Среда, 13 Октомври 2021    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛОТО „ПЕТАР СТАМАТОВ“ Е ЗНАЧАЈНО ИЗДАНИЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ (УКИМ) (1)

1et121

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“

НА УКИМ

Делото „Петар Стаматов“ чиј автори се Славе Николовски-Катин и внукот на Стаматов проф.Методија Трајковски е едно од значајните изданија на Универзитет „Св. Кирил и Методој“ (УКИМ), отпечатено во 2010 година на 192 страници, на македонски и на англиски јазик. Во ова издание се дадени животот и делото на донаторот Петара Стаматов и неговата сопруга Јажа.

Инаку, Универзитет „Св. Кирил и Методој“ е најстар и најголем универзитет на македонски јазик со седиште во Скопје. Формиран е на 24 април 1949 година со три факултети, а денес претставува заедница на 24 факултети, 9 научни институти (5 составни и 4 кои соработуваат со универзитетот) и 6 други институции. За прв ректор е избран Кирил Миљовски, а сегашен ректор е Никола Јанкуловски.

Во врска со мисијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” се вели дека тој е
автономен, научен, високо­образовен универзи­тет, кој обез­­­­бе­­­дува наставна, научна и апликативна дејност во природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки и во уметностите. Универзитет е посветен на негувањето и на интерна­ционалната афирма­ција на традиционалните обележја и вредности на маке­дон­скиот народ (македонскиот јазик, историјата, литера­ту­ра­та и култура­та) и, истовремено, на негувањето на култур­ните вредности на другите етнички заедници во државата.

Универзитетот е отворен за сите студенти врз основа на ед­нак­вост и резултати, без разлика на нивното идео­лошко, политич­ко, етничко, културно и социјално потекло. Затоа, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” е определен за постигнување на европските норми и стандарди во сите области на своето дејству­вање.

1et1212

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје

Во моногравското издание „Петар Стаматов“ од авторите Славе Николовски-Катин и проф.Методија Трајковски е претставен Петар Стаматов, кој е доблесен донатор по потекло од селото Смилево, кој ја напуштил својата родна земја – Македонија од економски причини.  Преку неговата судбина се открива сликата за библиската природа на земјата на нивното потекло сместена на балканските простори, како и судбината и вистина на македонските иселеници во Соединетите Американски држави.

Треба да се нагласи дека селото Смилево е родното место на Петар Стаматов. Тоа за донаторот било и сон и јаве и желба и замаглена слика, и љубов и тага, и минато и вечност. Затоа Смилево му било често во мислите и многупати го сонувал, но во исто време и се интересирал и читал за родното место.

Битола, пак, е градот каде што семејството Стаматов се доселило веднаш по Илинденското востание и пуштило длабоки корени. Петар Стаматов како дете раснел во Битола, па затоа Смилево и Битола ги сметал како родни мести. Битола му останала во спомените и затоа често велел дека тој е смилевски битолчанец.

Со право се вели дека дел од вистината за Македонците во САД е и животната сторија на иселеникот од Смилево Петар Стаматов. Негвиот живот и дело се, истовремено, и скромен дел од историјата на неговото родно Смилево, на Македонците во дијаспората, а преку нив и на нивната татковина – Македонија. Тој ја основа Фондацијата “Петара Стаматоф” во 1988 година, по примерот на Фондацијата “Атанас Близнакоф”, која е формирана во 1977 година.

Петар Стаматов, доблесниот донатор, ја напуштил својата родна земја – Македонија од економски причини, а спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не го напуштиле. Проникнувањето на овие хоризонтали во животот на Петар Стаматов и другите донатори, како и сите Македонци ширум дијаспората, ја открива сликата за библиската природа на земјата на нивното потекло сместена на балканските простори.

1et1214

Панорама на родното Смилево

Според историските документи иселениците во САД биле по­врзани преку бројни спомага­телни, односно со­ци­јално-културни, верски, по­ли­­тички, ин­фор­мативни и други ор­га­низации и асоцијации. Меѓутоа, по конституирањето на Република Македонија во 1945 година и по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква рапидно се изменија состојбите на организиран црковно-духовен и национален план

Како и другите етнички групи со доаѓањето во САД и македонските доселеници создале повеќе етнички организации. Тие им давале чувство на сигурност и станале место за етничко организирање на национален план, градејќи кај нив патриотска верба, љубов и надеж кон својата татковина, Македонија.

Пред Втората светска војна асоцијациите на македонските доселеници биле под силно туѓо влијание, особено на бугарската пропаганда. Но без оглед на тоа, тие ја за­држале својата македонска етничка припадност, зошто нивните друш­тва и асоцијации создавале можности за меѓусебни контакти и за побрза интеграција во новото оп­штество.

Меѓутоа, Македонците отсекогаш биле   на удар на разни туѓи верски, национални и политички влијанија, кај кои се нашло погодно тло за таквата дејност. Во тој правец активна била бугарската, грчката и српската пропаганда, кои со успех ги вршеле своите замислени цели. Притоа, во прилог одела и неорганизираноста на македонските доселеници кои, за жал, немале ниту своја држава, ниту, пак, свои македонски православни цркви.

Затоа, во периодот од нивното доаѓање во САД, Канада, Австралија и други земји, до конституирањето на македонската држава, Македонците биле предмет на бугарската, грчката или српската пропаганда. Свои пропаганди и влијанија врз македонските доселеници вршела и Католичката, Англиканската и некои протестантски цркви, затоа одреден број од нив се приклучиле и кон овие цркви.

Она што се случувало од исконските времиња на Филип Втори и Александар Трети - Македонски, или како што е познат Александар Велики, преку незаборавните битки на цар Самуил, до оние на Гоце Делчев, Даме Груев и сите борци по нив, ги отсликуваат историските голготи низ кои минала Македонија, се’ до нејзиното прогласување за самостојна, демократска и независна држава. Затоа, може да се рече, со монографскиот труд за доблесниот иселеник Петар Стаматов, во скромни рамки се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја.

Тој е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Делото што го направиле Петар Стаматов и неговата сопруга Јажа, Американка од полско потекло, претставува убав пример и патоказ на еден честит, мешан  и благороден американски брачен пар, меѓу Македонец и Полјачка.

Инаку, роднините, соселаните и пријателите во Македонија Петар Стаматов го викале Петре, додека неговото презиме Стаматов, со доаѓањето во новата земја, администрацијата во САД го завела како Стаматоф (со две ф), што е случај за сите славјански презимиња што завршуваат на “в”. Затоа и неговата донација при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје е регистрирана како Фондација “Петар Стаматоф” во 1988 година.

Смилево е најубаво, највесело и најпривлечно на Илинден, на тој величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода, на најголемиот празник од сите празници во Македонија. Тоа со гордост го истакнува своето бурно минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Во илинденскиот период таму се случиле бурни и драматични настани, а во текот на фашистичката окупација, Смилево било едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија во Битолскиот крај.

На Илинден во Смилево се игра и се пее, се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат да се сретнат со своите роднини, пријатели, познати... Зашто на Илинден во Смилево се собира голем број смилевчани кои живеат надвор од татковината; иселеници од прекуокеанските земји, од европските земји, смилевчани што живеат низ Македонија, гости и иселеници од другите села, туристи и голем број повратници од Демир Хисарско и Битолско.

По угледот на најголемиот донатор во иселеништвото, Атанас Близнаков, со формирањето на својата Фондација “Петар Стаматоф”  бил убеден дека ќе даде драгоцен прилог и придонес за Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, а во исто време за македонската младина  и народ и за неговата родна земја - Македонија. Тој бил убедуван, по примерот на Атанас Близнаков дека неговото дело, во исто време ќе претставува поттик и инспирација за идните македонски генерации, особено во иселеништвото, а и пошироко во Македонија.

Продолжува


1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.