по ослободувањето се занимава со такви работи, шета по улиците и ќошињата на Софија, бара дулѓери и други работници од разните места на Македонија за да запишува од нив песни и др. По едно време овој самоутврденец и белобрад подвижник се најде во критична положба во материјален поглед и се принуди да побара служба во едно од министерствата за да може да се прехранува и друго, да се  олесни за да му служи на пофалното свое дело. Тој намисли да побара служба и побара. Но знаете ли што му се одговорило?

Му рекле дека се прима во служба, но да си го фрли народното облекло и да се облече во европски алишта. Старецот одговори: “Ако вие сакате да ме принудите да си ја фрлам народната облека со којашто сум пораснали сум работел толку време за својот народ, тогаш јас не ви ја сакам ни службата ни платата, и си излегол. Оттогаш и до денеска овој старец стои без никаква служба во претстолнината, се занимава пак со старини, одејќи меѓу своите сотатковинци дулѓери од Дебарско за да си ги дополнува трудовите. Тој има многу материјал, но му недостасуваат средства за да може да го издаде на свет.Само еден мошне малечок дел, и тоа материјал од новото време го издаде поминатата година во огра-ничен број примероци, (се однесува на книшката “Македонска песнарка”, објавена во Софија во 1879 год.,н.б.) повеќето од кои што ги испрати во Русија до редакциите на весниците.

Овој старец е автор на следнава песна што ја пеат овде сега сите македонски Бугари ( се однесува на  на поемата “Самовила Македонска”, н.б.), и не само овде туку и во Дебарско во Албанија. Јас  ја наведувам буквално оваа песна за вашите читатели.          

…Авторот на оваа нова народна песна, когошто го уважуваат и го почитуваат сите Македонци овде и којшто има популарност по цела Македонија, а особено меѓу Мијаците во дебарската околност, издаде на бел свет во 1879 година една “Македонска Песнарка”, првиот дел од 17 страници со црковнословенски букви, а вториот випуск од 16 страници со граѓански букви.

Г-н Георги Пулевски (така се вика авторот на горната песна) е познат уште и со издавањето на еден особен вид речник чиј прв дел е излезен во 1873 год. под наслов “ Речник од четири јазика: 1) српско-албански, 2) албано-арнаутски, 3) турски, 4) грчки (печатен во Белград во 1973 год., н.б.) а вториот дел е напечатен во 1875 год., направен по прашања и одговори на три јазика: македонски, албански и турски. За овој речник “Рус” (се однесува на весникот “Рус” редактиран од  Ив. С. Аксаков) вели вака: “речникот на Г.Пулевскиј буди многу интерес за запознавањето со јазикот на македонските жители, коишто Србите толку настојчиво го приклучуваат кон српското племе. Воопшто треба да забележиме дека Македонија претставува за славистите – ако можеме така да се изразиме – непозната почва што ги чека своите истражувачи”.

Б. Ристовски, Портрети и процеси, 1,…стр. 268-271;

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top