Среда, 14 Октомври 2015    PDF Печати Е-пошта
Проекција на телевизиски фељтон за животот и делото на Томе Серафимовски

Животниот и творечкиот пат на академик Томе Серафимовски е прикажан во телевизискиот фељтон насловен „Извајан Балкан“ подготвен од Радио-телевизија Србија, реализиран по повод неговиот 80-ти роденден и 60 години творештво, а чија проекција се одржа во Македонската академија на науките и уметностите.

tome-serafimovski

Серафимовски, кој е еден од нашите најголеми и најпознати скулптори, истакна дека е среќен и задоволен што е направен телевизиски фељтон за неговиот живот и дело. - Човекот е моја неисцрпна инспирација ама човекот е почеток и крај, додека жената е само почеток. Јас неможам да го согледам крајот на испирацијата за жената. Таа останува како моја трајна не опсесија, испирација, љубов и желба, рече Серафимовски.

Претседателот на МАНУ, Владо Камбовски во обраќањето пред присутните рече дека скулптурите на Серафимовски се распоредени во широк фронт на сите четири страни на светот како гласници кои ги пренесуваат неговите уметнички визии на јазик разбирлив за сите луѓе со добра мисла. Посочи дека во текот на својот творешки век, Серафимовски создал повеќе од 500 скулптури, од кои околу 250 портрети, повеќе од 170 актови, 100-тина скици, минијатури, идејни решенија од областа на ситната пластика, над 15 анималистички претстави, околу 10 торза и релјефи, а реализирал и 40-тина споменици и спомен-обележја во Македонија, во регионот и во светот.

- Неговите дела се наоѓаат и во повеќе приватни и јавни збирки, во галерии и во музеи ширум светот. Во текот на повеќе од 50 години активно творештво, Томе Серафимовски учествувал на околу 300 групни и колективни изложби, а реализирал над 30 самостојни изложби во земјата и во странство. За своето творештво добитник е на многубројни награди и признанија, рече Камбовски.

Уметничкото творештво на академик Серафимовски, нагласи претседателот на МАНУ, е располано на сите страни на светот, но најмногу е концентрирано на балканскиот простор низ кој тој бродел и броди во својот континуиран творешки стремеж да го претстави него како уникатен културен и духовен образец, низ уметничко доживување и толкување што најлесно може да ги обеснажи неправедно создадените негативни историски стереотипи.

Додаде дека филмуваното претставување на животниот и творечкиот пат на академик Серафимовски, чија проекција се одржа по повод неговиот роденден, е израз на признание за огромниот придонес на неговото творештво кон уметноста и културата во Република Србија, показ на неговата универзална вредност и потврда на традиционалното македонско-српско пријателство и на почитта кон МАНУ.

24 ВЕСТИ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.