Среда, 18 Март 2015    PDF Печати Е-пошта
Јаков од Камена Река (Македонија) ги печати првите книги во Венеција

(Поговор за “Часослов”, Венеција”1566 год.)

Chasoslov 031

“По волјата  и со поттик на великиот Бог Господ наш Исус Христос се трудев за ова печатење (јас) недостојниот и најмал меѓу луѓето, наречен Јаков што се трудев од многу време и години за ова дело (за да придонесам) кон светите книги. Излегов од Македонија, татковината моја и влегов во западните земји близу до стариот Рим, во градот Венеција и таму ги најдов старите (печатни) калапи на војводата Божидар (Божидар Вуковиќ од Подгорица, н.б.) кај сина му Виценцо, од многу време неупотребувани, и почнав да ги печатам овие мали книги, часословци… тропари, кондаци, катадневни и псалми вечерни, утрени и часови сите по ред, и свети убрус и пасхалија Кири-лова, и параклис Богопесните Мојсееви, сите овие ги составив за секоја потреба. Заради тоа го молам Бога да ме насрчи на ова дело што почнав да го печатам. Мислам да создадам нови копари во кои заедно со божествените книги за слава на тричле-ниот Бог ќе се пеат бездруго во непрестајни песни во светите цркви.

И јас, Јаков, кој што по род и татковина бев од полите на големата Осоговска Планина, близу до Калесискиот град (денешен Ќустендил, н.б.) од местото викано Камена Река, од племе свеш-теничко особено, од таа земја од стари времиња…

Почнав да ги печатам овие книги во годината 7074 (т.е. 1566 година, н.б.), месец мај, 15-ти ден, а се завршија во месец август, триесетиот ден, во великолепниот град Венеција”.

Љ.Стојановиќ, Стари српски записи и натписи. I, стр. 203-204;

Документи за борбата на македонскиот народ..., док. 88, стр.139-140;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.