Среда, 19 Август 2015    PDF Печати Е-пошта
На Кокино изведен праисторискиот ритуал поврзан со настанокот на светот

kokino-ritual

Со изведба на обредната молитва на актерот Тихомир Стојановски, придружуван од звуци на кавал утрово во 6 часот на Кокино беше реализран обредниот ритуал поврзан со митот за постанокот на светот во рамки на програмата „Бдеење на Кокински мугри“.

Археологот Јовица Станковски информира дека ваков ритуал изведувале праисториските жители на оваа света планина и со него го означувале почетокот на новиот живот кој се раѓа како резултат на спојување на сонцето со земјата.

- Обредниот ритал го изведувал врховен свештеник или племенски поглавар и тој седел на овој импровизиран престол и во моментот кога ја кажувал молитвата, сончевите зраци паѓале точно на него. Во науката овој свет брак меѓу небото и земјата, симболизира плодност и нов почеток. Со импровизација на одредени обредни ритали и откривањето на симболиката на маркерите, на Кокино му даваме една димензија која добива значење меѓу граѓаните во нашата држава, но и пошироко, изјави Станковски.

За актерот Тихомир Стојановски Кокино е едно од големите светски места, кое има посебен вид енергија, која се восприема на поинаков начин за разлика од други места на земјата.

- Ми беше чест да бидам дел од оваа свето, божествено место кое со векови и милениуми било осветлувано во исто време и на исто место. Овде на Кокино се изведува еден друг вид на театар, кој на уметникот му пружа посебно задоволство и восхит, изјави Стојановски по изведбата на прастарискиот ритуал.

Во организација на археолозите од Кумановскиот музеј, беше презентирано печење на теракотна керамика на првобитен начин како што тоа го правеле овдешните жители пред околу 4.000 години. По завршувањето на ритуалот во програмата насловена како „Бдеење на Кокински мугри“ се вклучи и Друштвото на писателите од Куманово кои реализраа митинг на поезијата.

Манифстацијата беше дел од програмата на Кумановско културно лето поддржана од општина Куманово.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.