Среда, 15 Мај 2024    PDF Печати Е-пошта
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА ЗА СЕЛО ТОПОЛЧАНИ

1dons Александар ДОНСКИ

Неодамна во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј со Претседателот Душан Ристевски излезе од печат монографијата „ТОПОЛЧАНИ НИЗ ИСТОРИЈАТА“ од авторот Љубен Шиклески.

 dons2

Љубен Шиклески е роден на 25.04.1930 гoдина во с. Тополчани, околија Прилепска. Основното образование го завршува во родното Тополчани во 1945 година, а Учителска школа завршува во Битола во 1949 година. Во учебната 1949 – 1950 година стапува на должност како наставник во село Стровија, а следната учебна година (1950 и 1951) и во село Бешиште.

Потоа го продолжува образованието и во 1953 година завршува Виша Педагошка школа, група географија и историја. Во учебната 1953 – 1954 година стапува на должност како наставник во село Ропотово

Потоа заминува во ЈНА во Школата за резервни офицери во Сараево (од 1954 до 1955 година), а по враќањето од војска е поставен за директор на осмолетката во с. Тополчани (од 1955 до 1958 година). Како наставник во осмолетката „Кочо Рацин“ во Прилеп, работи од 1958 до 1992 година, сѐ до заминувањето во пензија.

Во 1948 година како ученик во учителската школа во Битола, учествувал во Сојузната младинска акција за изградба на ХЦ „Маврово“, каде добива пофалница за пожртвувана работа.

Во 1951 година, како учител во с. Бешиште, како награда по синдикална линија користи 21 ден бесплатен одмор во Вараждинске Топлице, Хрватска.

Како студент во 1952 година втор пат учествува на Сојузната младинска акција ХЦ „Маврово“ каде станува ударник.

Во осумгодишното училиште „Кочо Рацин“ Прилеп, за постигнати значајни резултати на полето на образованието и воспитанието на 29.11.1976 добива посебно Уверение.

На 24.5.1987 година заради постигнатите значајни резултати во остварувањето на целите и задачите во воспитанието и образованието Републичкиот педагошки совет во Скопје на Љубен Шиклески му доделува диплома и звање Истакнат педагошки работник.

Монографијата „ТОПОЛЧАНИ НИЗ ИСТОРИЈАТА“ Шиклески почнал да ја создава уште во далечната 1954 година. Таа претставува сеопфатна студија за севкупниот живот во Тополчани и во неа, на 225 страници во Б5 формат, е презентиран детален опис и преглед на сите аспекти од битисувањето на ова село, кое до 2006 година беше децениско седиште на истоимената општина.

Така, на пример, во книгата е направен преглед на историјатот на Тополчани, почнувајќи уште од предисторијата, преку античкиот и средновековниот период, илинденскиот период и времето на НОБ, па сѐ до повоениот период, т.е. до денешно време.

Авторот Љубен Шиклески направил детален осврт и на дејствувањето на странските пропаганди во Тополчани на крајот од 19 и почетокот на 20 век. Притоа нуди и сведоштва, но и многу интересни писма  кои ги открил во архивите, во кои некои македонски војводи им пишуваат на селаните во Тополчани дека тие не се ни срби ни Бугари, туку Македонци. Овие писма и денес имаат непроценлива историска вредност во полза на македонската кауза.

Во монографијата „ТОПОЛЧАНИ НИЗ ИСТОРИЈАТА“ авторот Љубен Шиклески прави и детален осврт на местоположбата, како и на климатските, релјефните и хидрографските одлики на Тополчани. И сето тоа е педантно поткрепено со статистички податоци кои самиот ги истражувал кои се презентирани на табели кои  самиот ги изработил.

Во книгата е претставен и опис на куќите во селото и на животот во нив во блиското минато, а даден е  опис и на сите позначајни јавни објекти и нивното значење во минатото и денес.

Објавени се и детални податоци за школството, здравството, електрификацијата, сообраќајот, образованието и културниот живот на Тополчани, како и за земјоделството, сточарството и другите основни занимања на жителите на Тополчани.

Посебно интересни се сеќавањата на авторот Љубен Шиклески од времето на Втората светска војна и НОБ и соработката на неговото семејство со партизаните, но и за други важни настани за животот во село Тополчани.

 На крајот ќе кажеме дека секој жител на село Тополчани и секој што потекнува од ова село, а денес живее на друго место, треба да ја набави оваа книга, која претставува капитално и неповторливо дело за севкупниот живот на познатото село Тополчани.

dons

Монографијата „ТОПОЛЧАНИ НИЗ ИСТОРИЈАТА“ е илустрирана и со дваесетина фотографии, а нејзиното објавување е овозможено  со помош на финансиски средства од главниот спонзор Каролина Шиклеска со синовите Мајкл и Филип Шиклески, како и од Благоја и Горица Чепигоски и Тони и Јасмина Чепигоски, а техничкото уредување е на Александар Донски од Штип.

          За повеќе информации и за набавка на книгата можете да се обратите на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

         

         

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.