Среда, 31 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „ОВА Е МОЈОТ ЖИВОТ“ НА ИВАН ТРПОСКИ

1ivo2

На 25 август, 2022 година во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид пред бројни почитувачи на пишаниот збор, колеги и пријатели на поетот и писател Иван Трпоски кој живее во Сиднеј, Австралија, беше промовирана неговата автобиографска книга „Ова е мојот живот“.  Издавач на монографијата е Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а е издадена по повод 80-от роденден на Трпоски. За времето на Иван Трпоски и неговата животна сага и голгота зборуваше проф. д-р Димитар Пандев.

Монографијата „Ова е мојот живот“ на познатиот и признат македонски иселеник Иван Трпоски од Сиднеј, Австралија е публикација на 520 страници на македонски и на англиски јазик,чиј рецензенти се : Д-р Науме Радичевски и д-р Димитар Пандев. Во делото се дадени текстови кои се значаен прилот и придонес кон осветлување на голем број аспекти од животната, историската, иселеничката и творечката вистина за поетот, писателот, библиотекарот, општественикот и ентузијастот Иван Трпоски.  Во исто време делото претставува интересна  страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис во Сиднеј, Австралија, но и во пошироките  простори   на петтиот  континент.

Иван Трпоски е почитуван и горд Македонец. Тој е познато, доблесно име, активист кои со својот ангажман, со неговата активност во Македонската заедница во Сиднеј, остава достоинствени пораки за времињата идни и за генерациите следни. Тој пленат со неговото родољубие и силната посветеност за афирмација на  македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултикултурна Австралија.

Делото „Ова е мојот живот“ на Иван Трпоски беше промовирано во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид пред бројни почитувачи на пишаниот збор, колеги и пријатели на поетот и писател Трпоски. На промоцијатарецензентот проф. д-р Димитар Пандев, меќу другото истакна:

 „Автобиографии пишуваат личности  со богато животно искуство, исто како што биографии се пишуваат за големи луѓе кои со своите дела и подвизи го означиле времето во кое живеат и активно создаваат, или пак времето поставувало  бележити  знаци  по  нивниот животен пат исполнет преживелици низ кои не само што се калел човекот туку и се калемел, небаре „вејка на ветрот”, со корен во некоја митска земја и со става на распаќа меѓу  една средина и друга.

И сето тоа грижливо, поетски и новинарски, телеграмски и епистоларно, во форма на песна, но и на хроника, во состав на стихозбирка, но и на монографија, збиено во телеграма и раздолжено во писмо запишано своевремено или забележано отпосле, еве, сега одново освежено и споено во оваа автобиографија  индексно насловена „Ова е мојот живот”, блика со животворечка енергија на писателот што повеќе учел од животот, но и од книгата,  отколку од училиштето, па има право да ја наслови својата биографија токму така.

Автобиографијата на Иван Трпоски е историска проекција на едно време во кое се преплетуваат најмалку три генерации поврзани во судбоносни настани преисполнети со подеми и па- дови, со војни во кои не се  знае кога пријателот и непријателот си ги менуваат местата, и мирни времиња во кои околината си ја менува ќудта според моменталната позиција во власта. А, можел Иван, ќе рече читателот, убаво да се снајде и во таа наша тогашна земја во која стигнал дури и да се сретне со нејзиниот политички врв, кодиран со името на вечниот претседател, па дури и часкум да биде и негов составен дел, дополнет со неизбежната низа наре- чена ‒ партија, па макар и во следните нејзини израстоци ‒ младина, акција, но ете, секогаш се наоѓа по некоја сопка, најчесто од блиска нога на близинска кота. Потем што единственото решение се крие во она народното: „Што подалеку, тоа подобро.“

Монографијата „Ова е мојот живот” на Иван Трпоски може да се сфати и како надоврзан диптихон, двотомна целина, во која автобиографското превладува во првиот дел, а биографското во вториот, условно речено, во оној дел што се однесува на австралискиот период од животот на авторот, но токму во тој дел во една целина се испреплетуваат честите навраќања  на авторот во Македонија кој заминал од својата земја како печалбар и емигрант, а се враќа во неа како реномиран писател и политички заинтересирана личност за судбината на својата татковина Република Македонија.

Автобиографијата на Иван Трпоски е преисполнета со ликови и личности, со некои од нив тој се сретнал само еднаш и нико- гаш повеќе, но ги застапил во својот животопис, некои, пак, будно ги следел низ секој нивни исчекор во животот, сплотувајќи се со нив во јазикот како „единствена наша целосна татковина“. Зашто, Македонија е секаде каде што се Македонците, по трагите на автобиографските раскажувања на Иван Трпоски.

И, на крајот, само да додадам, повеќето од ликовите во оваа книга, зашто секој човек што е внесен во литературата автоматски се актуализира во литературен лик, лично сум ги познавал и сум се среќавал со нив низ разни места и мигови. Уверен сум дека и читателите на оваа книга, сегашните и идните, ако не се најдат себеси во неа, со име и презиме, секако ќе најдат свој познат, некого од своја рода и природа. И сите тие имаат свое заслужено место во автобиографијата на Иван Трпоски, „Ова е мојот живот“, рече д-р Пандев.

1ivo23

Присутните го проследија преку видео клип обраќањето на авторот Иван Трпоски, како обраќањата на неговите колеги кои говореа за средбите со него и неговото творештво. Поетесата Лидија Дочовска – Павловска му посвети магистрал на Трпоски а проследени со аплауз беа и обраќањата на поетот Славе Ѓорѓо Димоски, поетот Љупчо Милковски, гостинката од Сиднеј – Австралија писателката Оливера Јовановски и директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ м-р Милчо Јованоски.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.