|
||||
Пијанец од праисторијата па до денес |
За првпат археолошко-етнолошката збирка е отворена на 19.11.2001 година како тематска изложба- „Пијанец од праисторијата па до денес“. Археолошкиот дел од музејот содржи предмети од неолоитот (5.000 год. п.н.е) па се` до доцниот среден век (14 век од н.е). Вклучува предмети изработени од керамика, камен, метал и стакло. Предметите се од различи типови и се со различна намена. Има предмети за секојдневна употреба (садови, алати и орудија), предмети со религиозно-обредна функција, украсни предмети и педмети за стоковно-парична размена. Вкупниот број на предмети е 158. Предметите во етнолошата збирка потекнуваат од периферијата на Р.Македонија, поточно од Пијанечкиот крај, но одредени предмети потекнуваат и од други делови на Балканот кои се донесени по пат на трговска размена. Вкупен број на предмети 135. Предметите во збирката се набавени по пат на откуп и по пат на размена. Збирката на етнолошки предмети кои биле во секојдневна употреба во домашниот живот. Самата збирка е со мешовит карактер, која во себе содржи предмети изработени од текстил, дрво, метал и керамика. Поголемиот број на предмети се рачно изработени во домашни работилници, што претставува сведоштво на технолошкиот развој и уметничкото творештво на луѓето кои твореле и живееле на овој крај. Одлуката за отворање на локален музеј на град Делчево е донесена на седница на советот на Општина Делчево на ден 08.10.2007 година. После тоа испратено е барање до министерството за култура за основање на музеј. Музејот е регистриран како историски и природно-научен. Во иднина се планира да голем дел од палентолошките истражувања (скелет од жирафа) да станат дел од локалниот музеј. |