Среда, 15 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
„РЕЧНИЦИТЕ ВО СЛИКИ“ - ЛЕКСИКОГРАФСКИ ИЗДАНИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ НА СЕДУМ ЈАЗИЦИ (12)

1hor1       1hor12

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН 

„Речникот во слики - ајде да учиме англиски и германски“ и „Речникот во слики - ајде да учиме англиски и француски“,изданија на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатени во 1997 година, на 64 страницим  чии рецензенти се: Патрик Пелегрино, Виолета Ајдинска-Папазовска, Жан Пол Батист и Олга Тројачанец, а автор е Славе Катин се подготвени да пополнат една празнина во нашата средина и со својот скромен, но значаен фонд на зборови на овие јазици, да биде достапен за повеќе слоеви на популацијата.

Почнувајќи од оние во предучилишното, основното, средното и високото образование, па се до категориите граѓани, вработени или пензионирани, на кои ќе им помогне да ја збогатат својата претстава за светот, преку перманентната комуникација со вредностите што до нас допираат преку електронските медиуми, од разни подрачја на нашата планета.

Исто така,  меѓу лексикогравското творештво на Славе Катин се изданија за деца Ајде да учиме македонски, англиски и турски“, со Исние Шабан; „Ајде да учиме македонски, англиски и албански“, со Лирија Реџепи; „Ајде да учиме македонски, англиски и влашки“,со Захарица Порчу и „Ајде да учиме македонски, англиски и ромски“, со Љатив Демир, имаат посебен простор во неговата дејност.

Овие изучување на англискиот, францускиот, германскиот, турскиот, албанскиот, ромскиот и влашкиот јазик, од Славе Катин предизвикаа голем интерес во македон­ската јавност, бидејќи на најмладата популација во земјата и’ понуди помага­ло практично за изучувањето на шест јазици, од кои три европ­ски и три на мал­цинствата во Македонија.

Овој мултилексиколошки проект Славе Катин го реа­ли­зира во соработка со најдобрите познавачи на споменатите јазици, со што е потврдено професионалното ниво на „Речникот во сли­ки“, за кој се заин­тересирани, освен учениците и возрасните кандидати за со­вла­ду­ва­ње на некој од овие јазици. Ова издание е своевиден придонес на Славе Катин за развој и афирмација на меѓунационалните односи во Македо­нија, а особено за поефи­касно зближување и комуникација на нејзини­те граѓани од раз­лич­ни­те етнички заедници, но и за нивните врски во светот.

На крајот на на секој речник се поместени и индекси на зборовите како што следи за секој јазик и то на пример: на македонски – англиски - германски, англиски – македонски - германски и германски - македонски - англиски јазик. Сите тие зборови се дадени според азбучен редослед и по бројот на страниците лесно можат да се пронајдат. Затоа, ќе биде задоволство да се работи со речниците, да се откриваат нови видици кои нашиот живот ќе го прават поубав и посреќен.

„Речниците во слики“ на Славе Николовски - Катин имаат функција на почетен курс за овие светски јазици, зашто преку својот фонд од зборови, сите заин­тересирани на кои ќе им се најдат во рацете, ќе ги воведат во богатата ризница на англофонската и франкофонската култура. Во исто време, ќе ги мотивираат читателите да ги прошират своите хоризонти, знаења и информации за разни појави, состојби и настани што секојдневно се слу­чуваат во светот. Визуелната компонента на реченицата е најдобриот начин за остварување на оваа цел“

Во воведот на „Речникот во слики - ајде да учиме англиски македонски и турски“ чиј автори се Славе Катин и со Исние Шабан се вели дека англискиот го зачува своето место меѓу јазиците што обично се нарекуваат „Јазикот на иднината“ и стана најкористениот јазик во науката, техниката, дипломатијата и деловниот свет. Затоа, тој е јазик што се чита не само во регионите каде е доминантен, туку и во секоја цивилизирана земја.

Во воведот на „Речникот во слики - ајде да учиме англиски македонски и албански“ чиј автори се Славе Катин и Лирија Реџепи се вели дека во ваква популарна визија, Речникот има функција на почетен курс за овие јазици, бидејќи преку овој фонд на зборови, тој ќе ги води сите заинтересирани за богат круг на албански, англиски и македонски јазик. Но, тоа исто така ќе ги мотивира да ги прошират своите знаења и информации за различни феномени, настани и настани што се случуваат секој ден во различни делови на светот.

Исто така и „Речникот во слики - ајде да учиме англиски македонски и влашки“ чиј автори се Славе Катин и Захарица Порчу и „Речникот во слики - ајде да учиме англиски македонски и ромски“ чиј автори се Славе Катин и Љатив Демир се подготвени да пополнат една празнина во средините каде се зборуваат тие јазици и со нивниот  скромен, но значаен фонд на зборови на овие јазици, да биде достапни за повеќе слоеви на популацијата.

Почнувајќи од оние во предучилишното, основното, средното и високото образование, па се до категориите граѓани, вработени или пензионирани, на кои ќе им помогнат да ја збогатат својата претстава за светот, преку перманентната комуникација со вредностите што до нас допираат преку електронските медиуми, од разни подрачја на светот

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

На прво место

News image

Поддршка од премиерот на Унгарија, Виктор Орбан за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и државата

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, ...

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.