Среда, 02 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
Руската сказна за царот Македон

car-makedon-1

Во древните времиња, најстари од кој може да се види, па дури и позади нив, како што каменот од тие времиња се разрушил, и земјата со могилите (пирамидите?) се распарчи, во тие дамнешни времиња, кога веќе ни Комирите (Кимири, Кимерејците) не биле дојдени, во степите жив бил царот Македон.

И тој имал многу говеда, коњи и овци, и од неговата лева страна на масата седеле две илјади луѓе, па дури ни тоа не е се, бидејќи земјата Македунова (Македонија) се простирала од Донец и Дон до Дњепар, и оние кои живееле на крајот, пет дена морале да јаваат за да стигнат да вечераат со царот, а на другите им биле се на се потребни десет дена.

И царот говорел: ”Кој ќе дојде – нека седне, дајте леб и сол, да не плаќаат со сила. А кој не сака со нас да остане, сите можни патишта му се слободни”! И многу луѓе придошле кај кралот, од денсно на масата седеле како гости. А оние кој седеле на левата страна, сите се нарекувале Македунами (Македонци).

А кога царот седнал на масата, служителите го донеле печеното теле од кого царот со ножот го пресекол најубавото парче. И придошол воин со меч и штит, а друг со рог исполнет со медовина-сурица. Го набодел царот со остриот меч месото, го зел рогот со медовината и го воздигнал кон Дажбога а пак од воинот го зел штитот и го држел над столот и почнал да говори Македон:

“Благословни, Боже! Прими го рогот наш и степската храна, она што го имаме, закрилувај ги луѓето свои со штитот и мачот од сите непријатели! Слава тебе, Свароже ! Слава тебе Перуне ! Слава тебе Дажбоже” !

Со овие слова Македон пивнал од рогот и закусил од месото.

Tројца извикнале “СЛАВА” за Боговите, а потоа три пати го славеле кралот, и тогаш навистина седнаа да јадат и пијат, и така го слушаа музикантот Бојан-Спивак.

Кралот му го подал на Бојан сребрениот рог со медовина, а кога се напил и го прославил царот, Македон го замолил Бојан рогот да го задржи како спомен и да пееат во мислите за старовината. И Бојан почнал вака:

Слава Боже на нашето небо, Слава ! И за царот Македон – Слава ! И за Родот-Племенски, што Макодунами се прозиваат – Слава им!

Било некое време, кога Расите се нарекувале Сурици. Било времето кога важале правилата на нивниот водач Сварог. И во тоа време земјата ја дргнеше земјотресение и таа замина во водите (веројатно се мисли на катаклизмата и потопот). И царот Сварог ги повел луѓето по бурното море (на југ) и после три дена стигнале до Големата Земја.  И Сварог пред самиот брег со својот трозабец голема риба од брановите извлекол и рекол: Тоа е знак од боговите, што не исчезнале Расите, и Сурија (Сонцето) наша на небото ќе сија, и после тешките времиња во земјата, нов и поубав живот ќе започне!

Така и Русот Јануш започнал рибата да ја готви, а царот Сварог се упатил до Египет.

car-makedon-2

Бојан ја отпеал песната, и му се заблагодарил на својот народ.

И тогаш придојде мудрецот, оној кој знаел за лозата. Подигнал тој две прачки, одмавнал со нив, а потоа се свртел со лицето кон пладнето и заплакал: – Ej, царе Македоне скокни го пладнето. Врагот ги води нашите луѓе во робство-малолетно. Одете, не откажувај се, и да го настигнеш непријателот рано наутро на изгрјот на Сонцето големо!

Скокнал царот Македон:

– Луѓе мој, синови на Сонцето наше, седнете на коњите брзи и јавајте неуморно цела ноќ до пладне !

Одјурил Македон, и така цела ноќ јавале, и рано наутро ги виделе во пустината Грците со заробените луѓе и стадата нивни одземени. Тие одлетаа до кај Грците ги разбиле нив, и Расите ги ослободиле. Се вратил и потоа седнал на царската маса за да се јаде и пие. Придошле напред волиншикиите и силно засфиреле на гајдите, го прославиле царот Македон и неговата храбра војска.

Цело време кај Расите било – и мир, и војна…И секојпат Расите се бореле за нивната слобода, секојпат, љубеле да живеат во мир.

Материалы из наследия Славяно-Арийских народов – Сказание про Макодуна-Царя.

С в а р о́ г ъ

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.