|
||||
Официјалниот весник „Свобода“ за македонското читалиште |
(1889 година) „Ни пишуваат од градот дека позавчера некои Македонци се собрале да составуваат некакво си друштво под името „Македонско читалиште”. Ние не знаеме каква е целта на тоа читалиште; ако тоа биде нешто разумно, нема сомнение дека е многу добро. Но поведението на некои од нашите собраќа Македонци не има научено да ги пречекуваме таквите работи со резерва. Не сакаме да ги обвинуваме сите, но благодарејќи на некои од нив, кредитот на Македонците е многу поткопан и многу инаку чесни момчиња се гледаат со криво око. Меѓутоа, колку би било пожелно Македонците што живеат во Кнежевството да не го злоупотребуваат гостопримството. Наместо со интригантство, најразумното и најумесното што можат да го направат засега е да почнат со книжевни трудови да се борат со српските пропаганди во Македонија. Труд благороден и патриотски”. в.”Свобода”, ИВ, 307, 7.Џ.1889, стр. 4; |