Среда, 21 Јули 2021    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА ПАРТИЗАНИТЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (12)

1kari1

Има една сториjа за петстотини млади македонски цивили кои се собрале во селото Д’мбени, желни да му се придружат на партизанското движење. Зборот за ова се пренел и дошол до грчкото партизанско раководство кое веројатно се преплашило од изгледите за една ваква силна македонска оружена сила. Грците од ништо не се плашеле повеќе, отколку да јa изгубат Македониjа.

Дотогаш Грците веќе си формирале свое партизанско движење (надвор од Македониjа) и почнале да преговараат со Македонците за здружување на силите. Извесно време, претставниците на грчките партизани ги искушувале Македонците да им се придружат. Кога преговорите не успеале да постигнат резултати, Грците се обиделе да им наредат на Македонците да го предадат своето оружjе.

Македонците биле многу свесни за грчкото предавство и одбиле да им се придружат и да го предадат своето оружjе. Наместо тоа, тие ги запечатиле границите од Бигла до Корча, правеjќи ги недостапни за Грците. Во почетокот, Македонците деjствувале сами, но подоцна му се придружиле на крилото на ЕАМ, Грчката народноослободителна војска.

Раководството на македонските вооружени сили во западна Егеjска Македониjа го споделувале воjводата Илиjа Димов, под шифрирано име “Гоче” и воjводата Мито Тупурковски од нашето село Ошчима, под шифрирано име “Титан”. И дваjцата команданти биле сакани од своите луѓе поради нивните борбени способности и почитувани поради нивното раководење.

Накратко, сакаме да напомнеме дека во еден ироничен пресврт на настаните, додека Мито Тупурковски ги вовлекувал Германците во жестоки борби, неговата мајка Султа била несpеќнo убиена од заскитан германски куршум. Било тоа обичен летен ден во 1944 година. Извесно време, локалното население се навикнало на германските патроли кои ги вршеле своите вообичаени обиколки, правеjќи инспекциjа на условите по патиштата и на комуникациските линии помеѓy Желево и Брезница.

1kari12Селото Д’мбени 

Секое утро, многу рано, дваjца германски воjници заминувале пеш од Желево и се упатувале кон Брезница, а дваjца заминувале од Брезница за Желево. Кога патролите ќе се сретнеле, ќе си го сменеле правецот и продолжувале со своите рутински должности во текот на денот.

На тој посебен ден, десет партизани дошле во Ошчима и решиле да нападнат една од патролите и да ги земат воjниците како заложници. Поставиле стапица во еден ров во близина на Терна и чекале. Додека чекале, двајца мажи oд Ошчима, Пасо Боглев и Гиро Kелешов, оделе кон блиската воденица. Пасо го оставил своето магаре да пасе малку погоре од патот и влегол во воденицата.

Кога Германците поминале покраj нив, им го позаjмиле магарето, еден од нив го jавнал и продолжиле по патот. Кога се приближиле до стапицата на партизаните, единствениот вооружен партизан пукал рафално во воздух. За жал, по првиот рафал, пушката му се заглавила. Германците бргу се засолниле во ендекот и почнале да возвраќаат со пукање.

Обесхрабрени од неуспешниот обид, партизаните брзо побегнале во планините. Гласното пукање го алармирал германскиот гарнизон во Желево и брзо било испратено засилување. Пасо и Гиро, исто така, го слушнале пукањето и излегле од воденицата да видат што се случува. Кога здогледале како едно возило со вооружени воjници им се приближува, се преплашиле и во паника побегнале. Пасо трчал долу до реката и се скрил. За жал, Гиро бегал нaкај ридот, ама им бил на видик на германската патрола. Германците, мислејќи дека тој е злочинецот, се дале во потера.

Гиро трчал брзо и Германците не можеле да го фатат, па затоа пред да исчезне во шумата, еден од воjниците испукал рафал кон него. Кој би можел да очекува дека еден заскитан куршум, испукан од тоа пукање, смртно ќе јa рани Султа, мајката на Мито, која мирно седела во дворот, уживаjќи во тој летен ден. Гиро побегнал неповреден, но за жал Султа умрела од здобиената рана, на 20 август 1944 година.

 Во септември 1944 година, германските трупи почнале да се повлекуваат од Балканот. Плашејќи се од репресалии, многу Македонци ги евакуирале своите села и направиле привремени домови на изолирани места во планините. Како што се воспоставило, Германците не биле закана и приближно по еден месец, тие се вратиле во своите домови.

Оние кои живееле во близина на главните патишта се плашеле да се вратат и оделе да живеат кај роднини во осамени, изолирани села и останале таму додека Германците не си заминале. Се случил еден инцидент за кој се знае кога Германците навистина направиле штета. Тоа било во селото Терна каде Германците, кои се враќале, виделе дека нивното “село-домаќин” било испразнето. Затоа се разгневиле и до смрт каменувале дваjца старци.

1kari13Селото Ошчима

За да ги заштитат воjниците од напад надвор, на отворено и ноќе, Германците им обезбедиле сместување во селата, меѓу локалното население. Сeкоја куќа била обележана со маркер и воjниците кои се враќале ги користеле таквите куќи како засолниште. Во Ошчима, како и во другите села, биле испечатени идентификациски броеви на надворешната врата од секоја куќа. Постоjано истите воjници доаѓале во истите куѓи.

Според она што родителите на Ристо Стефов му го имаат кажувано, неколку германски воjници обично преспивале во нивната куќа. Ако некој од Германиците недостасувал, неговиот дедо со мимика би прашал “што се случило” и би покажал со прст кон местото кадо што човекот за последен пат седел. Германците, потоа, повторно со мимика би покажале дека “спие”, што значело дека тој бил убиен или би рекле “мама”, што значело дека отишол дома нa отсуство да си го види семејствотo.

На крај, кога германските и бугарските окупациски сили се пoвлекле oд Jугославиjа, партизаните, кои броеле oколу 800.000, ја имале власта. Немало надворешни инвазиски сили (сојузнички или руски) во Јуrославија, па затоа странското мешање не било проблем. Во тоа време, македонските партизани претставувале голема сила и имале големо влијание во ешалонот на Титовиот режим. Македонскиот народ имал свој удел во ослободителната војна на Jугославиjа, водена против фашистите, и си го заслужил своето место, како еднаков со другите jугословенски народи.

На 2 август 1944 година, Македониjа официjално била прогласена за Република во составот на jугословенската федерациjа. Битолско-леринскиот диjалект бил избран и присвоен како официjален jазик на Република Македониjа со Скопjе како нов главен град.

Штом Германците се повлекле од Грциjа, британската армиjа пристигнала во Атина. Атина била евакуирана на 12 октомври 1944 година, а британските окупациони сили влегле во градот неколку дена подочна. Додека Британците влегувале во Грциjа со само четири илjади трупи, повеќето неспособни за борба, ЕЛАС (грчките партизани), за разлика од нив, имале седумдесет илjади вооружени и спремни за борба.

Дури и Британците признале дека ако грчките партизани сакале, тогаш можеле и да јa зграбат власта. Условите сигурно биле поволни за такво нешто. Прашањето е зошто тие не го сториле тоа и зошто тогаш се водела Граѓанската војна? Официjалната историjа не дава никакви одговори, туку само повеќе прашања.

На Британците им требало неколку месеци да се организираат и до средината на декември 1944 година имале педесет илjади свои воjници и нешто лоjални грчки трупи кои им обезбедувале поддршка. Локалните грчки трупи произлегувале од редовите на Андарите (Национална републиканска грчка лига), истите оние кои се бореле покраj Германците. Тие јa смениле германската униформа со британска и се вратиле на улиците каде повторно ги напаѓале партизаните.

Како што Грциjа почнала да пропаѓа, пред Германиjа да јa нападне во 1941 година, кралот Џорџ II побегнал и формирал влада во егзил во Лондон, која била призната од Соjузниците како официjална влада на Грциjа. Освен тоа, Британците, пред да заминат Германците, формирале еден центар на грчка активност во Каиро, каде грчката војска, морнарица и воено воздухопловство деjствувале под британска команда.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 5 СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Засрами се Љупчо Палевски – Палчо

Палчо и се‘ е можно. Предавник може да Ви биде само роднина, пријател, соборец, „истомисленик...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.