Среда, 19 Јули 2023    PDF Печати Е-пошта
ОСМО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1976 ГОДИНА (25)

1svet3

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТАВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Манифестацијата на македонското културно и духовно создавање „,Денови на македонската култура" и во 1976 година се одржа во Рим и Неапол од 23 до 27 мај. Таа уште еднаш ги отврди можностите за успешно презентирање и афирмирање на македонските културни духовни дострели и во средини каде што на овој план се зацртани богати традиции. Ваквите релации добиваат особено значење во светлината на фактот што манифестацијата во Италија се одржува во чест на рамноапостолот свети Кирил Солунски, чии мошти се наоѓаат во базиликата „Свети Климент Римски".

Се чини посебна чест што во слава на епохалното дело на свети Кирил,што стои во основата на писменоста и културниот развиток на словенските народи, се презентира македонскиот растеж од културата и црквата , кој се посведочено и поевидентно се вклучува во европските културни и духовни текови.

И оваа година како и во седумте минати, во Рим допатува делегација со претставници од државата и од црквата, и тоа: Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква како водач на делегацијата го одреди преосвештениот епископ пелагониски г. Ангелариј, а членови беа прота-саврофор Велко Филиповски, ѓаконот Јован Таковски и г. Јовица Симоновски , додека државната делегација ја предводеше академик Ацо Шопов, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, во која се наоѓаа и членовите д-р Радмила Угринова-Скаловска, професор на скопскиот Филолошки факултет и Михаил Бенде, помошник претседател на Комисијата, како и Ансамблот за игри и песни „Танец".

Во деновите пред молебенот, црковната делегација посети повеќе понтификални просветни институции , меѓу кои: Ориенталниот институт, Институтот „Русикум", Словачкиот институт „Свети Кирил и Методиј" и манастирот „Гротаферата", кој се наоѓа недалеку од Рим. Исто така, делегацијата ја посети Руско-католичката црква „Свети Антониј", каде присуствуваше на светата литургија. Потоа, епископот г. Ангелариј, во сослужение на прота-ставрофор Велко Филиповски, отец Антоние Корен и ѓаконот Јован Таковски отслужи панихида за настраданите во земјотресот што веќе ја беше зафатил Северна Италија. На панихидата одговараше хорот на Ориенталниот институт, а потоа епископот г. Ангелариј одржа пригодна слово, во кое, меѓу другото, рече:

„Веста за катастрофалниот земјотерс што ги снајде североисточните предели од вашата земја длабоко ги трогна сите југословенски народи, а особено нас Македонците кои пред 13 години ја доживеавме истата несреќа, кога катастрофалниот земјотерес го разруши нашиот главен град Скопје и однесе голем број човечки животи. Чувствувам света должност пред Бога, Господарат на живите и мртвите, да принесеме молитва за покој на душите на загинатите од земјотресот, за простување на нивните волни и неволни гревови и за живот вечен во царството небесно. Се молиме и за утеха на членовите на нивните семејства кои ја преживеаја оваа трагедија".

На 24 мај, пак , делегацијата на Македонската православна црква, културната делегација, претставниците на амбасадите, ансамблот „Танец" и бројните поклоници кои пристигнаа од Македонија влегоа во базиликата „Свети Климент Римски". Сите тие се поклонија пред моштите на свети Кирил Солунски што се наоѓаат на престолот во базиликата, а потоа се формира литија до гробот. Хорот на црквата „Света Петка" од Скопје го пречека епископот г. Ангелариј , а потоа со пеење стасаа до гробот, на кој делегацијата на СР Македонија на чело со академикот Ацо Шопов, претставници на амбасадите положија венци со пригодна посвета.

Веднаш потоа, почна молебенот, на кој покрај пелагонискиот епископ г. Ангелариј, служеа прота-ставрофор Велко Филиповски, ѓаконот Јован Таковски, како и членови на делегацијата, а со благослов на епископ г. Ангелариј зедоа учество протојереите ставрофори Трајан Митревски, ректор на Македонската православна богословија во Скопје, Славчо Петров, старешина на црквата „Света Петка" во Скопје и свештеникот Илија Димитриевски, парох од Скопје.

Молебенот се служеше на македонски јазик, а на ектенијата на оваа света молитва одговараше хорот на Ансамблот за народни игри и песни „Танец" од Скопје облечени во народни македонски носии, со кој диригираше г. Ѓоко Димчевски кој годинава допатува ро Рим за да учествува на манифестацијата „Денови на македонската култура".

По молебенот, епископот Ангелариј одржа пригодна слово, во кое, покрај другото, рече: 

... На небескиот небесклон над вечниот град Рим, светлеа безброј ѕвезди. Се радуваме што една од тие е и ѕвездата на нашиот народ и на сите Славени, големиот сесловенски просветител и учител, св. Кирил Солунски.

Во времето на /Х век, словенските народи, кои живееле во незнаење и под сенката на смртта, светите солунски браќа, со светлоста на Христовото евангелие, ги просветиле и ги накалемиле, како диви маслинки, на благородното стебло на христијанството. 

1svet33

Неапол

Во вршењето на оваа божествена мисија извршени се големи дела, но епохално и значајно за нас, како и за сето словенство е создавањето на нашата прва азбука и описменувањето. Јазикот на македонските Славени, од Солун, што светите браќа добро го познавале, го овековечија со словенското писмо, преведувајќи ги потребните книги, за светите богослужби и христијанската просвета што им беше доверена од кнезот Ростислав во Моравија. На тој начин ја поставија цврстата основа за натамошното црковно и културно издигнување на словенските народи.

Христовата наука проповедана на словенски јазик - мајчин јазик, и на моравските Славени падна како здраво семе на плодната земја во широката нива на словенската душа. Нивните сотрудници и ученици, слично на Христовите апостоли, од Моравија, каде ја адвија мисијата Свети Кирил и Методиј во проповедањето на Христа, се растуриле по сите словенски земји и го проповедале и утврдиле започнатото дело на своите учители.

По молебенот и говорот на г. Ангелариј, професорот отец Лацко ги запозна присутните со историјата на базиликата „Свети Климент Римски" и со историјата на критпата во која се наоѓа гробот и светите мошти на свети Кирил Солунски. Потоа, епископот Ангелариј се заблагодари на старешината на црквата и изрази топла благодарност за грижата околу чувањето и одржувањето на гробот на просветителот и учителот свети Кирил.

Во текот на манифестацијата се одржаа бројни средби и разговори со претставници на ватиканските институции. Од приемите треба да се истакне оној кај кардиналот Шепар, со ректорот на Институтот „Џуридичи", г   Кармело Нигро, како и со бискупот Роман Тореља, при што домаќините покажаа големо интересирање за животот и активностите во Македонската православна црква, богословијата, можностите за развој на кадрите и друго.

Државната делегација, пак, покрај другото, беше примена од директорот на Одделот за источно-европски студии при Институтот за ориентални јазици на Универзитетот во Неапол - познатиот италијански лингвист, професор Нула Миниси, кој, меѓу другото, рече: „Сите култури и јазици имаат исто предимство, зашто сите народи и мали и големи имаат исто значење во контекстот на остварените вредности на човековата цивилизација". Овие зборови имаат и практично значење.

Имено, македонскиот јазик е еден од 70-те јазици што се изучуваат на Институтот во Неапол, кој по својата намена и значење е единствен во Италија и е еден од ретките во светот. Лекторатот за македонски јазик е формиран во 1970 година и во неговото досегашно работење триесетина студенти ги завршиле студиите под раководство на лекторот Наум Китановски.

„Деновите на македонската култура" во Италија годинава беа под знакот на презентирање на македонското фолклорно богатство. За тоа се погрижи Ансамблот за народни игри и песни „Танец" од Скопје кој со концертите во преполнетите сали на „Театарот Париоли" во Рим и во театарот „Сан Фердинандно" во Неапол ги освои симпатиите на публиката.

Посебно треба да се одбележи предавањето на сликата „Свети Кирил и Методиј" од Димитар Кондовски на Музејот на современата уметност со религиозна тематика во Ватикан, којашто претставува прво уметничко дело од Македонија што влегува во редот на еден извонредно богат фонд од врвни светски остварувања.

Подвлекувајќи дека делата на многу сликари живо сведочат за култот на Кирил и Методиј и на нивните ученици и дека една таква традиција ги инспирира и современите македонски сликари, Ацо Шопов при предавањето на сликата рече дека меѓу нив посебна заслуга му припаѓа на академскиот сликар Димитар Кондовски, кој во својот богат опус постави еден дефиниран префинет однос кон културното наследство на својот народ.

Понатаму академикот Шопов нагласи дека ова дело носи искрени пораки со кои македонскиот народ го дава својот дар како знак за особена почит кон споменот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, така и во знак на благодарност кон вечниот град Рим во чии пазуви блажена почиваат моштите на свети Кирил Солунски.

Исто така, академикот Ацо Шопов по завршувањето на манифестацијата посебно подвлече дека годинешните успешни настапи го даваат правото за изнаоѓање нови фирми за што поцелосно искористување на реални можности македонското културно наследство и современите културни достигнувања да излегуваат на светската сцена, која се понагласено ја изразува својата заинтересираност за она што се создава во Македонија. 

Cvetan Grozdanov: Les icons et les fresques du fresor de /а Macedoine, Skopje, 1976.

Меѓу светителските ликови неизбежни се старите портрети на словенските просветители.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.