Среда, 15 Мај 2024    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА „ПРЕСПАНСКИОТ КРСТ“ ВО ПОДМОЧАНИ (10)

prespa

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Селото Подмочани се наоѓа во источниот дел на територијата на Општината Ресен. Тоа е распослано на десетина километри на патот кој што води од Ресен за Љубојно, чиј дел од атарот се протега кон Преспанското Езеро, а се издига и кон планината Пелистер, каде се граничи со општината Цапари.

Во историја на Подмочани се вели дека од секогаш било едно од најголемите села во Преспа. Но, тоа било и причината што најмногу настрадало за време на Илинденското востание во 1903 година, а потоа да стане и едно од најпечалбарските села во Преспа.

Во сегашноста, пак, може да се каже дека Подмочани е едно од поголемите, поубавите, позначајните и во кое иселеничките процеси се’уште траат. Подмочани е старо македонско село со национално и верски мешано население, во кое сложно живеат претежно православни Македонци и мал број македонски Албанци.

Подмочани од секогаш бил центар и општина за селата Грнчари, Рајца, Курбиново, Претор, Асамати и Долна Бела Црква. Така било и со првото училиште од 1920 година во кое учеле и децата од овие села. Денес новото централно училиште што го носи името на славниот војвода „Славејко Арсов“ е во зградата но некогашниот задружен дом. Тоа, всушност е административна зграда што го дели Подмочани од Грчари, меѓу кои, доколку човек не ја види таблата за името на селото, не ќе можи да ќажи каде завршува Подмочани, а каде почнува Грнчари.

Тука, кај училишната зграда, кај споменикот на Коста Кусаковски се спојува и разделува Подмочани од Грчари. Старата зграда на училиштето во Подмочани што е лоцирана на самиот влез во селото, пак, е преуредена во Младински дом и Месна канцеларија.

Подмочани е значајно место и по тоа што во него постои и приватна етнолошка музејска поставка сопственост на ентузијастот Јоне Ефтимовски. Во музејот кој е сместен во приватниот дом на етнологот Ефтимовскит се изложени стари народни носии, накити и украси, предмети од домаќинството, оружје и други експонати.

Овој етнолошки музеј е единствена ваква институција во Преспа и Македонија за која фолклористот Ефтимовски ентузијастички четириесетина години го негува фолклорот и собира македонски носии од сите краишта, како и од етнички групи во Македонија и од другите балкански и други блиски или подалечни држави и региони.

prespa2

Центарот на Подмочани

Карактеристично за Подмочани е тоа што таму се наоѓа црквата „Свети Ѓорѓи“, во чиј круг се наоѓаат селските гробишта. Но, денес, се чини новата црква „Свети Петар и Павле“ претставува пример на  многу убав духовен, народен и преспански храм. Црквата е резултат на донаторство и израз на големата љубов кон родниот дедовски крај, особено на бројните иселеници од сите делови на светот, по потекло од Подмочани, пред сè, на најголемите донаторствата од страна на Борис Ничов и од други иселени.

Инаку, Борис Ничов  познато име во македонската заедница во Чикаго како бизнисмен и донатор, е активен член во македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ и во македонската заедница  во тој дел на Илиноис, од почетокот до денешни дни. Роден е во селото Подмочани, од каде уште како дете, заедно со родителите, заминал за Соединетите Американски Држави. Борис е почитувана личност не само во Чикаго каде живее педесетина години, туку и во своето родно Подмочани,  во Преспа и во Македонија, бидејќи тој е еден од значајните донатори на својот роден крај и познат бизнисмен.

Во овој духовно-црковен комплекс посветен на свети Петар и Павле е подигнат и се вишнее „Преспанскиот крст“, кој е изграден во 2.000 година, како симбол на христијанството. Крстот е висок 33 метри, со што симболично се прикажани годините на спасителот Исус Христос.

Овој црковен комплекс е изграден на ридот Горица што се наоѓа над селото и од каде како на дланка се гледа значителен дел од Преспанската Котлина и од Преспанското Езеро. Благодарение на голем број иселеници и, секако, на селаните од Подмочани: првите помагаат со пари, а вторите со работна рака, за неколку години во оваа преспанска населба се изградени три христијански храма.

Преспанскиот крст“ е подигнат во непосредна близина на месноста Горица на највисокиот рид, веднаш крај Преспанското Езеро. Крстот е висок 30 и широк 20 метри. Осветлен е со 14 рефлектори и се гледа од сите страни на Преспа. Изградбата на крстот и на комплетната инфраструктура чинела стотици илјади американски долари.

Преспанскиот крст“ е најголемата преспанска камбанарија. Ѕвоната се од Русија кои можат да се слушнат надалеку во Преспа и Преспанското Езеро. Денес црквата „Свети Петар и Павле“ и „Преспанскиот крст“, се два значајни монумента во Преспа,

Со изградбата на „Преспанскиот крст“ се сакаше да се врати сјајот на древната и славна Преспанска архиепископија. Основана е во времето на славниот македонски цар Самуил и беше значајна за развојот на православието на Балканот и во создавањето на македонската нација и држава. Инаку, преспанските бизнисмени во САД, Канада, Австралија и во Европа вложија околу половина милион долари за изградба на црквата и крстот.

Во историјата на Подмочани е забележано дека од ова преспанско село води потекло, меѓу другите, Трајко Китанчев (1858-1895) педагог, публицист, писател и поет, академик на Бугарската академија на науките и професор-филолог на Московскиот универзитет, како и претседател на Врховниот комитет на ВМРО, како и корените на архимандритот Панарет, ректор на Пловдишката семинарија.

Исто така, од ова село, меѓу другите е и војводата Кочо Кочовски, учесник во Илинденското востание, а за негова слобода, меѓу другите, своите животи ги дале: Коста Кусаковски, Петар Ристевски, Милан Стојчевски, Мите Фотевски, Ѓорѓи Шушевски, Панде Стефановски и други.

Селото Грнчари, пак, е продолжение на Подмочани во правев кон Асамати.  Тоа е верски мешано село во кое сложно живеат осумдесетина Македонци, над триста македонски Албанци и десетина македонски Турци. Во него постои црквата „Св. Атанас“, каде се наоѓаат селските гробишта, познатиот манастир „Св. Илија“ што се наоѓа на 4 км источно од селото и џамијата во селото, за која се претпоставува дека е изградена врз темели на македонска црква. Исто така во Грчари има  и Теке кое било изградено во 1935 година.

Треба да се потенцира дека над село Грнчари, кое е опкружена со живописна природа, сочувана е малата еднокорабна црква „Св. Илија“. Таа е изградена од камен и тула, а е засводена со полукружен свод.

Првиот, постар живопис, временски се совпаѓа со градењето на црквата. За него, науката претпоставува дека потекнува од првата половина од XIII век. Од овој фрескопис сочуван е фрагмент од композицијата “Успение Богородичино” и композицијата “Преображение Христово”. Втората фаза на живописување се совпаѓа со времето на обновувањето на црквата.

Интересно е да се напомене дека во манастирот „Св Илија“ е насликан свети Ахил, светец чиј култ бил особено карактеристичен и многу почитуван во околината на Преспа. Тој е претставен зад иконостасот, на јужниот ѕид.

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copy copy Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат о...

Историја

News image

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на ...

Иселеници

News image

СЕМЕЈНИТЕ КОРЕНИ НА СТИВ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСИЈА ДО КАНАДА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ВО БАРСЕЛОНА – ПРЕСТОЛНИНАТА НА КАТАЛОНИЈА И ГРАДОТ НА ФУДБАЛОТ (6)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.