Среда, 27 Март 2024    PDF Печати Е-пошта
ЦРКВАТА „СВЕТИ ЃОРЃИ“ ВО КУРБИНОВО Е МАКЕДОНСКИ БИСЕР СО ВРВНО СРЕДНОВЕКОВНО ФРЕСКО - СЛИКАРСТВО (3)

 

1brk3

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Публикација „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ од Славе Николовски-Катин е издание на НИП „Нова Македонија“, Скопје, 1991, 1-192, а беше промовирана во „Сарајот„ во Ресен на свеченоста по повор 700 години од црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, во 1991 година, на која,  за публикацијата зборуваше академик Блаже Ристовски

Инаку фреските во црквата „Св.Ѓорѓи“ во Курбиново се едни од најубавите, најоригиналните и во целост најдобро сочувани фрески што од тој период постојат во Македонија. Творештвото на тројцата непознати мајстори во Курбиново, претставува надоврзување на творештвото на ретките мајстори, иако во значителна мера се забележува голема оригиналност во стилот и изразот.

Затоа со право се вели дека врвното византиско фреско–сликарство во манастирската црква „Свети Ѓорѓи“ ги привлекува историчарите  на уметноста од светот. И не случајно е запишано дека во историјата на уметноста тешко може да се посочи уметничко дело кое е толку различно вреднувано како живописот во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново.

Според науката, тоа е времето кога во црковното градителство доминирала разнообразност на архитектурните форми на цркви, особено, еднокорабни. Затоа се вели дека манастирската црква „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново не се одликува толку со архитектурата, туку со извонредниот живопис.

Исто така, според пишаните документи, се наведува дека црквата „Свети Ѓорѓи“ е еднокорабна градба со полукружна апсида. Градбата е долга 17  а широка 7 метри. Со ова таа е најголемата еднокорабна црква во Македонија. На западната страна нема нартекс (двор каде се собираат верниците). Има два влеза и изградена е со повеќе камен и со помалку тули.

Со право може да се каже, дека црквата „Свети Ѓорѓи“ своето место во ризницата на светските вредности го обезбедува со сочуваниот фреско-живопис, кој плени со својата раскош. Фреско-живописот од XII век е сочуван речиси во целост.

Денес манастирската црква „Свети Ѓорѓи“ е споменик на културата на Република Македонија и е  заштитена со закон. Во чест и спомен на величието на оваа најзначајна црква во Преспа, сегмент на фреската на светецот Архангел Гаврил „Ангелот од Курбиново“, се наоѓа на банкнотата од 50 денари.

1brk33

Фреска во „Св.Ѓорѓи“

Манастирската црква „Свети Ѓорѓи“  е под заштита на Заводот за заштита на спомениците, а според археолошките испитувања се знае, дека во црквата имало и конаци кои откако во нив удрил гром и ги изгорел, повторно не се изградени.

Во манастирската црква имало богослужба сè до 1920 година, но откако се изградила новата црква во селото, во црквата „Свети Ѓорѓи“ не се служи литургија, со исклучок во 1991 година кога овој споменик на културата славеше 700 години од своето постоење. Момент кога црквата беше посетена од илјадни посетители и видни граѓани на Република Македонија. Тогаш се заклучи дека манастирот „Свети Ѓорѓи“ е бисер на средновековното фреско-сликарство во Македонија.

Така, По изведбата на ѕидовите било изведено малтерисување и боење на фасадите со цел да се постигне побогат изглед. Ваквиот начин на обработка кој што е застапен во оваа црква е пристигнат преку византиската градителска традиција.

Со право можеме да кажеме дека црквата „Св. Ѓорѓи“ своето место во ризницата на светските вредности го обезбедува со сочуваниот фрескоживопис кој плени со својата појава. Фреско-живописот од дванаесеттиот век е сочуван скоро во целост, освен уништениот дел од претставите во првата зона на северниот ѕид и дел од јужниот, како и горниот дел од третата зона.

Тоа е времето на владеењето на Комненовците со Византија, кога во црковното градителство доминира разнообразност на архитектурните форми на цркви, особено, еднокорабни со едно или дури пет кубиња и тоа се смета за чиста Цариградска концепција, или измешана со "провинциски" комбинации.

Манастирот во селото Курбиново не се одликува толку со архитектурата, туку со извонредниот живопис кој ја обвива целата внатрешност на црквата и ја прави возвишена. Историчарите на уметноста имаат запишано дека во живописот се претставени чисто Цариградски елементи во одделни композиции или фигури.

Но, истотака, има внесено нови елементи, што во престолнината Цариград и надвор од него, никаде не е толку изразито предаден како во Македонија. Со еден збор тоа е чувството за реалноста на внатрешните доживувања на личностите во драматичните сцени, како што се страдањата на Христос.

Црквата „Св Ѓорѓи“ е градена од кршен камен и според формата и димензиите е еднокорабна црква која има полукружна олтарна апсида со димензии 7 на 11 метри а ѕидовите се дебели 1 метар. Во XIX век, црквата во Курбиново била обновена, а во првите децении на XX век, била направена дрвената таваница, проповедалницата, припратата и биле соѕидани северниот и јужниот влез со двата прозора.

Оваа манастирска црква е под заштита на заводот за заштита на спомениците а според археолошките испитувања се знае дека имало и конаци кои откако во нив удрил гром не се повторно изградени.

Богослужба во манастирската црква имало се до 1920 година но откако се изградила нова црква во селото во црквата „Свети Ѓорѓи“ не се служи литургија. Во 1958 година направена е првата конзервација на „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, додека во 1974 година на платно е пресликана источната страна која на изложба во Москва ќе го освои второ место, а на изложба во Париз ќе го освои првото место. Манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново е македонскиот бисер на средновековното фреско-сликарство во кој ако имате прилика да го посетите нема да зажалите

Продолжува

1slavek4Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Интервју на Лондонскиот „The Times“ со Тодор Александров, 4 Јануари 1924

Можно ли беше да таква Организација постои во дваесеттиот век? Набрзо бев вратен кон вистината со са...

Иселеници

News image

ЖИВОТНИТЕ ПАТИШТА НА СТИВ И ЛИЛИ ПЉАКАС (6)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Руската сказна за царот Македон

Во древните времиња, најстари од кој може да се види, па дури и позади нив, како што каменот од тие ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.