Среда, 10 Април 2024    PDF Печати Е-пошта
ЦАР САМУИЛ И НЕГОВИОТ ЦРКВOНО - МАКЕДОНСКИ СВЕТ ВО ДОЛНА ПРЕСПА (5)

1kat111223

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Во научната литература сѐ уште не е точно утврдена годината на прогласувањето на Самуил за цар и на неговата држава за царство.

Еден дел од историчарите истакнуваат деке тоа се случило најверојатно во последните години на 10 век. Според некој официјалното крунисување на Самуил за цар било извршено во црквата св. Ахил во Мала Преспа и тоа во присуство на римските прставници кои по склучената спогодба меѓу него и папата Григориј V во Преспа ја донеле царската круна. Со тоа градот Преспа станал царско седиште на Самуиловото царство.

Самуил успеал да ја оствари својата цел како што истакнува Поп Дукљанин во својот летопис. За сметка на Византија создал големо кралство т.е кралство на Словените. Според некој научници градот Преспа станал и црковно седиште на Самуиловото царство. Со папска дозвола Самуил својата црква ја издигнал во ранг на архиепископија.

Со крунисувањето на Самуил за цар неговата држава добила меѓународно признавање. Од расположливите податоци не може да се утврди видот на круната кој ја добил Самуил од Папата. Најверојатано е дека Папата го удостоил Самуил со титулата рекс што значи дека добил кралска круна, на латински наречена corona. Треба да се истакне дека Римската црква со царка титула единствено ги удостоила франечките владетели почнувајќи од Карло Велики и германските владетели од Отон I.

Самуил иако формално - правно се стекнал со кралска титула, тоа не му сметало да се нарекува цар. Некој од западните автори избегнувале да ја употебуваат царската титула за Самуил, а таков пример е Лупус Протоспатариус кој во своите анали го нарекува Самуил (Samuel rex), сепак Самуил бил признат за цар и таа титула била прифатена од византиските, арапските и другите автори.

Инаку, по битката на Беласица, 1014 година и смртта на Самоил, дошло до распаѓање и крај на македонското царство, во 1018 година, т.е. 42 години по востанието. Војната завршила со свечено влегување на византискиот цар од македонската династија на Василиј II во Охрид, каде на капијата на Самоиловата престолнина, од царицата и преживеаните членови на царската куќа примил изјава на покорност. Така повторно била воспоставена власта на ИРЦ во Македонија

Меѓутоа, покрај сè, уште во 1040/41 година, со центар во Западна Македонија, дошло до првото антифеудално востание под водство на Петар Дељан, кое ги опфаќало просторите од Солун до Белград, Грција, Епир, сè до Драч. По востанието во Тесалија, во 1066 година, во Македонија повторно избива востание на Словените во 1072/93 година, под водство на Војтех. Сите обиди за обновување на Самоиловото царство не успеале. ИРЦ, во 1018 година, Охридската патријаршија ја претворило во автокефална архиепископија, која била директно потчинета на царот, а не на Патријаршијата во Цариград.

1kat1112233

Царството на Самуил

Според грчките истражувања за гробовите на островот е откриено дека назалната коска покажува јасна лоза од Ерменија. Тоа потврдува дека мајка му на Самоил била Ерменка. Исто така рачните коски на трупот покажале јасно дека тука бил погребан цар Самоил и дека таму била најдена неговата скршена рака. Сите факти сведочат дека таму бил закопан цар Самоил, некогашен владетел на многу области на Балканот кој бил и голем непријател на византиските цареви.

Истите ископувања откриле дека базиликата била изградена со материјал од античкиот македонски град наречен Лица, кој веројатно бил изграден на западната страна на островот Св. Ахил. Затоа со право се вели дека посета на базиликата „Свети Ахил“ е многу повеќе од културна прошетка: тоа е аџилак на вистинската убавина.

Импресивната црква - димензии (20 х 47 м) - беше крстообразна базилика и денес меѓу урнатините може да се види познатото светилиште со три пробиени прозорци, столбови направени од тули и камења и гроб на јужната страна. Неколкуте слики од 11-тиот и 12-тиот век што беа пронајдени сега се изложени во музејот на Лерин (Флорина). Црквата била во употреба до средината на XV век и со текот на времето била напуштена и разрушена.

Според грчките податоци многу е веројатно дека самиот град, центарот на таа агломерација на населби, бил сместен на островот Свети Ахил, кој е долг 1,700 а широк 500 м. На островот биле откриени урнатини на неколку цркви, вклучувајќи ја и големата базилика, која според некои истражувачи била една од седумте големи цркви.

Според некои научници црквата била изградена од бугарскиот принц Борис I по христијанизацијата на Бугарија, како и на овој дел на Македонија, додека други научници сметаатт дека црквата била изградена од царот Самуил. Но, за нас е значајно што црквата „Свети Ахил“ е изградена во Преспа, во Македонија

Инаку, архитектонски план на црквата е сличен на оној на Големата базилика во стариот град Плиска. Постојат траги на раното средновековно сликарство и скулптура во руините. На внатрешната страна на апсидата се напишани имињата на епископите кои биле потчинети на бугарскиот Патријарх кон крајот на 10 век. Централниот дел на островот, заедно со височините Кале и Кулата се спојуваат.

Веројатно имало цркви и станбени објекти во пониските делови и по должината на брегот. Таа област претставувала надворешен град. Северниот крај, пак, бил наречен Порта што може да сугерира дека и надворешниот град имал одбранбени ѕидови.

Постојат теории дека Преспа била резиденција на најстариот од четирите браќа, Давид, пред да биде убиен во 976 година. Подоцна станала резиденција на Самуил кој де факто владеел со Царството по убиството на неговиот брат Арон во 976 или 986 година, особено откако легитимниот император Роман бил заробен од страна на византијците во 991 година. Поради тоа, некои автори сметаат дека Преспа станала официјален главен град на империјата.

По освојувањето на Лариса во Тесалија во 983 или 985, цар Самоил ги донел моштите на свети Ахил во Преспа. Тогаш островот на Малото Преспанско Езеро бил именуван по светецот. За време на владеењето на цар Самоил имало палати на островот кои биле поврзани со кула на спротивниот брег со помош на вештачки песочен мост.

На источниот брег на Големото Преспанско Езеро, во близина на селото Герман (денес, Агиос Германос), кое се наоѓа на два-три километри од денешната бештачка граница кај Маекова Нога, цар Самуил оставил плоча со натпис посветен на неговите родители, таткото-Македонецот Никола и мајката-Ерменката Рипсимија, како и со посвета на неговиот најстар брат Давид. Кога Самоил бил прогласен за цар во 997 година, седиштето на Патријаршија било во Преспа, но потоа било пренесено во Охрид.

Веднаш по катастрофалниот пораз од војските на Византијците во битката кај Беласица, војници на цае Самоил биле ослепени од непријателските војски на византискиот цар Василиј II. Тогаш императорот Самоил побарал засолниште за ослепените војници во селата Асамати, Долно Дупени и на други места во Преспа, каде што и цар Самоил починал.

Продолжува

1slavek4Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.