Среда, 01 Мај 2024    PDF Печати Е-пошта
Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок

veliki-petok

Велики петок – најтежок христијански празник

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија.

Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.

Според преданието, Христос починал на крст во "шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале". Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се` до недела, кога за првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение.

Одлуката за погубувањето на Христос на Велика среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот), а тој бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велики петок. По импровизираното судење, Христос бил изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја, кој го предал на народот, кој пак го осудил на смрт. Откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: „Јас не сум виновен за смртта на овој праведник“.
Разбеснетиот еврејски народ кој го барал христовото распнување и смрт извикувал: „Крвта негова нека падне на нас и на нашите деца“.

Потоа, со венец од трње на главата Христос го носел својот крст до ридот Голгота, каде што е распнат и каде пред да испушти душа побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: „Оче, прости им зашто не знаат што прават“.

Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение. Обичај е на тој ден да се вапсаат велигденски јајца во црвена боја, која со симболичка смисла ја претставува невино пролеаната крв на Христос. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

СТРОГ ПОСТ

Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.