Среда, 22 Март 2023    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

1luko12345678

 

Најстарото училиштс по Скопје изградсно 1848 годииа, по кое учителствувал Јордан Хаџи Копстандинов-Џинот (18-18-1854)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТАВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН 

За големиот интерес и покажана чест кон светите Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски во Македонија укажуваат и црквите и манастите што го носат нивното име. Уште со развојот на нивниот сеопшт и светителски култ во средниот век, во Македонија се изградувале цркви и манастири во нивна чест.

Седумнаесет верски објекти регистриравме со името на светите Кирил и Методиј, од кои 11 во Републиката и тоа во: Скопје (во населбата „Методи Андонсв-Ченто), Скопје (во населбата Ново Лисиче) во формирање, Прилеп (параклис), Тетово, Струмица, Гевгелија, Ресен, с. Стење (Ресенско), с. Лознани (Битолско), с. Мојанци (Кочанско) и с. Ѓуриште (Свети Николско), манастир, а во дијаспората во Сиднеј во (населбата Розбери) - Австралија, Бафало (во државата Њујорк), САД, Пасаик (во државата Њу Џерси), САД, Чикаго, САД, Штутгард и Дортмунд, Германија.

Со името на Свети Климент Охридски се јавуваат 19 верски христијански објекти, од кои 8 во Републиката и тоа: во Охрид (катедралната црква), Скопје (Соборниот храм), Битола, параклис, Кавадарци, Велес (црквичката што е во состав на Повардарската митрополија), во населбата Чашка (Велешко), с. Климештани (Охридско) и во Охрид (старата црква сега позната како Имарет), а во дијаспората во Торонто, (во провинцијата Онтарио) Канада, Лорејн (во државата Охајо), САД, Њујорк (во државата Њујорк), САД, Мелбурн (манастирот во Кинг Леик), Австралија, Канбера, Австралија, Порт Кембла (во државата Нов Јужен Велс), Австралија, Гетеборг, Шведска, Копенхаген, Данска, Берлин, Германија и Париз, Франција.


Најстарото училиштс по Скопје изградсно 1848 годииа, по кое учителствувал Јордан Хаџи Копстандинов-Џинот (18-18-1854)

Со името на Свети Наум Охридски регистриравме верски објекти, во Републиката: с. Љубаништа (месноста Св. Наум на брегот на Охридското Езеро), с. Орман (Охридско), Битола, манастир, Скопје (во населбата Радишани, Попова Шапка (Тетовско), с. Болно (Ресенско) манастир, а во дијаспората; во Аделајд (јужна Австралија), Хамилтон (во провинцијата Онтарио), Канада и во Малме, Шведска.

Меѓу најстарите манастири и цркви што го носат името на светите Климент и Наум Охридски, се нивните истоимени градби подигнати на спротивните страни од Охридското Езеро уште во почетокот на X век, а во 1993 година е подигнат и најновиот манастир „Свети Наум Охридски” на падините на Попова Шапка (Тетовско) и црквата „Свети Наум Охридски” во населбата Радишани, Скопско.

Исто тка во Македонија има и училишта што го носат името на светите Кирил и Методиј и Свети Климент и Наум Охридски. Така, прво училиште на македонски јазик започнало да работи во селото Подвис, Кичевско, на 23 септември 1943 година уште во виорот на војната. Иако наставата траела само 12 дена, отворањето на училиштето јасно зборува за големата верба во победата и македонската самобитност. Училиштето го посетувале дваесетина ученици, а прв учител бил воденичарот Василко Лазаровски-Ристевски.

Од 1944 до денес во РепубЈжка Македонија се регистрирани повеќе основни училишта што го носат името на словенските првоучители и просветители. Тоа се 19 училишта од кои најстарото училиште е во Скопје, потоа во: Битола, Стојаково (Гевгелиско), Кочани, Бучин (Крушевско), Романовце и Орашоец (Кумановско), Канатларци (Прилепско), Злетово, Св. Николе, Кучевиште и Стајковци (Скопско), Луково (Струшко), Дабиња и Иловица (Струмичко), Тетово, Велес, Извор и населбата „Македонка” (Велешко).

Името на свети Климент Охридски го носат десет основни училишта, и тоа во: Битола, Миравци (Гевгелиско), Облешево (Кочанско), Пчиња (Кумановско), и Глоѓи (Тетовско). Името на свети Наум Охридски, пак, го носат две македонски училишта, во Пештани (Охридско) и Булачани (Скопско). Очевидно е дека бројката од 31 училиште, распростанети низ цела Македонија, не е мала.

Сето тоа говори за чувството и љубовта на македонскиот човек, учениците и просветните работници кон словенските првоучители и просветители, светите Кирил и Методиј и светите Климент и Наум Охридски.

Во овие училишта секоја година се одржуваат програми и чествувања по повод патрониот празник. Во нив земаат учество учениците, наставниците, родителите и претставниците на просветниот и образовниот систем во Македонија. Училиштата во Македонија соработуваат меѓусебно, ги следат сопствените и туѓите резултати, а често училишните управи покануваат и еминентни универзитетски професори, кои ги збогатуваат нивните прослави и програми.

Продолжува 

1slavek1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

:

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.