Среда, 04 Февруари 2015    PDF Печати Е-пошта
Тврдината кај село Град

tvrdina-gradiste-selo-grad

Град е село во Пијанец, општина Делчево. Се наоѓа на неколку километри од магистралниот пат Делчево-Берово. Местото на кое се наоѓа селото изобилува со вода, плодна земја и пасишта, кои се и прчина да ова место биде населено уште пред 5.500 години. Во него се вкрстувале главни и споредни патишта. Преду селото поминувал стариот пат, кој од рудоносните ридови на Саса и Калатакај Каменица, водел преку Луковица, Драмче, Црквенец, Ѕвегор, Град и онатаму преку Малешевијата за Солун. Патот поминувал по десната страна на реката Брегалница. Преку Град, кај планината Обел, Поминувал пат кој водел за долината на Струма, а одтаму за Константинопол.

Во селото Град постои археолошко наоѓалиште, кое се нарекува “Градиште”. Со археолошките истражувања во 2001 година, археолозите пронашле фигура од метал на женско божество-мајка со жртвеник, која е датирана од пред 5.500 години. Откопана е енолитска куќа, во состојба каква и што била од пред 5.500 години. Во неа имало огниште со четири керамички садови. На тоа подрачје се откриени и бронзенодобски населби. Сите тие наоди зборуваат дека на тоа место имало живот уште многу одамна.

Со поранешите истражувања, во атарот на селото ео откриена голема тава со грчки монети од градот Хистие (Еубеа) од 4-ти и 3-ти век пред Христос. Тоа иницира дека таму постоела населба и за време на Хелинистичкиот пориод, која продолжува да егзистира и за римско време.

На самиот рид на Градиштето се пронајдени голем број на монети од римскиот период и рановизантиско време. Пронајдени се камени садови и керамика од сите периоди. Откопани се и голем број на питоси.

Со археолошките истражувања во селото од 2001 година Градиштето било датирано како доцноантички град, 1-4 век по Христос. Според археолоштите наоди тоа било добро обезбедена тврдина, со акропола на врвот на ридот и со кула за набљудување на околината и одбрана од напади. До сега во Град не е лоцирана ранохристијанска црква, иако преданието зборува дека во селото имало повеке цркви. Во средниот век имало развиен црковен живот. За тоа сведочат бронзените крстови кои се најдени во Градиштето при ископувањата во 2001 година. Таму се најдени три бронзени крста, од кои кои едниот е датиран 10-12 век, вториот само од средниот век, а третиот од 18 век. Од податоците кои ни се на располагање од времето на владеење на царот Милутин, цар Душан и од еден Турски попис од 1570 година одзнаваме дека станува збор за голема и организирана населба.

Како султанска држава со Хатихумајунот од 1856 година, со кој првпат е прокламирана слобода на вероисповед и рамноправност на сите турски поданици, христијаните од Град, најверојатно предводени од свештениците и занаетчиите, поднеле барање да им одобри изградба и доградба на црквата “Свети Георги” во селото. Ферманот со кој султанот го одобрил барањето на христијаните од Град, беше најден во црквата во селото, а сега се чува во архивот на Македонија. Ферманот го издал султанот Абдул Меџит, кој владеел од 1839 до 1861 година.

Од преродбенскиот период на македонскиот народ, од ова подрачје улогата на преродбеници на месното население ја земале свештениците и црквата.

Денес Град заедно со целиот македонски народ ги дели убавините и маките на Македонија. Сега во него живеат околу 180 фамилии православни македонци и три фамилии од турска националност кои незнаат ниту еден збор турски и не ги познаваат турските обичаи па се претпоставува дека се македонци кои морале да ја прифатат муслиманската вероисповест за време на турското ропство.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.