Среда, 19 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
НА „22. ПЕЛАГОНИСКИ КУЛТУНО-НАУЧНИ СРЕДБИ“ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН И ВИКТОР БИВЕЛ

1ylat12

На 15.  октомври  2022 година во Општината Новаци се одржаа „22. Пелагониските културно-научни средби“, на кои беше доделена наградата “Повелба за животно дело“ на Славе Катин и наградата “Златен клас за македонски вознес“ на Виктор Бивел од Сиднеј, Австралија

Годинава „Пелагониските културно-научни средби“ се одржа по 22 пат Овие значајни манифестации се формирани во 2000 година во Општина Новаци. Носители на активноста се познати писатели и научни творци кои со својот личен труд дале и даваат особен придонес за опстој на манифестацијата. Овие средби се од големо значење за Општината Новаци, за Битолскиот крај и во целост за зачувување на културно-научното наследство во Македонија. Се одржуваат секоја година, вообичаено во првата половина на месец октомври.Ова година беа под покровителство на градоначалникот на Општина Новаци г-д Стевче Стефановски.

Иницијативата за формирање на манифестацијата „Пелагонски културно-научни средби“ при Општина Новаци, Битолско, потекна од група ентузијасти: писатели, научни работници и културни творци, кои имаат желба да придонесат во афирмацијата на литературните, културните, образовните, историските, фолклорните, археолошките, етнолошките и сите други можни вредности.

Манифестацијата „Пелагониските културно-научни средби“ успешно ја продолжува својата работа благодарение на големиот ентузијазам на голем број творци и поддржувачи што се добива од Општина Новаци. Во овие 22 година опстојување на „Пелагониските културно-научни средби“, меѓу другите, треба да се нагласи  безпрекорнара посветеност на претседателите:  д-р  Цане Здравковски, Благоја Таневски, Ѓорѓи Лазаревски и актуелниот претседател  д-р  Весна Калпаковска.

Иницијативата за „Пелагониските културно-научни средби“  е озваничена на 20 септември 2000 година во Матичната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола, кога официјално се конституира нејзиниот иницијативен одбор и кога е избрано раководното тело на Средбите, Извршниот одбор. Извршниот одбор ја организира Првата пелагонска културно-научна средба, која се одржа на 5 и 6 мај 2001 година во мнастирот „Свети Ѓорѓија“ над живописното село Паралово,

Општина Новаци ја продолжува традицијата долга 22 година како домаќин на „Пелагониските културно-научни средби“. Како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и научни зборници. Градоначалникот на Oпштина Новаци, Стевче Стевановски  како домаќин свечено го отвори овај настан и на присутните им порача дека општината секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува Средбите и во иднина.

Во своето излагање, пак, Претседателот на Средбите д-р Весна Калпаковска, меѓу другпто, истакна дека овие средби имаат традиција во Oпштина Новаци веќе 22 година и оваа традиција ќе се продолжи и понатаму. Особено Средбите се значајни од 3 аспекти и тоа: истражувањата во областа на културата, историјата и книжевното творештво, и презентација на научни трудови.

Потоа, претседателот д-р Весна Калпаковска изврши промоција на Зборникот бр. 17 од 2021 година во кој се застамепи сите научни трудови од предходната година.Една од вестите за „Пелагониските културно-научни средби“ е тоа што од оваа година проработија веб страницата и Феијсбук страницта на средбите, и дека неколку книги од неколку автори се поставени на порталот за слободни книги. Исто така, порталот „Политекон“ од Сиднеј, Австралија најави соработла и со други портали, така да се трасира добар пат за средбите во иднина.

Посебно место за одбележувана е  што „Пелагониските културно-научни средби“ беа збогатени со видео презенација на “Стале Попов – чуварот на македонскиот збор”. Тоа преддизвика голем интерес кај сите учесници, присутни и други вљубеници во македонското раскажување, а во исто време и незадоволство што  државата  малку се грижи за ќуќата во која е роден големи   македонски раскажувач и чувар на македонскиот јазик.

Посебно внимание беше посветена на доделуваљњто на награддите на публицистот, новинарот и афирматорот на македонското иселеништво Славе Катин и публицистот од Сиденеј, Виктор Бивел. Имено, Овогодишен добитник на престижната награда на „Пелагониските културно-научни средби“ “Повелба за животно дело2022“ е г-н Славе Николовски Катин (Славе Катин), а наградата  „Златен клас за македонски вознес - 2022“ му беше доделена на познатиот австралиски Македонец од Сиднеј, Австралија г-н Виктор Бивел.

За делата и постигнувањат, резултатаи на полето на литературата, културата, науката образовните, историјата, иселеништвото, фолклорот и други областо, зборуваше Претседателот на „Пелагониските културно-научни средби“  д-р Весна Калпаковска,,

Исто така, Средбите беа збогатени со промоција на Монографија за познатиот битолќанец Силјан Мицевски, чиј промотори бе академик Владо Камбовски, проф. Д-р Вера Стојчевска – Антич и авторт на монографијата  Славе Катин. Исто така беше Промоција на збирка раскази „Јана“, од Ѓорѓи Лазаревски, чиј промотор беше проф. д-р Златко Жоглев.

По својата содржина и значење, „Пелагониските културно-научни средби“ одамна ги надминале локалните рамки. Овие средби со своите прилози ја збогатуваат и осветлуваат содржината на овој крај како културно-историска ризница. Во содржината на  овие средби се вградиле и се вградуваат многу познати имиња од  Република Македонија што претставува едно големо богатство за културната историја не само на Општина Новаци, но и на цела Република Македонија.

Градењето на мостови на пријателство и соработка е макотрпна, но благородна работа. Мостовите секогаш го поврзувале она што е разделено. Затоа, сите сложно, без разлика на верска, национална или каква и да било друга припадност, на „Пелагонските културно-научни средби“ си подаваат раце едни на други и  градат бескрајни пруги, за да се премостат сите реки и мориња, да се направат мостови, за да врват по нив сите добри луѓе.   

д-р Весна Калпаковска

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.