Култура и туризам

Легенда за проколнатиот град Кратово

kratovo

kratovo

Постои една легенда која вели дека градот Кратово е проколнат град. Според легендата тоа се случило уште во турско време. Градот го проколнал некој си Епископ кој се викал Атанас. Приказната е многу интересна и пренесувана од колено на колено.

Во црквата “Свети Јован” во Кратово постои една фреска на која градски свештеник и Епископот се преставени со чалма на главата. На оваа фреска всушност се претставени главните актери на оваа приказна, која што почнува вака. Тамошниот Владика бил во љубовна врска со една анaма. Градскиот поп тоа не можел да го трпи па решил да го накодоши. Отишол кај еден шивач и побарал од него да сошие шалвари. Утредента го посетил кадијата и му раскажал за љубовната врска на Владиката. Ако не верувал можел да провери во црквата. Во еден ќош на црквата можел да ги најде шалварите на избеганата анaма. Kадијата поверувал и дал наредба, епископот да биде погубен. На денот на погубувањето епископот фрлил десет клетви врз градот – Во градот никогаш повеќе да нема епископија, да живеат грешници и неверници, колку куќи да се разрушат, само толку да се изградат, ништо повеќе.

Фреската која што постои до ден денешен, ја насликал Димитар Андонов-Папрадишки. Необично, но оваа икона но и местото на погубувањето на Владиката го почитуваат и Ромите од овој град.

Месното население од Кратово од Ромска националност, на Ѓурѓовден го слават денот на местото наречен „баба“што на турски значи татко. Инаку на местото каде што е погубен Епископот почнале да течат солзи во земјата и од местото потекло вода. Меѓу народот тој кладенец е познат како „Турски кладенец“.

Приказната за Кратово како проколнат град се повеќе привлекува внимание. Тука се и сите оние познати културно-историски споменици кои што го красат овој град изграден врз изгаснат вулкан.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top