Среда, 21 Октомври 2015    PDF Печати Е-пошта
Монографија за иселеничката Дана Скендова - Скотланд од Торонто

Денови од печат излезе двојазичната монографија “Сеќавања”  од авторот Дана Скендова-Скотланд од Торонто која е издание на издавачката куќа “Македонска искра” од Скопје. Таа е историска висина за животната приказна на семејството Скендови која започнала во познатото револуционерно село Неволјани, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Селото во кое се родени или имаат потекло плејада македонски интелектуалци, револуционери, бизнисмени и други личности кои се бореле и ден-денес се борат за афирмација на македонските идеали и кои постигнале видни резултати на повеќе полиња.

dona-skendova

Животот на Дана Скендова-Скотланд, пак, започнал во Битола во 1944 годи- на, во градот на конзулите и градот на културата и образованието, за потоа во 1952 година заедно со родителите да замине во Канада каде што живее и денес. Од родната Македонија таа го понесе единственото чувство дека е Македонка и дека ќе остане тоа каде и да живее, на кој и да е дел на земјата.

Нема поблагородна работа од чувството да се осветли историската вистина за едно семејство, за една Македонка и нејзиното поколение како што е Дана Скендова-Скотланд. Проникнувањето во семејните и индивидуалните хоризонти на семејството Скендови и на Дана ја  откриваат сликата за судбината на Македонците од библлиска Македонија, особено за прогонетите од своите дедовски огништа, од егејскиот дел на Македонија.

Судбината на семејството Скендови била да ја напушти Македонија во немирните времиња исполнети со прогони, неправди, страв и сè она што може да го донесе војната и недемократските системи. Патот ги однел на повеќе балкански простори, за на крајот да се преселат и да го почнат својот живот во Канада, каде Дана со своето семејство живее повеќе од педесет   години.

Меѓутоа, иако ова доблесно семејство живее во демократска Канада, нивната втора татковина, тоа остана доследно на својата вековна македонска национална припадност и на своите дедовски корени во Македонија.

Со право може да се каже дека членовите на семејството Скендови се големи приврзаници и почитувачи на нивната втора татковина –демократска Канада и родната Македонија, затоа без сомнение може да се потенцира дека семејството претставува еден вид мост меѓу Македонија и Канада. Сето тоа се потврдува со зборовите на Дана дека треба човек да се бори за својата иднина, да ги чува и негува семејните обичаи, традициите, религијата, мајчиниот јазик, културата и сите други придобивки, со цел да остави  трајни  белези  за  идните генерации, кои треба да ги продолжат древните македонски вредности.

Животната приказна на Дана Скендова-Скотланд, истовремено, е еден вид сторија и историска вистина за Македонија, а преку неа и на македонското иселеништво. Со оваа автобиографија за нејзиниот животен пат, сублимирано се проектира најновата фаза на историјата на една скромна иселеничка која е на распетие меѓу Македонија и Канада. Со тоа значењето на оваа автобиографија ги надминува рамките на обично дело за животот на едно македонско семејство надвор од Македонија. Иселеничката приказна за Дана и за нејзиното семејство Скендови е и иста и единствена и слична и идентична и различна со судбинските патешествија на бројни Македонци кои талкаат по светот.

Инаку, автобиографијата „Сеќавања“ на Дана Скендова-Скотланд,   претставува   огледало  на нејзиниот животен пат, судбина, минато, сегашност, дел од нејзините лични и семејни постигнувања, како и дел од иднината на нејзиното семејство. Затоа може да се каже дека со оваа автобиографија во краткии црти се проектира еден дел од македонската историја. Таа е интересна и претставува вечно дело на едно скромно македонско семејство од Егејска Македонија.

Во оваа книга е даден  дел  од сликата за Дана и нејзиното семејство Скендови, младото поколение, нејзиниот сопруг Блер Скотланд, нивната животна приказна и судбина, нивниот заеднички живот и постигнувања на секој план. Во автобиографското дело, на многу интересен, наративен начин, на англиски и на македонски јазик се презентирани историскиот, животниот, семејниот, иселеничкиот и творечкиот опус, пред сè на Дана Скендова–Скотланд.

Дана, покрај тоа што е вљубеник во Торонто, во канадскиот живот, демократските процеси и слободи, таа е голем роднокраен поборник и вљубеник во македонскиот поетски пишан збор, во македонското духовно живеење и македонската заедница. Истовремено со своето скромно поетско постигнување е позната, докажана и призната во македонската заедница во Торонто, особено преку Литературното друштво „Браќа Миладиновци“,што  е  во  рамките  на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто, 

Во автобиографијата на Дана Скендова-Скотланд се прави обид да се фрли светлина врз нејзиниот животен пат. Трудот е компониран во неколку дела, во кои секој има по повеќе глави, претставувајќи хронолошка и тематска заокружена целина, иако во основа тие меѓусебно се надоврзуваат и се дополнуваат. Во делото се поместени голем број фотографии и други материјали кои треба да придонесат за поцелосно запознавање на нејзината многустрана значајна личност. Дана  прави обид да ги прикаже позначајните моменти од нејзиниот живот и дело на еден наративен начин со обични раскажувачки манири.

Затоа со задоволство на сите читатели ја препорачувам автобиографијата на Дана Скендова-Скотланд, бидејќи книгата не е само откинат дел од вистината за нејзиниот живот и постигнувања, туку таа е и збир на факти, искажувања и придонес на авторката кон пишаниот збор. Притоа, пораката на делото е тоа нека биде поттик на идните генерации, без разлика каде се наоѓаат, да не ги заборават корените на прадедовската земја, да бидат продолжувачи на љубовта кон родниот крај, дедовските корени, јазик, црква, култура, обичај, верувања, со што ќе бидат чувари на македонската вистина на дедовската земја Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.