|
||||
Грамота за Манастирот „Св. Спас“ (1 септември 1702 год.) |
ПИСМО ОД АРХИЕПИСКОПОТ ДРИНОПОЛСКИ РАФАИЛ ДО РУСКИОТ ЦАР ПЈОТР АЛЕКСЕЕВИЧ (1689-1725), ШТО СЕ СПОМНУВА ВО ДАРОВНАТА ГРАМОТА ЗА МАНАСТИРОТ “СВ. СПАС” “ ...како богатодарен спасител Христос и според волјата Ваша блага и ние убогите да ја најдеме раката што ќе ни помогне да не трпиме неиздржливи долгови од неверните муслимани и да најдеме потпора за нашата тешка старост што не опфати и да имаме предел што е во милост на Господа Бога. Да биде сочувано твоето силно царство за многу години и да се возвиши над секое дело, да биде спасено и да го порази и покори под твоите нозе секој непријател и враг и победата и поразот да бидат јавни за похвала на благочестивите христијани. Биди поздравен државнотворен Цару.” Вангелија Десподова, Историските врски меѓу Македонија и Русија во текот на XVII и XVIII век, BALCANOSLAVICA, бр.22-24, Прилеп 1995-1997, стр. 142-143; |