Среда, 17 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД РАКОМЕТНОТО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ВО БИТОЛА (17)

1velu12

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ

Циле слушал и не му се верувало дека кујни, чаршии, тајфи и моќници кројат вакви драмски заплет. Кога завршил Боге, тогаш почнал Силјан да зборува. Изнервиран од неправдите и атакувањата, тој им рекол дека сето тоа што го зборуваат и нивните предавања за спортот, ако ги слушал од некој друг, ќе се трудел да сфати, ама кога тоа го слушнал од човек кој најмалку личи тоа да го каже, бил многу изненаден.

И тогаш рекол: ,,Е, па, за какви авторитети и добронамерност може да стане збор?” Тогаш, и додал дека тие не се надлежни, ниту можат да си земат такви и толкави ингиренции. Вистинската адреса била Ракометниот сојуз. Тој бил одговорен, возвратил Циле. Тоа биле решенија од статутот на сојузниот орган, а се’ друго, речено народски, било лук и вода. Бркале вештерки, бидејќи знаеле добро оти се’ било покриено со закон, а не со такви игри.

Завршила таа трагикомична седница, но како резултат на таа, почнале да доаѓаат инспекции во Клубот со цел да се проверат сметките. Имало дадено десетина-петнаесет илјади марки, меѓутоа сите трансакции и исплати биле покриени со одлуки на управниот одбор. Затоа се’ било чисто. Во Клубот никогаш немало црни пари, ниту бели фондови, ни тајни сефови, ниту подземје! Се’ било вадено на мегдан. Сите учествувале во донесувањето на решенијата за доброто на спортот и на публиката во Битола, бил категоричен Циле и другарите-активисти.

Мора да се каже дека помошта на Ѓоре била многу голема. Имено, дошле нови играчи, се внел еден победнички дух кај екипата и управата и се ределе успеси кои биле огромен мотивирачки фактор за тие генерации и за водечките луѓе и на ,,Пелистер”, но и во градот. Екипата, со одличните играчи, со компактноста и резултатите, се искачила на второто место, веднаш по ,,Металопластика”. Навистина, клубско вивнување било тоа кон височините на ракометното небо, како што ни кажа Силјан Мицевски.

Стасал ,,Пелистер” и до евро-куповите. Се вброил во елитното друштво на стариот континент. Европските ракометна федерација предвидувала натпревар меѓу најмоќните. ,,Пелистер” стасал да си ги одмери силите во Германија. Голема борба, силно-мотивирачко витештво на паркетот. Немало респект кон противникот, ами се одело само на победа. Не доаѓала во предвид некоја малодушност, напротив. ,,Пелистер” стасал до највисокото трето место во Европа. Успех голем како освоени небесните врвови на Монт Еверес.

Спортска Битола била на нозе. Чудесно. Во аналите на клубската историја со златни бројки и букви е запишано местото број 3. Европската тројка. Што би се рекло со новинарски жаргон - бронзен ракометен европски медал за ,,Пелситер”. Гордост за паметење. Успех за восхит.             

Требало да се продолжат овие ѕвездени патеки. Бидејќи составот бил многу квалитетен, со борбени и надарени момци и со многу амбициоазна управа. Се сеќава натаму Мицевски како функционирале како едно тело. Играчи од разни клубови, од разни ју-простори. Но, ,,Пелистер” бил еден. Кога дошол Пепи Манасков онака слабичок, со виндјакна на него, го прашувале кои му се условите за да потпише за тимот.

Тој бил искрен па рекол дека услови не поставува, туку сака да има пари исхрана и удобен покрив над главата. По разговорите сето тоа било средено. Добил договор плус и пет илјади марки. Студирал на Вишата земјоделска школа и му останале уште два испита, бидејќи заминал за Франција. Пепи Манасков станал големо ракометно име во Македонија и Европа. Битола му била портата од која кинисал на тој успешен поход. Инаку, според зборовите на Циле, играчите на клубот биле наградувани и биле мотивирани, оти со договорите за верност и поттик добивале кој десет, кој повеќе илјади марки, зависно од името и квалитетот. Така и се кренал ,,Пелистер” до најголемите височини. 

Во толкуте натпревари и контакти, усогласувања, разлики, заедничко усогласување со значајни клубови од екс-југословенското поднебје, останало да се раскажуваат доста случки и настани кои од сегашнава дистанца изгледаат поинаку, вели Мицевски. Така, на времето, лично го замолил претседателот на РК ,,Црвена ѕвезда” да му пушти ,,Пелистер” бод-два на наптпревар кој го играле во Велес. По мислење и премислување, некако превагнала наклонетост да им се пушти бод, бидејќи со ,,Црвена ѕвезда” односите им биле доста солидни. Но, тоа не се случило. 

Или при средбата ,,Вардар” - ,,Борец”, кога веќе ,,Вардар” бил влезен во Четвртата зона, а за ,,Борец” пласманот висел на конец. Тогаш му дошле и му понудиле многу пари на Цилета. Но, тој ги одбива. Немало простор за ниту еден збор, а не за договарање и подмитување. Нема пријателство, туку само правда и витештво, игра, бил категоричен Мицевски.

Голема била поддршката на секој план за ракометот, за ,,Пелистер”. Само од фирмата ,,Пелистер” се одвојувале по 900.000 марки годишно и сето тоа се правело за разовј, за поктрепа и за одржување на врвниот спорт во Битола. Целиот град пулсирал на некој начин во ритмот на овој спорт со верната многуилјадна публика.

Силајн Мицевски не ретко ќе каже дека некои луѓе го доживувале како постојан претседател на Клубот. А, претседател бил само четири години. Меѓутоа, продолжил да работи со истата посветеност и голема љубов без разлика на која позиција бил или не. По него, прв човек станал Пецо Пуеро, па следи директорот на шеќераната, итн.

Веќе споменавме за низа настани кои се трајно меморирани и незаборавни на Цилета, а јасно е дека ги има што не им се знае бројот. Премногу. Затоа во толкуте многу години на битки, работа, стратегии, пари, бодови, турнири, првенства, квалификации, имало сî и сешто. Децении се во прашање.

Но, во исто време треба да се нагласи дека во текот на тие спортски години, Силјан минувал и низ морални искушенија. Надминувајќи ги успешно, но со многу прекршувања во себе (кога морал да им се спротивстави на повисоки и помоќни авторитети), тој се калел и прекалувал како чесен и објективен спортист и судија. Затоа, за него спортувањето и судењето се како брусен камен кој го дооформувале, кои го усовршувале Силјана пред се’ како човек, а потоа и како судија и како спортист.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.