|
||||
Л А З А Р К И |
Овде дворови – Лазаре – се изметени, Овде дворови – Лазаре – се исчистени... Рака за рака фатени, Грла со грла сплотени, Празнична песна распеани – На Лазаров ден, На Лазара. Имат мајка, Лазаре, мила ќерака, Таа мислит, Лазаре, да ја омажит... Ѕвек на ѓердани сребрени, Сјај од носии шарени, Во двориште, како гулабици распеани – На Лазаров ден, На Лазара. И в горина, Лазаре, да си дочекаш, Со си фамилијата, Лазаре, што ја имаш... Румени лица момински, Како синџир врзани, Од куќа в куќа разиграни И Лазарска песна распеани – На Лазаров ден, На Лазара. |