Култура и туризам

Почна божикниот пост, но малкумина од православните ќе се одлучат да постат до 7 јануари

bozikni-postiii-540x320

bozikni-postiii-540x320

Многу луѓе ќе го заобиколат, посебно поради колењето на свињи и новогодишното славење. Од друга страна и самото одбележување на постот главно се сведува на трпеза која според добриот стар обичај, мора да биде богата. Малку луѓе размислуваат за духовната страна на постот и вредностите.

Така е од дамнешни времиња, а некои духовни елементи кои го следат, како што се смирувањето, воздржување од сексуални односи и казнување на децата, малкумина ги почитувале. Се` до денес остана на ниво на реторика.

Меѓутоа, колку кај нас навистина се пости, никогаш точно не било истражувано, но се знае дека фурните најмногу прасиња продаваат за Свети Никола…

Најважно е да се сфати дека постот сам по себе не е цел, туку средство, постот не е нешто што е наредено, туку треба да се доживее. Постот не е гладување или диета, туку негова смисла во правење на добри дела, во јакнење на заедницата. Тоа не е мачење, туку човек пости затоа што сака, а не затоа што мора. Тој низ постите се бори против своите пориви, слабости, се труди да помогне на другите околу себе.

На Христијаните им е важно само да ја исполнат формата, често не земајќи ја предвид неговата духовна димензија, која треба да биде во центарот.

Кај нас владее верска непросветеност кај тие кои себеси се сметаат за верници. Мислат дека се` е исполнето и доволно ако слават, постат и ја прослават славата. Денес секаде во христијанството владее нихилизам, релативизам, хедонизам, верникот сака сам да одлучи што му е прифатливо од верата, а што не.

Постот повеќе се доживува во материјален контекст, дека е важна само надворешната слика и дека се` се завршува со посен готвач. Повеќето млади постот не го доживуваат духовно. Во тренд е размислувањето: „Сега ќе постам и ќе ослабам“ или „Денес изедов чоколадо, нема врска, утре нема да јадам“. Ако постои целосно посветување на Црквата и почитување на сите правила, зад тоа обично стои некој трагичен настан.

– Постот е јасно дефиниран, кои денови се посни и како се пости. Човек не смее да биде горд во верата. Ако некој сака да биде верник, треба да ги избегне оправдувањата, посебно економските, бидејќи трпезата не мора да биде богата ако е во име на верата. Доколку некој не знае како треба да се постапи, Црквата со драга волја ќе го упати. Има лица кои свештениците можат да ги ослободат од постите, како што се бремените жени и болни лица.

Обврска на свештениците е да ја покренат свеста и да укажат на радоста на постот, на причеста, да ја афирмираат желбата на верниците и да ги поттикнат да одат понатаму, да созреваат во верата.

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top