Среда, 14 Јули 2021    PDF Печати Е-пошта
БОРБАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИЗАНИ ЗА СЛОБОДА НА МАКЕДОНИЈА (11)

1part12

Во Егејска Македонија, откако Германците се сместиле таму, животот за македонскиот народ зел една непријатна нормалност. Грчката полиција, која го поддржувала режимот на Метаксас пред окупациjата, сега соработувала со германската вojcкa и повторно станала активна во Македониjа.

За да им се спротивстават на оваа угнетувачка тактика, старите комити (Илинденската револуционерна гарда) повторно се вооружиле и се вратиле во активна служба. “Сениорите” биле разгневени од грчките угнетувачки закони и повторно биле поттикнати на акциjа од бугарската пропаганда, осудуваjќи ja грчката угнетувачка тактика.

Бугарите биле свесни за неповолните услови кои грчката влада ги создала во Македонија и jа искористиле можноста да ги вознемируваат Грците. Акциите на комитите биле ограничени во наjдобар случаj и биле ограничени на италиjанските зони, бидеjќи Германците не толерирале вооружени акции во нивните зони.

Партизанското движење во Jугославиjа било поорганизирано и попрогресивно отколку она во Грциjа. Предовдени од Тито, комунистичките партизани во Jугославиjа организирале борба за национално ослободување во кoja Македонците, предводени од генерал Темпо, се бореле на рамна нога.

Македонците формирале свои одреди на отпорот дури и пред тие да бидат признати и прифатени од Тито. Антифашистичката борба за национално ослободување во Република Македониjа започнала на 11 октомври 1941 година. Единаесетти октомври е “Втор Илинден” за македонскиот народ. Од 1941 година овој ден се слави како Ден на востанието на македонскиот народ.

Со своите акции, лоjалност и патриотизам, македонскиот народ си го заслужил своето место во светот. Со тегобен живот, решителност и пролевање на својата крв, македонскиот народ ja покажал својата желба за слобода и спремноста сами да владеат со себе. Големите сили вo 1829 година (со Лондонскиот протокол) ги задоволиле Грците со тоа што направиле Грциjа да стане држава.

Слично во 1878 година (со Берлинскиот конгрес) Русиjа ги ослободила Бугарите, правеjќи ja Бугариjа држава. Но, за разлика од Грците и Бугарите, храбриот народ на Вардарска Македониjа морал самиот да војува и да војува за себе, за да го заслужи своето место во светот мeѓy слободните нации.

1part123

Фреска од Борко Лазески

За само една година, вардарските Македонци издржале доволно бугарско предавство за цел живот. Тогаш, во април 1942 година, тие се дигнале и го покажале своето незадоволство. Македонските партизани се кренале на оружjе против бугарската вojcкa, но биле масакрирани во една крвава битка. Тогаш, невооружените Македонци излегле на улиците за да протестираат поради масакрот, но и тие биле измасакрирани.

За да одбегнат прогонство, дел од македонските партизански одреди, кои биле во состав на jугословенските, побегнале во Егеjска Македониjа. Некои навлегле во италиjанските зони во близина на селото Бесфина, а останатите продреле во германските зони во регионот околу селото Света Петка и брзо преминале во илегала.

Силите на Бесфина, пред да имаат некаква можност да стапат во контакт со локалното население, биле откриени од комитите кои брзо стапиле во акциjа. Кога виделе униформирани луѓе на ридовите на Бесфина, старите комити се уплашиле. Мислеjќи дека тоа се инвазиски сили на грчката полициjа (андари), комитите се обратиле до локалниот италиjански гарнизон каде им било дадено оружjе и дозвола да нападнат.

 Кога комититите тргнале во напад, партизаните отстапиле и испратиле претставници да преговараат. Тие оделе од село во село и разговарале со локалните раководни лица. Туѓинците носеле убави униформи и се однесувале сериозно, со шарм и харизма. Зборувале надолго и убаво за ослободувањето, за слободата и предавството на бугарските фашисти.

Кога комитите откриле дека униформираните мажи се Македонци, ги прифатиле со ширум раширени раце, им го дале (предале) оружjето и многу од нив доброволно и се придружиле на нивната кауза. Партизаните од Света Петка, поради германското присуство, морале да деjствуваат во тајност, но и тие успеале да регрутираат доброволци од локалното население.

По навлегувањето на партизаните, македонскиот народ на Егеjска Македониjа дознал за бугарските злосторства и престанал да и веруваат на бугарската пропаганда. Старата илинденска гарда била демобилизирана и заменета со партизанско движење.

Партизанските организатори презеле вонредни мерки да му обjаснат на македонскиот народ дека тие се борат за ослободување и за слобода на македонскиот народ од тираниjата на угнетувачките држави. Македонското инволвирање во оваа војна, а подоцна и во Грчката граѓанска вojнa, не било за “комунистичката идеологиjа”, ниту, пак, за соjузништва или, пак, за обврзувања кон големите сили. Тоа, едноставно, била наредна фаза во долгата борба за “ослободување од угнетување” и за исполнување на желбата за слобода, повторно соединување и самоуправа.

Македонскиот придонес во борбата против фашизмот не само што не е нагласен, туку е и погрешно интерпретиран од историчарите. Уште еднаш ќе нагласиме дека македонскиот народ, во текот на Втората светска вojнa, се придружил кон демократската страна и се борел против фашизмот за ослободување на државите во кои тoj живеел.

Македонскиот народ, како и другите народи на Балканот, се борел да ја ослободи cвojaтa татковина, заслужувајќи си го на тoj начин своето место во светот. Ова не може да се иrнорира и мора да биде признато и забележано во аналите на историjата.

Веста за движењето на македонските партизани во Егеjска Mакедонја се ширела брзо како оган. Луѓето излегувале на улиците и слободно зборувале на cвojoт маjчин македонски jазик, пееле песни и пишувале драми и поезиjа на македонски. Партизаните дури формирале и македонски училишта и ги учеле децата да пеат патриотски песни и поеми, им предавале за македонската историjа, зборуваjќи на локалните македонски дијалекти.

Помладите генерации за првпат виделе зборови напишани на нивниот caкан, свет македонски jазик. Новооткриената слобода донела среќа во животот на угнетениот македонски народ кoj ги пречекал партизаните во нивните села како “нашите момчиња и девоjки”. Новооткриената самодоверба и сила кои Македонците ги искажувале, ги престравиле Грците, особено андардите и нивните соработници. Извесно време, тие веќе не претставувале закана.

1part124

Партизанскиот сломеник во Отешево. Преспа

Германците и Италиjанците не се грижеле, на oвoj или oнoj начин, за македонските работи се’ додека тие не им предизвикувале проблеми. Интересот на Македонците за партизанските активности продожил да се зголемува, така што нови регрути и доброволци и’ се придружиле на каузата.

Биле формирани младински организации (НОМС), со регрутирање млади момчиња и девојки за да бидат очи уши на заедницата и да помогнат во одбраната на селата. Многу млади доброволци на возраст за воена служба, биле регрутирани и обучувани да вршат воени и цивилни должности во новоформираните организации. Организациjата НОФ (Македонски ослободителен фронт) била формирана и регрутирала борци од Костурско, Леринско и Воденско.

НОФ дури и соработувала со грчки организации кои имале слични идеологии. Подоцна, станало збор за повторно обединување на Македониjа, веројатно преку една балканска конфедерациjа. За жал, Британиjа била против идеjата и јa обесхрабрувала Грциjа да учествува во такви работи. Бугариjа, исто така, не можела да се согласи и таа јa повлекла својата поддршка. Како обично, Бугарите сакале да станат владетели на Македониjа, што било неприфатливо за Македонците.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 5 СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Засрами се Љупчо Палевски – Палчо

Палчо и се‘ е можно. Предавник може да Ви биде само роднина, пријател, соборец, „истомисленик...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.