Среда, 21 Октомври 2015    PDF Печати Е-пошта
Лековити води во село Ковач

lekovita-voda

Од книгата „Народна митологија на Македонците“ од Танас Вражиновски Скопје – Прилеп 1998 г.

Ние имаме некои води: Петочна вода што викаме, Средочна вода, Торничка вода, Неделска вода. Имаме од тија самовилите што работеле по водјето. Идат луѓево од мака. Некого заболело нога, рака и одат во тије деној се мијат. Пак, оздравуваат луѓето, знајш! Имаме една вода, Средочна ја викаме – Србилица, лево од реката. Имаме една вода десно од реката Бродска, се вика Смрдешец. Така се викат местото Смрдешец. Тука извирет водата и никојпат не се кинет, ни лете ни зиме. Има вода доволно. Друга вода имаме во Бенче – Неделска вода. Таја е напраена чешма. Тука земат луѓе вода и остават пари – за здравје. Тие се води самовилски.

Раскажал Светозар Миленкоски од с. Ковач.

Свети води во село Бенче

На патот тука,  ете ја Светанаделска и Петочна. Тие се самовилски води. Од старо сум ја запаметил Петочната вода. Одат таму се мијат. Кој има вака некоја мака. За таа Света Недела – на патот се раскажува дека беше едно девојче болно и го поносе на лекар, ние кај него работевне. Тој се вика Ставро. Отидовне на работа.

- Али дојдовте, прекинете со работа.

Ама еден од овие другариве што работеше, со трчање отиде угоре и беше го зел со мајка му, да го носит на лекар. Му текнало на газдава:

- Чекај Ружо. Да го измиеме ние на чешмичево.

Како го измиле девојчето, туа се опулило, си оздраве дејчето!

Раскажал Трендафиле Миноски од с. Бенче.

Лековити води во село Лупиште

Овде испод селово имат карпа што извират слаба вода. Ако некој се поболи, налета, во сабота навечер ќе остаит тука кошула да ноќеват и во недела сабајле ќе ја земат, ќе ја облечат и ќе оздравит. Карпата ја викаме Самовилска Карпа. Таа е како пештерче со устинче.

Имаме горе Петочна вода. Во петок на сабајле ќе ојме, ќе се измијаме. После кај црквана има една вода, заградена. Таја вода е удолу и со скала се слага. Таја е Светонеделска. Во недела на сабајле. Многу луѓе видуеле дерман. Веруваат и ден денеска. Идат. Оставаат пари.

Раскажал Стојко Премчески во с. Лупиште.

 Лековита вода во Змеојца кај с. Крапа

Таму во Крапа има лековита вода. Таја во Крапа се прикажует и одат само на Дуовден. Змеојца се вика.

Некоја девојка играла на славата на Дуовден и таја исчезнала. Ветришта завејале од орото ја однесле. Тоа, си поминало една година. После година ја видел некој овчар. Таму во планината има дупка и удолу со скала се слага. Долу – пропаст. Е таја била таму однесена. Од ветрот од змејот. Разбрала мајка и и отишла таму, и и рекла на дејката:

- Да го прашаш од ошто му е смртта?

А во дупката има два извора од кај што пиел тој змеот, ко ќе си дошол изморен, од некаде. Тој и рекол:

- Само од сол можам јас да загинам!

- Тури му – рекла мајка и – во то коблите сол, да загинит! Да се вратиш!

Таја му напрајла така и ко се напил тој, тука се скаменил, ама и невестава и детето.

Сега одат на Дуовден во то дупката и земат вода за лек. А водата стално полна си е, ни прелеват ни се празнит. Од секакви оболени ама само на Дуовден. Идат од којзнае од каде. Му плаќаат на човек да ги однесит таму.

Раскажал Стојко Премчески во с. Лупиште.

Лековита вода во Крапа

Имало некој змеј во Крапа, ама змеот ти бил во дупката, никој не го знајл. Ама тој сакал некоја девојка  во Крапа и пуштил некои облаци, ветрој и во ветројте ја зел од оро и си ја однесол в дупка. Потоа не знаат девојкава каде е? Дупкава таму не ја знаеле. Едно време, некое овчарче ја видело, си седела таја, ја познало.

- Е – рекол – Илинка кај дупкана беше, си седеше, си предеше.

Што ќе прајт мајка и – ќе се прибират кај неа. Ојт таму одоколу вака, а змеот си ошол. Се прибрала.

- А бре, синко ти што така овде?

- Зар не знајш мори мајко, дека од дворот – рече- змејот ме зеде? Овде ме донесе. Овде живеам цела година.

- Ами – рекла мајка и- да го прашаш од што му е лекот нему?

- Мајко ја ќе го праша од ошто му е?

Па превара му напрајла та жената другата вечер.

Дошол тој го прашуват една вечер, друга вечер – нејќи да кажуват. Е после се излагал тој.

- А бре – рекол – Илинке две лајци сол тури ко ќе дојда, то ми је животот мене!

Во коблите, имало кобли – вода да пијат. Сол му турила, ама ко легнал ја проколнал: „Од  Крапа – рече – кој ќе се измијат од оваа вода – никој аир да немат. Од друзи села кој ќе дојт аир да има.“

Сега многу одат таму на Змеојца. Одат да се мијат.

Раскажал Тодор Костадиноски во с. Модришта.

Лековити води близу село Чаништа

Едната вода Света Петка се вика е близу до црквата. Туа под еден камен, има едно црниче, капини и кладенче. Ќе го измијат болниот, ќе го сторат – кому ќе се каже на сон. И кој сака за здравје таму ќе оди да се измије.

Подолу пак,  Цацка се вика во реката, таа пак, за од напрсница – вака за од струпје. И тоа во петок се мијат, сабајле пред сонце.

На лековитите води секогаш пред сонце се оди. Кај да одиш, секогаш пред сонце.

Раскажала Велика Митреска (1934) во с. Чаниште 1995 г.

Самовилска вода

Ете таму згора, Самовилско место се вика, и самовилска вода има. И ако те боле главата ќе идеш на Ѓурѓовден пред с’нце. Неогреано с’нцето и ќе се измиеш од таа водата, ќе пуштиш една пара така.

Раскажала Атанаса Делова (1920) во с. Конопиште.

Изворот и каменот Свети Јован кај селото Октиси

Изворо Свети Јован е многу голем, ептем голем. Одма над селото е. Се вика Свети Јован и тука на Водици го фрламе крсто. Се прај вир и тука се фрла крстот, како на сите други места кај шо е по селава и градојве.

На тој извор одат жени шо не можат да родат, на такви шо му умират. Ако му умри првото дете и на тој камен таму – Свети Јован одат. На каменот одат и п’лнат на изворо вода, и таму на каменот што праит како праит не знам.

Велат, чукале таму на каменот и после ќе идет вака ќе гледаме, муслиманките појќе тије рабоќе ги прајет, и ќе видиш со ѓумче вода идет од на изворот и после си сјодвет.

Раскажала Ристана Будлеска (1912) во с. Окиси 1995 г.

 (Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.