Среда, 01 Март 2023    PDF Печати Е-пошта
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ОД МАРИЈА АЛЕКСАНДРОВА Во Сиднеј

promocija 2

Минатата сабота, 25 февруари во просториите на Скотц клубот во предградието Анклиф во организација на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ се промовира книгата поезија „Гулабица недофатна“ од поетесата и ликовен уметник Марија Александрова. Промотор на книгата беше професорката Катарина Ципушева, предавач во Универзитетот Маквари во Сиднеј. Ципушева изнесе опсежна анализа на песните од дебитантската книга во која се поместени повеќе цртежи и ликовни дела од поетесата Александрова.

Со поезија од книгата покрај авторката Марија настапија артистите Валентина и Никола Апостоловски од Македонскиот театар од Сиднеј, пропратени со инструментална изведба на гитара од познатиот педагог и инструменталист Томе Јованов.

Инаку Марија која е позната не само како поетеса и уметник, таа е познат општественик во Сиднеј, долгогодишен водител во неколку македонски радио програми, а од неодамна ја координира својата радио програма „Добро вечер Македонијо“ на радиото 2BACR. Нејзината поезија повеќе пати била наградувана на конкурсот за Прличева награда, а исто е застапена со поезија во зборникот „Ѕуница“. Книгата „Гулабица недофатна“ беше издадена во 2019 година од Македонското литературно друштво „Григор Прличев“.

promocija 1

Душан Ристевски

 

ГУЛАБИЦА НЕДОФАТНА

Бел гулаб

Со скршени крилја

Бара гулабица

Своја мила

А таа таму негде

На друг

Љубов му свила

Додека гулабови крилја заздрават

Спомените ќе се заборават

Гулаб мисли

И се чуди

Но не може

Да заборави...

Име на своја гулабица.

Живот мина и летна

Не се знае до кога

Гулаб може да чека

Гулабица недофатлива

Лета многу високо

И надалеку

Од далеку, подалеку

Преку океани широки

Поздрав праќа

И лек со него

Да лекува

Гулабови скршени крилја

Гулаб да прелета

Океани доста

Да разлее глас продорен

Да запее песна љубовна

Во оваа земја далечна

Далечна и многу убава.

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.