|
||||
Белешки за интригите и аспирациите на елинизмот во Македонија (2) |
Пред повеќе од еден век битолски браќа оставиле богатството од 10 илјади златни фунти во Националната банка на Грција, со обврска главнината да остане за банката, но каматата да се користи во Битола за добротворни цели.
Георги Трајчев (1869 - 1945), познат и како Вестителов, во второто поглавје од книгата „Белешки за интригите и аспирациите на елинизмот во Македонија’ објавена во Софија 1904 година, говори за следното: - Инвазијата од страна на Грците (1877 год.) на Отоманската територија; - Грција на Берлинскиот конгрес, Мислење на конгресот; - Конференција во Превеза; - Албанците испраќаат комесари во Европа; - Грците прават молба и избират двајца комесари; - Детали за Јанинскиот грчки комитет во однос на присоединувањето на Епир; - Исправка (на границата) предлагана од Муктар паша и др. За сто ова тој ќе напише: „Во 1877, Русија од оправдани причини и објави војна на Турција. Но Грција, без да има никакви причини ја искористи ситуацијата меѓу двете држави и испрати во Тесалија една армија составена од редовни војници и од волонтери, повикани од секаде. Потоа, започнаа борби на височините на Воло, во Платано, во Литохори, меѓу Платамона и Катерини. Борби се водеа уште и во Сент-Каранта во Албанија... Но, откако народот не востана масовно, и покрај ветувањата на фанариотското православно свештенство и на елинскитe агенти, Су ... трeбаше да ја испразни Тесалија. (Сепак), оваа шепа луѓе имаа еден успeх. Англија посредуваше и ја обврза Грција да ги повлече своитe војници и ветила да издeјствува повеќе при урeдувањето на Руско-турската прашање отколку што би извлекле самата со луди авантури. Побeдени во Тесалија и во Албанија, Грцитe бeа среќни да имаат изговор за да се повлечат од земјите во кои бeа упаднале и да се воздржат од нови упади. Во време на конечното урeдување во Берлин (1878), согласно со своитe ветувања, Англија побара и овозможи на Грција да биде таму прeдставена. Обвинета е Франција дека била донесена иницијатива за такво нeшто. Но, Barthélémy St Hilaire проговорил официјално за тоа комромитирачко тврдење и за тоа ја обвинил Англија. Во Берлин, грчкитe комесари Рангави и Делиани ја побарале Тесалија, Епир и Крит, а го чекаа моментот да побараат уште повеќе. Биконсфилд останал вџашен од една таква монструозна претензија, направена од држава која ништо не спечалила со оружје во раката и која ако се следеше добро, не заслужила дури да биде примена на банкетот на држави. Но орудие на Гамбета, кој бeше наговорен од Грцитe од страна на нeкојси Kòkkino, име непознато на нас, нeкаков крст за почести или нeкаква титула на Атически државјанин, Wadington станал орган на елинскитe претензии. Берлинскиот конгрес од засeданието од 1- ви јули пак ќе забeлeжи: "Конгресот ја поканува Високата Порта да се разбере со Грција за исправка на границитe во Тесалија и во Епир; и е на мнeние дека тоа зацрвстување, може да слeдува по реката Саламбрија (стариот Пенеј) кон Егејското Море, и реката Касамас, од страна на Јонското Море. Конгресот вeрува дека заинтересираните земји ќе успeат да се договорат. Притоа тиe се подготвени (европскитe сили) да го прeдложат своето непосрeдно посрeдништво прeд двeтe страни." И соодветно од 24-тиот член од договорот: "Тиe се разположени да прeдложат свое посрeдништво на двeтe страни, за да се олеснат прeговоритe." Ние застануваме тука во изложеното решение на конгресот, како свршена работа. Испуштаме да ја сместиме на кратко интерпретацијата на грчката влада против тоа рeшение (како незадоволување на големата идеја), одговорот на француската влада преку својот амбасадор во Атина, дека Грција, ако претендира многу ќе загуби сè, малодушност на Грцитe од овој одговор. Такви детали можат да се изложат во една полема книга. И така, кога го разгледуваме решението на конгресот, гледаме три нешта: I. - Една покана за спогодба (Грција и Турција), ІІ. - Едно мислење за простирање на границата и III. - Еден предлог за посредништво, во случај кога заинтересираните страни не би можеле да се спогодат. Тогаш за исправка на границата се одржаа конференции, прво во Прeвеза (февруари и март 1879); послe во Цариград, кон крајот на 1880 и на почетокот на 1881 година. Во Прeвеза, Отоманскиот Комесар бил Гази Муктар паша ( името на грчкиот комесар не е познат). По пристигнувањето на комисаритe, Албанцитe се вознемириле. Во никој случај тиe не сакале да бидат присоединети кон Грција. Исто така, тиe побрзале да изберат и да испратат една делегација прeд Европескитe дворови.... Двајца прeдставници веднаш тргнале за Рим, Париз и Лондон. - Дали тие потоа биле во Берлин и во Виена, не можеме да потврдиме, но тврдат дека е вeројатно. По извeстувањето за нивното заминување, Јанинцитe или подобро партизанитe на соединувањето, излeгле од темнината во кој биле скриени. И тиe исто дале една молба до кралот Георги и ги испратиле Спиро Манарис и Димитри Хасиотис да одат и да го заштитат во Европа правото на гркоманитe. Манарис и Хасиотис, се дезертери, турски поданици, опремени со лажни пасоши. Роден во Загора, од другата страна на Каламас, Хасиотис не е дури по потекло од одбeлeжанитe земји во Берлинскиот конгрес кои како такви би можеле да бидат присоединети на Грција. - Молбата до кралот Георги била напишана зад иконостасот во Јанинскитe цркви. Владиката Софрониос прeдседател на комитетот за присоединувањето на Епир го легализирал подписитe. Но, кога тој послe го видeл својот потврден потпис во Англиската книга, Blue - Bouk, побрзал да протестира прeд валијата и прeд консулитe. Природно е дека валијата и консулитe ги прeдале на своитe влади овa скандалиозно барање. Намeсто ние самитe да искажеме своитe забeлeшки за содржината на тоа молба, ќе оставиме министерот за надворешни работи на Франција да одговори на министeрот на надворешни работи на Грција: "Сите големи сили дадоа на знаење на Атина, потпирајќи се врз самиот текст од актите на конгресот и особено на IX-тиот протокол, дека Европа мислела само да им даде на двeтe земји (Грција и Турција) еден пријателски совeт, без да нанесе поврeда на сувeренитe права на Султанот; и следствено новата гранична линија, совeтувана од конференцијата нeма обврзувачки карактер. " Но да се навратам на Јанинскиот комитет и врз неговитe дејствија. Агент на овој комитет, Георги Маниакас, ги поминал од едно до друго сите села на Загора (во Јанина. Вилает); и на сeкаде тој се договарал со видните жители, укажувајќи им на времето кога би избувнала војна меѓу Турција и Грција, и за начинот на кој ќе добијат оружјето и барутот испратени од Грција.. Што се однесува за Ламбридис од Скамнели, преоблечен како археолог, задолжен од Комундурос да го третира соединувањето од една страна на Албанија со главнитe бегови и лица на земјата, тој ги поминал сите градови на горна и на срeдна Албанија. Дурацо, Скадар, Призрeн, Ѓаково, Дебар, Корча, Берат, Авлона, Ѓирокастро, Плјата, Маргарита, Превеза... Лесно се договориле за заемно дејствување: Албанцитe ќе ја атакува империјалните армии од една страна, Грцитe - од друга страна. Но, потоа како да раздeлат млинот? Кабинетот на кралот Георги сакал да ја прeмeсти до Дурацо (Драч) границата на хеленското кралство. Албанскитe бегови пак не сакале да жртвуват половината од својата земја со ослободувањето на другата. Усвоена од Комундурос, но отфрлена од кабинетот на кралот Георги, Конвенцијата не продолжила. Г. Ламбридис дал оставка и бил заменет од Д-р Кахиотис... .... Што се однесува до молбата до кралот Георги таа не била разнесувана од куќа во куќа, но потпишана е во црквитe, зад иконостасот. Дали тоа беше за да се скријат подобрe од Турцитe, па за тоа, Комитетот и митрополитот постапиле така? Не, тоа бeше за да се фанатизира повеќе народот, и да го натераат да вeрува дека за да се присоедини Епир кон Грција е света должност за сите... Беспредметно е да додадеме дека со потписи на делегацијата стануваше истото како со молбата. - Верни или лажни, едните и другите таму биле поистоветувани, скриени зад Голема идеја, ги воделе подпишувачите како што го водат коњот за уздата... Како и да е, од гнасните интриги и од поддршката прикажана кон Грците од екс-Италијанецот Гамбета и и од екс-Англичанец Wadington од конференциите во Превеза остана мртва буква. Врз нивните предлози ќе забележам само дека атинските комесари го сакале целиот Епир дури до Каламас, а пак Отоманските комесари прифатиле една исправка на границите само во Тесалија; таква поправка на границата која го оставаше Воло на Турција, а и даваше на Грција само јужната страна во една права линија, која почнува од едно село на југ од Воло и се завршуваше до Заливот на Арта....“ Како подготвувачи на овој прилог од книгата на Трајчев, на кратко ќе се навратиме нзад во текстот каде се говори за собирањето на средства од христијаните. Авторот на „Белешки за интригите и аспирациите на елинизмот во Македонија’ на почетокот на 20 век ќе напише: „- Безполeзно е тука да бројат патувањата во странство, вeсницитe чии продажни пера ги откупија и брошуритe печатени кои го имаа прeдвид соединувањето на Епир со Грција. За сето ова се грижеше посочениот комитет, со собраната помош и со фондовитe на Јанинското Средно училиште. Таа гимназија имала големи приходи. Од тогаш таа е оптоварени со големи долгови. И наместо да ги даваат на сиромасите месечните надоместоци кои им ги давале порано, почнале да ги одржуваат како семејствата на настраданите владини заговорници, така и самите заговорници. Но, за да си имаат читателите целосна претстава за Јанинското Средно училиште, за неговите приходи, го изнесуваме следното: Таа гимназија, во Епир била една од најдобрите грчки образовни институции во Европа: Според податоците кои ги извлековме од г. Аравантинос, историчар од Јанина, таа гимназија поседувала капитал од 1,107,610 рубљи во Московската банка, потоа 143,800 форинти во Виенската и 515,000 драхми во Атинската банка. Од каде доаѓал капиталот доверен на Московската, Виенската и Атинската банка? Од изворот од каде доаѓал некогаш капиталот доверен во Венецијанската банка... Сите, без никаков исклучок, биле направени од трговци Власи и Албанци. Но многу повеќе од Власите, меѓу другите од браќата Зосима од Грамос, истата фамилија, која некогаш дала на охридскиот престол и еден патријарх. Всушност, такви големи институции за кои Грците не дале ниту една паричка, за што се употребува денес? Не е ли за да се елинизираат Власите и Албанците... Во трговијата и во јавната администрација, да ли се видело некогаш и некаде во светот една по гнасна дисперзија на суми! - Грците имаат уште бројни училишта и добро се изградени во Битола, каде нема никакви Грци. Како и на други места, така и ваму училиштата се изградени од Власи, имено од браќата Пиника. Младите, додека уште биле абаџии, тие заработувале одвај по еден грош на ден. Потоа тие отишле во Египет, каде се збогатиле и денес изградиле во Битола, едно чудесно училиште, вистинска палата, каде под управувањето на владиката и на грчкиот конзул ги погрчуваат (македонските) и влашките девојки. За колкави средства се работеше читателите може да види во изложената забелешка во која стои: „Во текот на пролeтта, во 1881, еден комитет се формирал во Јанина, со цeл да пристапи Епир кон Грција. Овој Комитет го имал за прeдсeдател митрополитот Софрониј, за секретар аптекарот Зоис, и за главни членови: Стилос, Фидиос, Минискос, Василиадис, Вуладимос синот на Меку, голeм дел од професоритe и медицинското тeло. Така организиран, Комитетот собирал од сeкадe помош и потписи. Помош се давале во пари и во натура. Скржавецот Сакелариу вложил сам 30 турски лири во рацетe на комитетот. И најсиромавиот од христианитe не дал помалку од една бeла меџидија (20 гроша). “ Ако Георги Трајчев говори дека битолските браќа Пиника изградиле едно чудесно училиште, во поново време, од текстот објавен во македонските медиуми, може да се види колкави средства битолските браќа вложиле за образование и за други потреби на своите сограѓани. Во овој текст можеме да го прочитаме следното: „Досега безуспешно, две децении, битолскиот професор Александар Стериовски се обидува на Битола да и го врати големото богатство што пред повеќе од еден век и го оставиле браќата Пиника. Богатството од 10 илјади златни фунти останало во Националната банка на Грција, со обврска главнината да остане за банката, но каматата да се користи во Битола за добротворни цели. Но, јужниот сосед сега не признава дека постои таков тестамент. „Јас 20 години се борам да се обидеме да се добијат тие пари. Знаете што значи сто години, камата на камата. Малку ми е и смешно, веројатно ме третираат како Дох Кихот кој се бори со ветерните мелници. Но, јас парите ги барам за градот. Најдов адвокат битолски кој се виде со адвокат од Солун. Тој бил во Атина во банката, а од таму му рекле дека таков тестамент нема. Јас го имам тестаментот, на грчки јазик е“, вели Стериовски. Пари од донацијата стигнувале се до 1926 година, а потоа испораките запреле. „Причина да прекине таа достава била тоа што Битола тогаш територијално се проширила. Станала област која опфаќала простор од Дебар до Струмица. Нашле рачка Грците дека тестаментот не одговара на фактичката состојбата. Сега треба, не пари да даваат, не за некој град, туку за цела област и ги прекинале доставите“, објаснува професорот. Инаку браќата Јован и Теохар Димитриу, познати како Пиника, биле сиромашни битолчани кои живееле во 19 век. За да го платат патот за печалба од црквата „Св. Димитрија“ во Битола украле сребрен бутир. Ветиле дека ако спечалат пари, стократно тоа ќе го вратат. Заминале во Александрија и станале богати луѓе. Ја помагале Битола, го обновиле покривот во „Свети Димитрија“, го изградиле стариот објект од библиотеката, подготвувале чеиз за сиромашни девојки и друго.“ (преземено - Ж. Здравска за Радио Слободна Европа, 02.08.2012). Од сето ова погоре изложено може да се види дека Грците никогаш не го смениле своето однесување. |