Среда, 28 Јануари 2015    PDF Печати Е-пошта
Мaкeдoнија и Рим, архитектонско - урбанистички паралели

fasada-galeria

Во секојдневноста терминот ИСТОРИЈА го објективизираме како интернационално дефиниран со додавката дека „ИСТОРИЈАТА ЈА ПИШУВААТ ПОБЕДНИЦИТЕ“. Се согласувам со секојдневноста иако во  реалноста на јазикот постојат суштински стојни точки според кои секој народ го дефинира ова исклучително и сеж поважно поле на интерес. На пример: Најпопуларниот јазик на денешнината, англискиот, зборот го изговара како „хистори”, што етимолошки значи дека потекнува и реферира на третото лице еднина: хис стори - негова приказна. Германскиот го произведува зборот како инфинитив: гесцсхицхте, што значи, она што се случило. Хрватскиот изговара „повијест” и делува некако новинарски и македонскиот јазик во својот корен реферира кон третото лице множина: „ИСТОРИЈА” и - сторија, односно тие направија. Како што забележувате, македонскиот јазик под историја подразбира, во основа градителски чин. Затоа, ако сакаме да ја откриеме историјата за македонското минато, од Младото камено време до 20 век по Богомладенецот со Крстот, најупатно е да ја бараме во историјата на архитектурата и градоградителството. За оваа пригода во чест на македонскиот крал Персеј, да ја одбереме паралелата Македонија-Рим, како две спротивставени страни во вториот век пред новата ера. Кога велам спротивставени најмалку мислам на воениот судир.

Македонија и Рим имале различни стојни точки во филозофскиот поглед на светот. Рим е познат во светот според популарната типична римска мудрост која (ова треба да се признае актуелно е и денес) гласи: „Раздели и потоа владеј“! Колку и да е делотворна оваа реченица во основа е деструкција (потсетувам дека Емилио Паул по победата кај Пидна, срамнил со земја 70 градови во Македонија). Таа функционира со создавање хаос во просторот кој потоа се реорганизира по принципот на присила, поримјанување, поробување. Авторитетот се темели пред се` на добро организирана, добро платена воена сила. За опстојување на овој животен начин за организирање на дневната структура, Рим се потпираше на воената економија. Престанокот на освојувачките походи на Рим значеше почеток на пропаѓањето. Рим немаше сила и традиција да се развива сам од себе ако немаше туѓа култура, тело и територија на која ќе се накалеми. Македонија се темелеше на друга традиција во однос на светогледот.

Како прва држава во Европа организирана околу авторитетот на кралот, кој пред да седне на престолот мораше да ги мине сите квалификации кои и денес го дефинираат моделот за лидер (треба да се потсетиме дека античката критика го слави Филип Втори Македонски како најмудар државник на стариот свет), Македонија градеше сопствен општествено - политички систем кој се темелеше врз филозофијата на Македонизмот. Она што нашата историографија му го припишува на Гоце Делчев всушност е основниот принцип  на Македонизмот: Светот како натпревар на култури. Почитувајќи го овој принцип Александар Македонски на својот поход (спротивно на Емилио Паул), изградил преку 70 градови, никаде не ја посеал разновидната гнасотија на грабежот, секаде ја оставил градската управа да владее по своите традиции, дури организирал торжествени свадби како симбол на соединување на народите. Да потсетам, по поделбата на Македонија 146 г.п.н.е Рим забранил секаков контакт и меѓу најблиските роднини од другата страна на четирите ѕида, прототипи на популарниот берлински ѕид. Не почитување, туку учество во владеењето е принципот на кој се темели македонизмот... Да се освои не значи да се демонстрира моќ преку уривање, туку да се сочува се` (потсетувам на Вавилон). Македонизмот рано ја процени силата на организиран воспитно образовен систем и е прв кој во европски размери создаде посебни простори за образование. Логична е веројатноста дека проценката за основање на лицеумот во Миеза беше последица на кралската заштита на филозофите и уметниците кои се засолниле во Пела, во периодот на атинските прогони од 5 век п.н.е (во времето на градоначалникот Перикле).

Колку овие факти и интерпретација на фактографијата може да биде потврдена во архитектурата и градоградителството на Македонија и Рим?

Првиот сигурен знак дека суштествува цивилизација е организираната човечка промисла, посадениот и со човечки раце изграден простор. Архитектурата е метонимија за цивилизацијата. До процутот на изразот МАКЕДОНИЗАМ (во историјата на европската уметност без научна поткрепа се користи произволниот термин „хеленизам“ на Јохан Дројзен од 19 век). Македонската култура мина искуство од најмалку 6 000 години. Македонизмот како архитектура и уметност е директна последица на светогледот на организираната македонска држава. Колку и да делуваат апстрактно, градителските принципи на македонските градови се пред се` СВЕТОСТ, СВЕЧЕНОСТ и СОБОРНОСТ. Без сомнение, најдобар претставник, според чии остатоци можеме да го дефинираме придонесот на македонизмот, е Александрија Прва.

Во учебникарството, според навика, а не и според фактографија, се смета дека Хиподам од Милет, како основоположник на урбаното планирање доживеал отелотворување, на неговите решеткасти планови во атинските колонии со кои Атина го освојувала Медитеранот. Според најоптимистичките претпоставки, во периодот на најголемата моќ (Перикловото време, односно втората половина на 5 век), Атина немала повеќе од 25.000 жители. Можеме да го додадеме и економското засилување по воените победи и заедништвото во нестабилните сојузи со другите градови, но сепак не ќе можеме да стасаме до моќ неопходна за изградба на еден ново проектиран град. Без оглед на оваа дигресија, фактите покажуваат, како што ќе напише и Луис Мамфорд, во неговото капитално дело „Градот низ историјата“ дека Хиподамовата теорија кристализира во градителската пракса на македонизмот и тоа токму со Александрија на Дејнократ и Александар Македонски. Причините за подигање на Александрија Прва, процеднети од стојната точка на сегашноста, се обременети со воено-стратешки претпоставки, со економски оправданости во однос на географската позиција и т.н. Како што исправно резонира Алојз Ригл, ваквите погледи често донесуваат погрешни претстави за вистинската свест од минатото. Доколку се потсетиме на анегдотата која до нас доаѓа преку римскиот теоретичар Витрувиј, ќе забележиме дека планерот на Александрија, Дејнократ, во себе содржи и се бори за идејата: ГРАД НА ПРОСВЕТИТЕЛСТВОТО, предлагајќи ја Александрија Прва на Светогорскиот полуостров. Понатаму, ако ја разбереме пораката на ритуалот, кога Александар ги бележел ѕидините на градот и конечно, ако го дешифрираме планот на градот кој ни го реконструираат археолозите, ќе разбереме дека Александрија е подигната како појдовна точка на една нова епоха со нови стандарди за повисок степен на достоинство.

Кои се архитектонско - урбанистичките придонеси на македонизмот:

1.- Почеток на научен урбанизам применет во праксата;

2.- Претпоставена и остварена идеја за град, центар на светот;

3.- Поставени се првите стандарди за сообраќајници (улиците се со минимална широчина од 6 метри);

4.- Нова урбана естетика со перспектирање на перпективи и градски висти, со што достоинството на граѓанинот и посетителот како публика се подига на степен на животен начин поради кој и постои градската естетика;

5.-Воведување на градски водовод и канализација, мрежно испланирани за целиот град;

6.-Поплочување на сите улици и плоштади;

7.-Воведување ноќно осветлување како и урбана опрема (фонтани, жардињери, дрвореди);

8.-Воведување парадна улица (улицата Канопе која и денес е во употреба, била проектирана со широчина од 33м и должина од 6 км) со наткриени тремови и логии;

9.-Воведување на монументалното како водечки естетски принцип во градската архитектура;

10.-Основоположување на нови архитектонски програми дотогаш непознати во европското искуство:библиотека, музеј, золошка градина;

11.-Основоположена е и првата архитектонска критика:рангирани се седум највредни архитектонски споменици на стариот свет;

12.-Орнаментирањето е традиција која македонската култура ја одгледува од предисторијата, а во периодот на развиениот македонизам, покрај живописот како фреска, мозаикот го постигнува совршенството.

Примерот на Александрија го следат: Пергам, Ефес, Антиохија, Пела. Да го погледнеме сега одразот на римскиот светоглед во архитектурата и урбанизмот во периодот на римско-македонскиот судир се` до времето на Октавијан.

Рим е самоникнат историски град. Се` до престојот на Гај Јулиј во Александрија и врската со Клеопатра седма, која за Цезар беше откривање на нови хоризонти. Рим се развиваше стихијно. Првиот урбанистички план за еден дел од Рим го нарачува Гај Јулиј, обидувајќи се да обезбеди некаков чекор со македонската цивилизација. Неговиот проект за расчистување на дел од градот за да се ослободи простор за плоштад, не успева. Според историчарот Тит Ливиј, непосредно пред почетокот на новата ера Рим изгледал како место заземено од орда  освојувачи, а не како организиран град. Додека постоеше Римската ера, не е пренесена престолнината во Антиохија, а со палата во родниот Сплит, Рим не успева да стаса до стандардите на македонизмот од 4 век пред новата ера.

Вообичаената учебникарска претстава за Рим не се совпаѓа со горенаведеното, но фактите се едно, а холивудските спектакли сосема друго.

1.- И денес може да се сретне претстава за Рим како град со многу рано воведена канализација. Неточно: суштествува архитектонскиот објект Клоака максима кој е изграден од Етрурците, но основен систем на справување со фекалиите во Рим се септичките јами кои се копани буквално како на кого ќе му се сторело за згодно. Потврда за ова се редовните епидемии на чума во 23 год.п.н.е 65 год.н.е, 79 год.н.е, 162 год.н.е. Просечно, на секои 40 години. Потврда за ова наоѓаме и кај археологот Родолфо Ланциани кој во минатиот век ископал 75 јами со длабина 10 и површина 4 м2, цитирам: „мноштво јами во кои без и каков да е ред се фрлани, стрвини, мртовци и сиот оној измет за кој е непријатно да се говори...“

2.- За Рим се врзува и патарството, но и тоа е проблематичен римски пронајдок. Денес археолозите потврдуваат постоење на патна мрежа во Персиското царство, а за организираната македонска империја во периодот на Александар се знае дека имала исклучително ефикасна поштенска мрежа која би била незамислива без добри патишта. Податокот кој говори за Рим како пронаоѓач на патниот сообраќај се темели на книгата на Витрувиј, кој за да ја напише книгата ги гористи текстовите на македонскиот архитект Хермоген, градителот на храмот на Артемида во Магнезија.

3.- Малку е необично за Римјаните да инвестираат во скапи меѓународни патни комуникации, а во Рим да нема ниту една поплочена улица. Да има само две улици по кои можат да се разминат колски запреги.

4.- Рим не знаел за ноќно осветлување. И во времето на најголемата моќ, односно на преминот од старата кон новата ера и 200 год. потоа, ноќната прошетка по градот бил ризик опасен по живот. Со заоѓањето на сонцето Рим беше град без живот. Реторот Либаниј воодушевен зборува за Антиохија (град изграден од Селевк, генерал и другар на Александар Македонски). „Кај нас денот се разликува од ноќтта само по квалитетот на светлината. Трговијата се одвива и ноќе, некои работат со својот занает, а другите се забавуваат и пеат“.

5.- За Рим градот беше неважен. Важен беше воениот логор. Сите планерски искуства кои Рим ги воведе преку заробените македонски интелектуалци се применети во римскиот каструм.

6.-Прифаќајќи го естетскиот принцип на монументалноста, Рим се натпреварувал со македонизмот и во сферата на архитектурата и постигнувал значајни резултати. Колосеумот на Веспазијан, термите на Каракала „се достоен ривал на Александрискиот светилник, или на Џинот од Род. Но додека светилникот е симбол на просветата и сознанието, монументалните објекти на Рим и покрај техничата ефикасност се всушност контејнери за масовно собирање, и брзо исто така расчистување на толпа. Генијална е проникливоста на Луис Мамфорд во оваа смисла. Тој прв открива дека во домовите на богатите Римјани (тоа го има само во римската култура) архитектите проектирале специјална просторија која служела за повраќање. Имено по секое редовно прејадување, римската власт одела да повраќа за да може повторно да се врати во трпезаријата и да продолжи со јадење! Оваа просторија се вика и  ВОМИТОРИУМ. Ова го споменувам, бидејќи со исто име и врз темелите на таа навика, се изработувале проектите и се димензирале излезите за брза евакуација од Колосеумот и сличните простории за масовно собирање.

7.- До воениот судир со Македонија, Рим не знае за јавни бањи.

8.-Ако треба да се оддаде признание за архитектонски придонес на Рим, во историска смисла, тогаш без сомнение тоа е арената за гладијаторски борби. Веспазијан кој го изградил Колосеумот, создаде архитектонски симбол на Рим и римскиот светоглед. Гладијаторските игри траеле толку колку што траела римската Империја: императорот Хонориј ги укинал 404 година. Потоа Аларих го опустошил градот.

9.- Популарната тема „римски мозаик“, иако с# уште е во употреба, нема сериозна поддршка во фактографијата. Не постои римски мозаик, пред битката кај Пидна, додека македонските мозаици ги откриваме во совршена фаза во 4 век п.н.е во Пела. Најголемиот таканаречен римски мозаик е оној во Помпеја од 1 век на новата ера. И на него е претставен Александар III Македонски во битката против Дариј III.

Судирот меѓу Македонија и Рим, цивилизациски гледано значи трансфер на македонизмот во западна Европа. Преку заробените и свечено претставени македонски интелектуалци (настан прецизно опишан во историјата на Тит Ливиј), Рим ги градеше оние атрибути кои денешната историја ги смета како оригинален римски производ. Со појавата на првата пракса „адаптивни императори“, воведена од Диоклецијан, со Рим владееа благородници родени на нашиот полуостров с# до конечното возобновување на александрискиот урбанизам во обликот на Константинопол, што за многу автори (Констас, Кросланд, Велс) значи, не второ римско царство, туку второ македонско царство, што ако се проследи градителската мисла на илјадагодишното царство, многу е блиска до вистината.

Вангел БОЖИНОВСКИ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.