Култура и туризам

Чесноста кај народот – Малешевијата во минатото

staro berovo

staro berovoВо правните обичаи изнесовме некои работи во врска со кривичното право од кои може да се види каква е чесноста кај народот. Овде ќе споменам уште некои појави, од кои истото тоа може да се види.

Во старите времиња имало добри и чесни луѓе, кои не сакале да се коористат со туѓата несреќа, па дури дозволувале во деновите на општа несреќа да претрпат и некоја штета. На пр. во старо време, кога имало неродна година, житото во Малешевијата поскапувало на пет гроша оката. Луѓето биле загрижени. Бидејќи пред тоа житото било евтино еден селанец имал жито илјада ока. За време на таа глад тој своето жито го продавал по гроши половина за оката. Трговците и разни шпекуланти му се смееле што работи на своја штета, на што тој им одговарал:дека има доста за храна и дека и тоа му е доволно да го продава по грош и половина за ока, па нека даде Господ и идната година да има добар род пак ќе биде добро.

Кога во старо време трговијата се одвивала во форма на размена се постапувало вака: Некој отерал во Солун сто оки жито и го дал за сто ока сол. Кога тука ја дотерал солта ја давал на народот: ока сол за две ока жито. На таа заработка во натура никој не се лутел зашто со тоа тој трговец го наплатувал само својот трошок (зашто Солун е многу далеку) но трудот сепак не.

Во старо време и долговите уредно се враќале. Еден Малешевец му однесол еден четврт (черек) златна турска лира на некој трговец во Струмица да му го врати долгот, што го направил уште неговиот татко. Богатиот струмиченец гледајќи го пред себеси сиромашкиот Малешевец не сакал парите да ги земе. Но малешевецот настојувал да му ги даде. Најпосле Струмичанецот сепак ги зел парите само поиради споменот, но на Малешевецот му дал иста сума, но во друга монета. Уште Струмичанецот сакал да го задржи Малешевецот кај себе на ручек зашто знаел дека тој е гладен (бидејќи минал пат од 50 километри), а притоа и сиромашниот (бил овчар). Малешевецот на тоа не се согласил, туку само побарал вода да се напие. Кога му донесле кафе, запрашал: што е това?- Бидејќи кафе дотогаш не ни видел, го одбил. Тогаш му дале дрвен сад за вода (букле), се напил вода и заминал за Малешево.

Споменато е и порано дека за време на робувањето се собирале прилози за школите и црквите (како и за други намени) .Тие пари ги давале на одделни луѓе на чување без никаков документ и гаранција. И денес собрани пари за иста цел не се даваат на луѓето на чување, туку во некоја банка со камата.

Денес Малешевци најмногу се плашат од бандити што прават пакост . Тие бандити се служат со методот на заплашување (на прозорите остават заканувачки писма, во кои нешто бараат и пари, ги тепаат општинскиите одборници и сл.).

Во некои села се наоѓа по некој човек што не може да го трпи својот сосед поради штета направена од стоката. На пр. еден на друг сосед му ја отрул свињата поради тоа што му правела штета.

До доаѓањето на черкезите во Малешевијата немало толку лоши дела како денес. За многу лоши дела што сега се случуваат тие биле учители. Народот ги запаметил по зло (креаделе и ограбувале). И денес на лошиот човек во Малешево му се вели: „Каков си, ко Черкезин“ .- Или: Ко Ајтарин.

За тоа што чеснотата и денес се одржува кај народот заслуги има црквата. Уште се паметат поучни слики што имаше на надворешните ѕидови од црквата (а кои по наредба на црковните влчасти во 1914 година биле премачкани). Така во Митрашинци на црквата имало вакви слики во боја (без натпис) во форма на карикатура:

Девојката да не го разубавува своето лице. – Насликана е девојка која го разубавува своето лице, а над главата и стои ѓаволот и врши голема нужда.

Девојка што чека маѓии да се напои со вода. – насликана е девојка над чија глава стои ѓаволот и врши мала нужда.

Кој не оди во црквата. Насликани се добро облечени луѓе, над нив стои ѓаволот и удира во голем тапан да им ги заглуши ушите и да не го слушнат црковното ѕвоно.

Трговец што продава расипана стока. – терезеијата му е обесена на носот.

Крчмар: ѓаволот му го товара бурето на грбот.

Трговец со лажна мерка: на терезијата, каде што е стоката, што се мери, се обесил ѓаволот.

Курва: врзана со синџири за нозете, меѓу нив ја сечат со пила.

Неморални млади луѓе (облечени божем тргнале во црквата): ѓаволот им свири во труба и и покажува да одат кај курвите (зашто не се за во црквата).

Воденичар (кој краде): низ ушите му е провлечено усвитено железо.

Луѓе-грешници: ѓаволот (врзани со синџири) ги турка во пеколот.

Вакви слики имало на митрашинската црква од западната и северната страна. До денес е останата само сликата на Света Тројца над северната врата (зашто и храмот е посветен на Света Тројца). Поништувањето на овие слики е голема штета за науката.

Од книгата „Малешево и Малешевци“ од Јеремија Павловиќ, Београд 1931 г. (Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top