Среда, 01 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
РЕЧНИЦИ ЗА БИОТЕХНИЧКИТЕ НАУКИ И КОМПЈУТЕРСКАТА ТЕРМИНОЛОГИЈА 11)

1dus12      1dus123 

  ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН 

Преведувачката работа во творечките активности на Славе Катин зазема значајно место во неговото творештво. Таа е дел од от ангажман во научно-истражувачката, публицистичката, информативно-пропагандната, кни­жевната и лексикографската сфера. Всушност, неговото прво дело An English–Macedonian Limnological Dictionary“             (Англиско–македонски лимнолошки лексикон),  кој е резултат на долгогодишната преведувачка работа на Славе Николовски-Катин. 

Така, Славе Катин го подготви An English-Macedonian Bio-technical Dictionary – „Англиско-македонски биотехнички речник“, кој е дело на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, а е отпечатен во 1994 година, на192 страници, на англиски и македонски јазик,чиј рецензенти се: Проф. д-р Јонче Шапкарев, д-р Борис Оцевски и д-р Владимир Цветковски..

Во воведот д-р Борис Оцевски, директор на Хидробиолошкиот завод во Охрид вели дека „Англиско-македонскиот био-технички речник“ е резултат на долгогодишната преведувачка работа Славе Катин, реализирана пред се’ во Хидробиолошкиот институт во Охрид. Подготвен е со цел да пополни празнина во областа на биотехничката терминологија и да им помогне на студентите и на научните работници кои користат англиски јазик во оваа област и други природни и биотехнички науки.

Речникот се состои од приближно 7.000 зборови и поими, изрази и термини поврзани со биотехничките науки. Англискиот јазик опфаќа многу голема област и тој е јазик на кој се напишани повеќето стручни и научни книги. Бројни списанија и разни научни и стручни списанија и прегледи од различни науки се напишани на англиски јазик. Затоа, англискиот јазик е еден од најважните јазици во светот. Англискиот е јазик на науката, технологијата, преписката, уметноста и бизнисот ...

Делото „Англиско-македонскиот био-технички речник“ од Славе Николовски-Катин, е скромен придонес во научната работа на Хидробиолошкиот институт. За време на неговата подготовка, авторот ги користел најновите речници, енциклопедии, лексики, речник, научни публикации и друга литература на англиски и на други светски јазици..

Во сите земји во светот се печатат посебни двојазични стручно научни речници и лексикони од многубројни и различни дисциплини. Во нашата земја има голем број вакви помагала од различни области, но сепак недостига еден вид речник кој ќе ја олесни работата, пред се’, во следењето и користењето на компјутерскиот информативен фонд, кој речиси е исклучиво на англиски јазик.

Затоам публикацијата „Водич низ компјутерската терминологија“ чиј автори се Стеван Томовски и  Славе  Николовски-Катин, а е издание на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатен во 2000 година , на 256 страници, на англиски и македонски јазик, чиј рецензенти се  проф д-р Елизабета Лазаревска и проф. д-р. Лилјана Марковска, треба да пополни една празнина во нашиот живот и, со својот скромен, но значаен фонд на зборови на англиски и на македонски јазик, го прави компјутерот достапен за сите слоеви на населението.

Во една ваква верзија на „Водичот низ компјутерската терминологија“ има функција на основно помагало и упатство во разјаснувањето на бројни термини, кои се врзани со компјутерската планетарна шема. Преку својот фонд на зборови на англиски јазик (над три илјади) а преточени преку толковното објаснување на македонски литературен јазик, корисниците имаат во своите раце помагало кое ќе ги воведе во богатата ризница на компјутерската терминологија.

При составувањето на речникот е користена и обемна стручна и научна литература на англиски, германски, руски, српски, бугарски, хрватски и македонски јазик, која придонесе „Водичот низ компјутерската терминологија“ да биде збогатен со бројни изрази, термини, зборови...

Инаку, Компјутерот е машина што може да се програмира за автоматски да извршува аритметички или логички операции. Современите компјутери можат да извршуваат генерички групи на операции познати како програми. Овие програми им овозможуваат на компјутерите да извршуваат широк спектар на задачи. Компјутерски систем е „комплетен“ компјутер кој вклучува хардвер, оперативен систем (главен софтвер) и периферна опрема потребна и употребена за „целосно“ работење.

Широк спектар на индустриски производи и производи за широка потрошувачка користат компјутери како контролни системи. Вклучени се едноставни специјални уреди како микробранови печки и далечински управувачи, како и фабрички уреди како индустриски роботи и компјутерски дизајниран, како и уреди за општа намена, како персонални компјутери и мобилни уреди како паметни телефони. Компјутерите го напојуваат Интернетот, кој поврзува стотици милиони други компјутери и корисници.

Раните компјутери требаше да се користат само за пресметки. Едноставни рачни инструменти им помагале на луѓето да прават пресметки уште од античко време. На почетокот на индустриската револуција, некои механички уреди беа изградени за да се автоматизираат долгите досадни задачи. Пософистицираните електрични машини направија специјализирани аналогни пресметки на почетокот на 20 век. Првите дигитални електронски машини за пресметување беа развиени за време на Втората светска војна.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

На прво место

News image

Поддршка од премиерот на Унгарија, Виктор Орбан за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и државата

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, ...

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.