Среда, 16 Јуни 2021    PDF Печати Е-пошта
ПРВА ПРОДАВНИЦА ЗА ЗДРАВА ХРАНА („HEALTHY FOOD BY ZEGIN”) (10)

1fod1

Бесплатен концерт на Здравко Чолиќ, Есма Реџепова-Теодосиевска, заедно со  Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски и други учесници, спонзориран од „Healthy Food by Zegin“, се одржа на 27 август 2015 година, на плоштадот во Берово. Со тоа се означи почетокот на Етно-фестивалот организиран од Општината Берово и „ЗЕГИН“.

 Во тие летни денови сите патишта водеа кон Берово, градот на екологијата, градот на еколошката органска храна. Притоа, „Healthy Food by Zegin“ ја проследи оваа манифестација со вкусната органска, еколошка храна на Берово. Така, Берово стана главна атракција на сите посетители кои сакаат да уживаат во добрата забава и природните убавини коишто ги нуди овој крај.

Гигантот во фармацевтската индустрија во Македонија па и пошироко „ЗЕГИН“, презентираше програма на производство на здрава храна. Станува збор за природна храна од Малешевијата која е најприсутна во овој крај и која е откупувана од граѓаните кои преработуваат различни плодови од природата. Тоа, во исто време претставува и бенефит за самите граѓани но и понуда на најквалитетна здрава храна на домашниот и странските пазари.

Под мотото „Направете хранатa да ви биде лек, а не лекот храна“, групацијата „ЗЕГИН“  првата продавница на производите „Healthy Food“ ја отвори токму во најчистиот и најбогатиот крај со единствен висококвалитетен дар од природата Берово, а производите се достапни и во сите други градови низ државата. Берово со овие можности и случувања кои ги нуди групацијата „Зегин“ направи чекор кон подобрувањето на бизнис климата и стадардот на вредните Малешевци.

Инаку, гигантот „ЗЕГИН“, чиј директор е познатиот бизнисмен Благој Механџиски, кој потекнува и е вљубеник во Малешевијата, поседува и работи со еден синџир на аптеки во Република Македонија, вклучувајќи го и Берово. „ЗЕГИН“  продава, а во исто време се занимава со промет на големо на лекови, медицински помагала и козметика. Меѓутоа, за првата продавница во Берово „Healthy Food by Zegin“, понуди диетални производи, како и додатоци во исхраната, но најмногу макробиотска храна.

1fod12

Кога се пишува за почетоците на макробиотската храна, неодминливо е да се споменат Беровски Брички, каде ќе никне етноселото „ЗЕГИН“, со 27 селски куќи од малешевските населени места. Сите ќе се градат според фотографиите од старите времиња кои се чуваат во Републичкиот завод за градежништво и археологија.

Инаку, старите малешевски куќи биле градени на два ката, а такви ќе бидат и градбите на „ЗЕГИН“. Секоја од куќите ќе има по четири апартмани, или на туристите ќе им се понудат вкупно 110 апартмани. Исто така, „ЗЕГИН"  го зеде под кирија за период од 35 години и Ловечкиот дом, кој е, речиси, составен дел од Бричките.

Беровските Брички е локалитет што доминира над градот. Тоа е место на кое уште во далечната 1929 година граѓаните, младината и учениците од ова мало гратче ги засадиле првите борчиња, денес големи и високи дрва кои го красат просторот. Во 1980 година друштвото „Пријатели на шумите“ од Берово постави уметничко дело, бор изработен во мермер на кој стои записот за историјата на создавањето на ова преубаво место. (слика од записот)

Беровските Брички е првата туристичка населба изградена, воопшто, во источниот дел на Македонија. Шесте бунгалови и малата зграда на влезот од некогашната населба, која порано служеше како пријавница и мала кафетерија, со децении беа место во кое ноќеваа гостите од други градови што го посетуваа Берово. Денес, речиси тие се тотално руинирани, а целиот простор изгледа прилично запустено.

Во 2007 година Бричките ги купи фармацевтската фирма „ЗЕГИН“. Нејзиниот сопственик, Благој Механџиски, потекнува од Русиново, а се школувал и во Берово и многу често доаѓа во родното место. Затоа негова намера е ова место да биде многу поубаво и попривлечно од кога било порано. Укажува дека наскоро на овој простор ќе никне етносело во автентичен малешевски стил.

Според зборовите на Механџиски уште во 2008 година, „ЗЕГИН“  поднел барање за урбанизација на просторот, но дури во 2013 година се создадоа можности за позитивен одговор на нивното барање. Имено, тогаш започна да  се пробива патот до црквата, која е од другата страна на Бричките, со што  се обезбедува квалитетна сообраќајна врска.

1fod13Пазар на природна храна

Реализацијата на оваа преубава идеја ќе чини повеќе од два милиона евра, а „ЗЕГИН“ ќе ги обезбеди парите заедно со холандска компанија. Механџиски е убеден дека во Берово наскоро ќе никне етноселото кое ќе привлече богати гости од развиениот свет.

Според зборовите на Благој Механџиски, Малешевијата не може да живее од викенд-туристи, таму мора да се развива елитен туризам. Европејците денес бараат места кои им нудат мир во еден посебен амбиент. Тоа Малешевијата го овозможува и оттука произлегува неговата решеност да инвестира во овој проект.

Неговата идеја е во етноселото да развива здравствен туризам со прифаќање гости кои се лекуваат во европските ВИП-болници, а кои таму ќе доаѓаат на одмор и рехабилитација. Но, таму ќе доаѓаат и богати луѓе кои сакаат да побегнат од бучните урбани средини и бараат такви мали, мирни места со одлична клима.

Тој вели дека му причинува големо задоволството да прави добронамерни и корисни работи во неговата родна Малешевија. Со гордост појаснува дека со негови лични пари бил направен беровскиот плоштад кој е најубав во источниот дел на Македонија, дека обезбедил странски донации за реконструкција на дел од водоводната мрежа со замена на азбестните цевки, а ја финансирал и изградбата на споменикот на Никола Петров Русински.

Потоа, Благој Механџиски обезбедил 17 милиони евра, дел негови пари, поголем дел донации, но и понатаму останува посветен на идејата да и‘ помага на родната Малешевија. Така и етноселото на Беровските Брички е остварување на една од идеите на бизнисменот Благој Механџиски.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Засрами се Љупчо Палевски – Палчо

Палчо и се‘ е можно. Предавник може да Ви биде само роднина, пријател, соборец, „истомисленик...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.