Среда, 21 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
ПОСТИГНУВАЊА НА НАУЧНО ПОЛЕ ВО ХИДРОБИОЛОШКИОТ ЗАВОД (9)

1fon4

„Научникот не се задржува на Езерото само да се восхитува. Зад природните убавини, Езерото се обидува да скрие нешто друго, неговата историја, неговиот живот, сите многу стручни и сложени збиднувања во него од минатото и од сегашноста, кои го прават складно и му даваат убава целина. Тие збиднувања, до чие запознавање се доаѓа со трпеливост и со долготраен напор, се слеваат во чудна и не малку возбудлива приказна, каква ретко кое друго езеро во светот може да раскаже.

А таа приказна е интересна – и тоа многу интересна! – Не само за науката, туку  и за пошироките кругови. Таа ни дава можност подобро да ја сфатиме природата околу себе, денешниот изглед на површината на еден крај од нашата земја и денешната слика на живиот свет кој нè опкружува. Охридското Езеро е едно од најголемите наши природни споменици, сведок на едно древно минато, во исто време и географски феномен од големо значење во нашиот простор, како и природен извор на богатство.“

          За истражување на Охридското Езеро, на неговата околина, како и на Преспанското и на другите езера во Македонија, професорот Станковиќ приклучил голем број истражувачи од земјата и од странство, со што широко ги отворил вратите за меѓународна соработка на полето на науката. Тој, всушност, сè што правел и преземал, особено за Охридското Езеро, настојувал да биде длабоко научно фундирано, респектирајќи го притоа мислењето и искуството на рибарите кои му помагале во решавањето на секакви проблеми што се однесувале на Охридското Езеро.

          Од особен интерес е тоа што професорот Станковиќ бил мошне заинтересиран за рибарско - биолошката проблематика. Бидејќи Охридското Езеро е од салмониден карактер, а неговата пастрмка и белвица имаат различен период на размножување, како и поради социјалните прилики во Охрид и во селата на брегот на Езерото во предвоениот период, тој мошне сериозно размислувал за соодветна рационализација на рибарството.

         Професорот Станковиќ често другарувал со рибарите, се восхитувал на нивните непогрешливи прогнози за времето и на искажувањата за живиот свет на Езерото. Во разговорите со рибарите често ги советувал за доброто и за напредокот на Езерото, за тоа како да се грижат и да го чуваат тоа непроценливо богатство. Постојано одел во Пештани, Трпејца, Радожда и долго разговарал со рибарите – неговите неразделни пријатели. Меѓу големиот број од нив, секако, посебно заслужуваат да се споменат Јон Чаулев, Стеван и Димче Каневче и Стојан Бакал.

          Ги сакал Езерото, градот Охрид и Македонија, а таа љубов му била возвратена со иста мера, особено од Охрид, градот во кој го поминал поголемиот дел од животот. Охриѓани, меѓу другото, го прогласиле за прв почесен граѓанин. За нив тој бил и повеќе од тоа – бил нивен сограѓанин.

          Долгогодишните напори и истрајната работа за проучување на живиот свет на Охридското Езеро и на условите што владеат во него, создадоа мошне добра основа за натамошно истражување на поважните езерски карактеристики.

         1fon44

Добиените резултати од истражувањата професорот ги презентирал целосно во монографијата „Охридското Езеро и неговиот жив свет“, што најнапред излегла на српско - хрватски јазик во 1947 година, а во 1959 година – и на македонски јазик, во издание на „Култура“ од Скопје. Овој научен труд претставува значајна публикација што им е достапна не само на стручњаците, туку и на најшироката читателска публика.

          Во 1960 година излезе од печат капиталното дело на професорот Станковиќ „Балканското Охридско Езеро и неговиот жив свет“ на англиски јазик, во издание на В. Јанак од Хаг.

         Тоа е врвно достигнување на неговите истражувања, кои во текот на повеќе децении ги вршел самостојно или со своите соработници. Монографијата е високо оценета од научните кругови во светот и претставува можност за што подетално запознавање на научните достигнувања. Така, тој трајно се врзал за Охридското Езеро. И на оние кои во иднина ќе го проучуваат или ќе пишуваат за Езерото, за неговите убавини, како авторот на овој фељтон, таа ќе биде од огромно значење и ќе послужи како голем патоказ.

          Монографијата за Охридското Езеро на англиски јазик дава целосен преглед на голем број резултати на Станковиќ и на неговите соработници. Во неа се изнесени голем број податоци за географската положба, физиографијата, животните услови и заедници во Езерото кои се анализирани не само од аспект на нивната квалитативна градба, туку и од аспект на динамиката на популацијата, при што е даден процесот на специјацијата.

          Низ анализите на езерските животни заедници се проверуваат општите биоценотички принципи. Речиси половина од монографијата е посветена на биографските проблеми кои се основна причина за запознавање на историјата на живиот свет и на езерскиот биотоп, со цел да се објасни денешната слика на живиот свет на едно старо езеро, какво што е Охридското – кое по својата старост може да се споредува со Тангањика – во Африка и Титикака – Јужна Америка, а по сличностите на растителниот и на животинскиот свет со Бајкалското Езеро – во поранешниот Советски Сојуз, денешна Русија. Охридското Езеро како џиновско засолниште зачувало голем број видови од животинскиот и растителниот свет, кои не постојат ниту во едно друго езеро на нашата планета.

Продолжува

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.