Среда, 07 Декември 2022    PDF Печати Е-пошта
Во Сиднеј промовирана книгата ОВА Е МОЈОТ ЖИВОТ од ИВАН ТРПОСКИ

1sidnej1 1

Минатиот петок, 2 декември, во просториите на Македонскиот културен центар „Илинден“ при црквата Св Петка во населбата Рогдаел (Сиднеј) се промовира најновото дело „Ова е мојот живот“ на истакнатиот и наградуван поет и писател Иван Трпоски. Промотор на монографијата беше истакнатиот општественик Др Васил Тулевски.

Монографското дело „Ова е мојот живот“ по повод 80-годишниот роденден на Трпоски го издаде Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Рецензент на книгата е Професор д-р Димитар Пандев.

 1sidnej1 3

1sidnej1 2

Др Тулевски со најубави зборови го пофали делото кое го опфаќа животот на поетот Трпоски но и животот на неговото семејство како и животот и активностите на многу македонски општественици, поети и писатели во Австралија и Македонија со кои Трпоски се сретнувал и соработувал. Тој нагласи дека некои од тие спомнати лица се починати но нивните хумани дела се останати и ете Трпоски ги овековечил, присетувајќи се на зборовите на писателот Петре Андреевски: „Животот не смее да биде слава само на живите, зашто и мртвите некогаш биле живи, зашто и живите еднаш ќе бидат мртви и голем грев е нивната врска да се прекине“. Др Тулевски исто така нагласи дека книгата која се состои од 538 страници е богата илустрирана и истата е напишана на чист, јасен и издржан македонски литературен јазик и со богати и убави изворни македонски зборови кои полека изумираат во македонскиот говор, заклучувајќи дека, според зборовите на неговиот татко, „јазикот е моќно оружје во животот на секој човек и колку јазика човек зборува толку луѓе вреди“.

Извадоци од книгата читаа артистите Никола и Валентина Апостоловски од Македонскиот театар од Сиднеј. Исто така авторот Трпоски им се заблагодари на повеќе лица кои го подржаа и му помогнаа да се издаде ова монографско дело, меѓу кои и на својата сопруга Нада, неговите браќа Анѓеле и Трпе, ќерката Билјана, зетот Тони и на неговите внуци Лана, Адријана и Кристијан на кои им ја посвети книгата. Посебна благодарност упати до членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ како и до компанијата Bennino Fine Foods на Крсте Трајчески кој помогна да ја донесе книгата од Македонија и кој се погрижи за богатата закуска.

Инаку Трпоски е роден во патриотското Волино и од 1968 год. живее и твори во Сиднеј, Австралија. Тој е член и долгогодишен библиотекат и архиват во Литературното друштво „Григор Прличев“ од 1979 год., на Училишниот одбор за Нов Јужен Велс од 1980 год., на Друштвото на писателите на Македонија од 1988 год. и на Здружението на новинарите од Македонија од 1995 год.

Со своја поезија настапувал на „Млада Струга“ во 1979 год. и на Струшките вечери на поезија во 1987 и во 1995 год., каде што читал свои стихови на манифестацијата „Мостови“.Со поезија е застапен во зборниците: „Видици“ (Сиднеј, 1984; Скопје, 1988), „Наши патеки“ (Мелбурн, 1986), „Иселенички поетски меридијани“ (Скопје; 1997), „Охридски литературни творци од Прличев до денес“ (Охрид, 1999), „Коти на копнеж и страст“ (Сиднеј, 2003), како и во антологиите на англиски јазик: „Антологија на македонската поезија“ (Сиднеј, 1997), во австралиската антологија „Лигаво огледало“ (Бризбен, 1998), и во антологијата на 21-от Светски поетски конгрес „Отворени граници“ (Сиднеј, 2001) и „Рејунион“ (Сиднеј, 2003). Исто така, застапен е и во Енциклопедиите на Австралија и на Македонија. Автор е на збирките поезија: „Површински корења“ (Сид- неј, 1985), „Големиот брод“ (Скопје, 1988), „Оковано море“ (Сид- неј, 1988), „Преселба на запад“ (Сиднеј, 1990), поемата „Тодорка“ (Скопје, 1995), „Свитило“ (Сиднеј, 1999), „Меѓу две огништа“ (Охрид; 1999), „Немирни ветрови“ (Сиднеј, 2004), „Љубовна има- гинација“ (Сиднеј, 2004), „Зад синиот бран“ (Штип, 2008), „Угреј-сонце во мојот сон“ (Скопје, 2013) и на англиски (Штип, 2013); на патописите: „По патот на сонцето во Македонија“ (Сиднеј, 2000), и „Македонија моја татковина“ (Сиднеј, 2002). Исто така, тој е автор на книгата „Македонски демонстрации во Австралија“ (Струга, 2004), на книгата со биографскиот запис „Спасе Трпоски – живот и дело“ (Струга, 2008) и на книгата „Македонија – не те забораваме“ (Штип – 2016).

Наградуван е на многу конкурси за поезија и за проза, но најзначајни се: „Иселеничка грамота“ – 1995 год., која ја доделуваше Матицата на иселениците од Македонија за најдобар поет од дијаспората, награда за поезија од Интернационалната библиотека во Квинзланд во 1998 год.; наградата „Македонско сонце“ за литература и култура во Сиднеј во 2004 год. и наградата за најдобра поетска збирка песни на поет од дијаспората, која ја додели Советот на  Струшките вечери на поезија во Струга во 2013 год.

За општествена дејност има добиено повеќе награди и при- знанија, меѓу кои се: од Општината Кантебери за почесен граѓанин во 2010 год.; државната награда на Нов Јужен Велс за Сениор на годината во 2011 год.; наградата Медал за заслуги за Македонија од претседателот на Р Македонија, Ѓорѓе Иванов во 2016 год. и државната награда за Општествена доброволна работа во регионот     Св. Ѓорѓи во 2018 год.

1Dusan Душан Ристевски

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.