Среда, 12 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Во Сиднеј: ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИИТЕ „ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН I И II ПРОШИРЕНО ИЗДАНИЕ“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН

1case5

На 7 октомври 2022 година, Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ во просториите на истоимената библиотека во Анклиф-Сиднеј ги промовираше книгите Творештвото на Славе Катин(Првото и Второ проширено издание) од поетот, драматург, публицист, основач и претседател на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј  Душан Ристевски-Македон. Пред голем број присутни Македонци од сите делови на Македонија и гости од австралиското општество, за делата зборуваше почесниот претседател на Македонскиот просветно-училишен одбор на Нов Јужен Велс господинот Тоде  Кабровски

Инаку, публикациите „Творештвото на Славе Катин“ (Првото и Второ проширено издание) од Душан Ристевски-Македон се дела на Книгоиздателството „Македонска искра“ од  Скопје, Република Македонија и на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија, спонзорирани од фондацијата „Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски“ од Прилеп, издадени во 2021 и 2022 година, Овие  се дела за Славе Катин и неговиот повеќегодишен ангажман во проучувањето на македонското иселеништво, кое доведе до публикување на вака бројни трудови од оваа област. Тие покажуваат дека Славе Катин е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора и во Македонија.

Делото „Творештвото на Славе Катин“ (Првото издание) е отпечатена на 400 страници, а „Творештвото на Славе Катин“ (Второ проширено издание) е отпечатено на 510 страници на македонски и на англиски јазик, чиј рецензенти се проф, д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Александар Донски и Славе Катин. Второто дело е посветено на „Наградата за животно достигнување“ (2022), за Славе Катин од организацијата „Обединетата македонска дијаспора“ (ОМД) од Вашингтон, (САД), за постигнувањата на полето на дијаспората. 

Публикациите  „Творештвото на Славе Катин“ се дела на поетот, драматургот и претседател на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ Душан Ристевски-Македон.Тие се значајни и по многу нешта единствени монографии од овој вид кои се посветени на публицистичката дејност на доблесниот Македонец, истакнат и докажан новинар, духовен посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја. Публикациите претставуваат исцрпен осврт за делата на Славе Катин кои се однесуваат на вистината на неговото творештво кое е посветено на македонското иселеништво ширум светот, на црковно-духовниот живот, на потеклото, животниот пат и постигнувањата на голем број познати личности во дијаспората и во Македонија.

Публицистот Славе Николовски-Катин кој е познат само како Славе Катин е книжевник, журналист, публицист и аналитичар на Македонците во светот. Тој е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија. Славе Катин е вљубеник во својата татковина Македонија, во македонскиот народ насекаде по светот, а за тоа секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните македонски генерации.

Неговото име е познато, признато, уважено и респектирано на низа полиња и децениски потврдено во македонските заедници во светот, македонските православни општини, цркви и манастири во светот, македонските друштва, информативните гласила и друг вид асоцијации во дијаспората. Славе Катин е борец за самостојна, независна и културно-духовно обединета етничка Македонија и за обединување на македонскиот народ во иселеништвото, особено во Република Македонија.

1case56

Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои 22 со името Македонија, 18 монографии за познати личности од дијаспората и Македонија, 7 лексикографски изданија, потоа на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири ширум светот, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот, меѓу кои одреден број од текстовите и делата можат да се видат и прочитаат на неговата веб-страница www.slavekatin.com

Меѓутоа, последниве години неговото внимание сѐ повеќе го преокупираат успешните Македонци во дијаспората, чиј број не е мал, а кои му даваат своевиден белег на овој стар иселенички феномен. И не само заради спецификата на миграциските движења во светот, особено во минатиот век, туку поради фактот што Македонците, независно на кои светски меридијани ќе се најдат, посебен белег им даваат на тамошните општества во кои се интегрираат.

Треба да се истакне дека не е лесно и едноставно да се пишува за луѓе кои инспирираат, кои задолжуваат и кои заветуваат, за луѓе кои оставаат неизбришливи траги со животот и со своите дела кај современиците и кај поколенијата што доаѓаат. Таков е случајот со Славе Катин кој е Македонец од Македонија, од печалбарското Љубојно во Преспа, од Охрид, кој како преспански охриѓанец живее во Скопје, а половина век патува за неговото Торонто во Канада и припаѓа на целиот демократски свет. Славе Катин, без сомнение, е еден од успешните Македонци во светот.

Тој длабоко и силно е поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија, со Македонците од сите делови на Македонија кои, не по своја вина ги напуштиле дедовските корени. Тој е Македонец по националност и православен хрис-тијанин по вера. Во исто време тој е еден од најголемите иницијатори и организатори на одбраната на македонското име и вистината за Македонија, тој е бранителот и афирматорот на историјата на етничка Македонија и честа на македонскиот народ во светот од Античка Македонија до денес.

Со монографиите „Творештвото на Славе Катин“ (Прво и Второ проширено издание) се прави обид  да се фрли светлина врз неговиот животен пат и творештво. Трудовите се компонирани во повеќе делови, во кои секој дел има по повеќе посебни текстови, претставувајќи хронолошка и тематска заокружена целина. Публикациите се поделена на седум делови.

Со овие монографски дела, донекаде, се успеа да се оттргнат некои дела на Катин од заборавот и преку неговите публикации да се овековечи дел од животот на македонските иселеници, МПЦ (ОА), Античка Македонија, вистината за македонскиот народ во етничка Македонија.

        Книгите „Творештвото на Славе Катин (Првото и Второ проширено издание) “  што ги подготви Душан Ристевски-Македон претставуваат патоказ  кон обемното и грандиозно творештво на Славе Катин од 60 публикации, преку кои секој заинтересиран читател, денес и во иднина, ќе може да дојде до вредните дела на овој неуморен и исклучително плоден и квалитетен автор и богатите податоци што таму се овековечени за сите времиња за македонското иселеништво ширум светот и за етничка Македонија,.

1case567 Пишува: Тоде Кабровски

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.