Среда, 04 Февруари 2015    PDF Печати Е-пошта
Легендата за Дрениче и турските пописни дефтери од XV и XVI век

Во XV-тиот век на падините на планината Стогово, во месноста наречена Дрениче постоела црква, од која неколкупати ја снемувало иконата Св. Спас. Иконата, како што тогаш забележувале селаните, три дена "одлетувала" од Дрениче и паѓала на местото каде што денес се наоѓа селото Гари. Жителите навечер ја враќале во црквата во Дрениче, но утредента забележувале дека иконата не е во црквата. По оваа случка сфатиле дека тоа е аманет од Бога, кој им кажува дека тие треба да се преселат од Дрениче на местото каде што секое утро ја наоѓале иконата "Св. Спас", и на тоа место да подигнат црква. Ова е легендата за мијачко село Гари.

Според оваа легенда, но и од остатоците најдени во месноста Дрениче може да се заклучи дека првичната локација на селото Гари била на исток, недалеку од сегашната, на 5-6 минути одење од Гари. "На тоа место долго време се наоѓале остатоци од куќи и сега се наоѓа едан мала црквичка"; за оваа информација наоѓаме потврда и во еден извештај на егзархискиот учител во село Гари В. Стоилов од 1900 година, испратено до егзархискиот митрополит во Дебар, Козма, кој од разговорот со старите од селото утврдил дека првата населба во Гари се наоѓала во месноста Дрениче (извор: Фонд на Дебарската митрополија, 1900, без дело, К-2, АЕ No 9, Државен архив на Р. Македонија). Исто така оваа предходна информација ја потврдува и бугарскиот учен Арсение Алексиев, во делото "Етнографски белешки за Полјаните, Мијаците и Брсјаците" книга 3, издадена во Софија 1914 година.

gari
панорама, Гари почеток на XX век

Во книгата "Малореканскиот предел" од 1970 година (во еден дел за Гари стр.17), на Д-р. Глигор Тодоровски, се вели: До 1760 година (се мисли на самата околинa на Гари), пределот е пуст и овде во летно време доаѓале сточари од Битолско и Прилепско за ползување на богатите пасишта, а со наближувањето на зимскиот период, пак, се враќале назад. Тоа било прилично тешко, и повремено, некои сточари се населувале, завладувајќи ги пасиштата и шумите.

Меѓутоа ова стојалиште, за населување и почеток на некаков организиран живот во самата близина на селото Гари, само од 1760 година, за мене не е до крај издржана. Можеби е вистина дека во атарот на село Гари доаѓале сточари од Битолско и Прилепско, кои имаат удел во развојот на селото во понатамошните години, но тоа го правеле задно со населението кое што го затекнале во селото. Ова мое стојалиште го темелам на изворите кои доаѓаат од турските пописни дефтери од XV и XVI век, кои неспорно говорат за еден континуитет од 1467 се` до 1790 година, односно скоро 150 години пред гореспоменатат 1760 година. Така во делото издадено од ИНИ (институт за национална историја) во 2001 година (книгата на почитуваниот Д-р Глигор Тодоровски е издадена 1970 година, при што немал можност да се служи со овие нови турски пописни дефтери - обработени веднаш штом анкарскиот архив ги отстапи на ИНИ, при пишување на делот за селото Гари како и за дел од другите села од Мала Река) доаѓаме до нови факти кои заедно со горе споменативе ја збогатуваат и коплетираат сликата за гарското минато. Во книгата "Населби и население во Македонија - XV и XVI век" од Александар Стојановски и Драги Ѓеоргиев, издадена во 2001 година од ИНИ и Државниот архив на Р. Македонија, на страна 53 од книгата ни се дадени изворите за Гари, односно пописните години (пописите) правени од Османлиската Империја за 1467, 1536/39 и 1583 година. На страна 53 од споменатата книга пишува: "ГАРИ, дервен, христијанско село југоисточно од Дебар, во нахијата Река. 1467г. пусто-ненаселено. 1536-39г. имало 62 семејства и 10 неженети. 1583г. 40 семејства и 47 неженети". Овој податок го соборува горе споменатиот податок дека животот во село Гари започнува 1790 година со дослеување на сточари од Битолско и Прилепско. Од цитатот може да се заклучи дека селото Гари, односно месноста викана Дрениче е населено после 1467 година и дека легендата е многу "постара".

Ако се погледнат податоците од пописните дефтери и за другите мијачки села ќе се забележи дека многу од денешните постоечки села во 1467 година се пусти, ненаселени-напуштени. Ова е последица од востанието на Скендер-бег. За време на пописот на пошироката дебарска област, кој бил извршен непосредно по нејзината реокупација од турската војска, во 1467 година, голем број од села од пределските целини (нахии) Горни Дебар и Река останале пусти (28 од вкупно 105 населби - села). Карактеристично е, притоа, што запустените населби обично биле групирани во одделни региони, како што е случајот со населбите од Мала Река. Тоа секако било последица од поразот на востаниците на Скендер-бег, со кои турските пацифактори жестоко се пресметувале. Ова се настани доста оддалечени од времето на првичното навлегување на турската војска во дебарско-реканскиот крај, но добро ги илустрираат последиците за оние делови од овој крај кои енергично одбивале да се покорат.

Покрај дадените пописни информации за селото Гари даден е податокот дека селото е ДЕРВЕН. Во податоците за реканските села ќе го сретнете и називот ДЕРВЕН (деренџиско село). Називот дервен претставува предосманска институција, служба, која што ја вршеле дрвенџии. Оваа служба ја задржале и турските власти. Службата на дервенџиите се состоела од чување на одделни делови од патишта кои во близина на нивните населби, минувале низ клисури (дервени) и, воопшто, низ тешко проодни и опасни планински места. Дервенџиската служба претежно ја вршеле христијани, макар што многу ретко со оваа служба се занимавале и муслимани. Врз себе ја превземале одговорноста за животот и за имотот на патниците во секторот од патот што им бил определен за чување. Отпрвин тоа задолжение паѓало врз сето машко население од дервенските села, а кон средината на XVI век била извршена реорганизација на службата, со тоа што само дел од жителите на тие села, 30 или 60, а многу ретко 90, па и 120 лица ја вршеле дервенџиската служба. На секој дервенџија му било загарантирано правото од страна на Османлиската држава да носи оружје. Ова право е само еден дел од малкуте примери каде што христијаните во империјата имале право да носат оружје.

Според дадените податоци за селото Гари, користејќи се со еден историски метод, можеме ПРИБЛИЖНО да одредиме колку жители броело селото во дадените пописни години. Треба да се има предвид дека во турските пописни дефтери никогаш не можеме да најдеме вкупна бројка жители, како на едно село така и на некоја поголема турска административна област. Во дефтерите редовно е присутен бројот на семејствата, неженетите и на вдовиците. Но никогаш вкупниот број на лица во едно семјество, на жители на попишаното-попишаните села, а со тоа и на вкупниот број на жители на нахијата, казата и тн. За да може врз основа на ваквите податоци да се добие вкупниот број на лица во едно семјество, што понатаму е основа за пресметување на демографските состојби во едно село, во еден предел и во целата земја, потребно е според вообичаените стандарди во историската наука, бројот на семејствата да се помножи со коефицентот пет (или шест; подолу ќе се обидеме да ја пресметаме вкупната бројка жители на пет малорекански села и притоа бројот на семејствата ќе го множиме со коефицентот пет) и на тоа да се додаде бројот на вдовиците, помножено со коефициентот четири. Имено, се смета дека едно тогашно комплетно смејство, маж, жена и нивните деца, во просек броело пет до шест лица, а вдовичиното (некомплетно) семјство броело еден член помалку (четири до пет лица). Бројот на неженетите не се земал предвид, бидејќи тие веќе еденаш се вклучени во комплетното (Дадената бројка на семјства во овој случај ја множиме со коефицентот 5. Бројот на вдовици го множиме со коефицентот 4. Бројот на неженети не се зема во предвид при изведување на вкупниот-приближен број на население (види погоре): приближната бројка на вкупното население на селото Гари според пописните дефтери е следна:

или некомплетното семејство. Според ова

1536-39г. имало 62 семејства и 10 неженети; 62x5=310;
1583г. 40 семејства и 47 неженети; 40x5=200;

Селото Гари 1536 година броело околу 310 жители, а во 1583 година околу 200 жители.

Од сето ова погоре напишано, уште еднаш, можеме да заклучи дека селото Гари во минатото ја вршело значајната функција - дервенџиство. Селото Гари е едно од постарите села во Мала Река кое постои од 1467 година (може и многу години пред тоа) непрекинато се` до "спорната" 1790 гоина, и потоа.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.