Среда, 21 Декември 2022    PDF Печати Е-пошта
Дарко Ристоски:Тетовска Менада

1kiru34567

Тетовската Менада претставува бронзена статуетка најдена во Тетово. Датира од VI век пред новата ера. Менадите биле придружнички на богот на виното Дионис и за време на прославите во негова чест ги прелагале своите услуги на присутните. Менадата е пронајдена во гробница во тетовскиот локалитет Ул. Штипска. Статуата е со димензии 9 см долга и 4 см широка, и се наоѓа во Музејот на град Скопје.


Во повеќе наврати сум пишувал за тоа дека локалната самоуправа на Тетово си игра мајтап со цела држава, но очигледно за џабе. Преименува села (Фалиш наместо Фалише), населби, планински врвови и локалитети... Попова Шапка одамна ја викаат и пишуваат како Sunny Walley со превод Сончева Долина (од Сончева Долина, а не од Попова Шапка, што е кривично дело). Шарена џамија упорно ја пишуваат како Пашина, иако нема врска со некој паша, бидејќи градбата е нарачана од две сестри Турчинки (Хуршиде и Менсуре), а не од паша Албанец.


Во брошурата „Тетово - порта на цивилизацијата“, издадена од Општина Тетово во 2009 година, античкиот период се именува како “време на Илирите“.

Тоа фино го надоврзуваат со натпис на нивната веб-страница http://www.tetova.gov.mk/mk/press/573.html каде нашите македонски обичаи ги претставуваат како илирски само затоа што некои албанизирани Македонци и ден денес се свесни за нив, па сега им прават “албанска ренесанса“. И така доаѓаме до најсвежиот пример на нивниот сајт каде во профилот на градот во делот историја има напишано повеќе неточности и намерно заборавени работи. За тетовското Кале намерно се “заборава“ да се напише дека има и црква таму. Повторно имало илирска тврдина кај с. Орашје.

И на крај се разбира, бисерот, http://www.tetova.gov.mk/mk/q/12/2.html: Тетовската менада (илирска играорка). Кога се црташе грбот на општина Тетово, ги прашувам јас Албанците, зарем не беа тие кои за грб го предложија тетовското Теќе (како албански симбол на градот, иако е турски), а Македонците зарем не ја предложија менадата (како симбол на Македонците во Тетово)? Албанците не сакаа ни да слушнат само менадата да биде грб, затоа што тие ќе биле дискриминирани. На грбот денес се и двете, едно врз друго. И сега по десетина години и менадата да ти стана албанска (илирска) преку ноќ. Како може едни исти артефакти кон кои се покажувало невиден анимозитет (менадата ја нарекуваа дури и македонска курва), сега преку ноќ да се прогласуваат за албански?

Менадите се ритуални танчарки и свештенички на богот Дионис. За Дионис, секој малку историски писмен човек знае дека се класифицира како бог со старо македонско-бригиско потекло, кој дури подоцна го слават и Данајците (Хелените). Гробницата во која е најдена Тетовската менада е од племето Агријани (исти со Пајонците), кои како и Бригите се составен дел на македонската етногенеза (сите историски извори го тврдат тоа). Ако некој мисли дека Агријаните се Илири, нека види дека помесниот агријански крал Лангар е најлут воен противник на илирското племе Автаријати и најдоверлив пријател на Александар Македонски (и несуден зет, поради прераната смрт). Еврипид (автор на претставата „Менади/Баханатки“ во неговата Генеалогија 412 п.н.е.), вели дека баханатките (менадите) Македонците ги викале и Клодонки, Мималонки и Макетаи, алудирајќи на тоа дека едно од имињата на Македонија било и Макета.

Во овој контекст треба да се нагласи дека оргијастичките ритуали што ги практикувале менадите се белег за малоазиската и македонската, но не и за хеленската и илирска религиска практика и култови, иако за разлика од хеленската, за илирската култура дури и не се знае скоро ништо. Во американската Grolier енциклопедија за Дионис јасно се кажува дека тој е најпрво славен од Македонците, па од Тесалијците и од Беотијците и дека нема индоевропско потекло. Тука се вели, дека тој е бог на традиционалниот македонски пијалак, виното, со најверојатно бригиско потекло. Најзначаен македонскиот храм на Дионис, Дион, се наоѓа на северната страна од Олимп. Колку подолу на југ некој и да сака да ги спушта Илирите од тоа што биле, до Олимп веројатно не може. Тоа е срцето на Македонија.


Би завршил со тоа дека божествата во антиката се споделувале меѓу повеќе народи. Хелените зеле цел пантеон на божества од Македонците. Македонците ја споделуваат божицата Дијана со малоазиските народи, а божицата Изида ја преземаат од Египет... Но, нема историски пример, каде што една моќна античка култура како македонската, зема божества од една малку значајна култура како таа на Илирите, туку токму спротивното (монетите на Генциј, на пример). Од култура која не дала ниту еден антички филозоф, не продуцирала ниту една пишана книга или драма тешко дека некој околу нив имал што да презема.


Токму затоа, тие што на Балканот навистина се Илири по потекло (Далматинци и делумно Црногорци и Босанци) ретко и ги споменуваат, ама ете некој вешто си ги присвоил и продолжува да присвојува. Згора на тоа, неговото незнаење и јавно на сајтот на Општина Тетово го споделува со нас, велејќи дека статуетката е во Музејот на град Тетово. И за крај, баш ми се допаѓа ставот на таа играорка. Класичен денешен став на жените во денешните македонски ора, за разлика од албанските!

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.