Вторник, 27 Јули 2010    PDF Печати Е-пошта
Илинденски денови слави 40. роденден
ilindenski-denovi-40-godini
Републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, кој традиционално се одржува во Битола, годинава  прославува 40-годишнина од формирањето. Низ годините манифестацијата стана стожер за духовно поврзување на Македонците од целиот свет, огледало на културната разновидност на нашата земја, а со својата интернационализација стана мост за поврзување со вљубениците во народната култура од целиот свет.

Креирајќи и практикувајќи го континуитетот на традицијата и годинава, Центарот за култура-Битола од 29 јули до 1 август, во чест на Илинден, во чест на народниот уметник кој ја создавал традицијата, вдахновен од верскиот празник Свети Илија, ќе ја отвори фестивалската сцена. На неа ќе настапат групи и ансамбли од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија и од Грција.

Инаку, во аналите е запишано дека првиот Републички фестивал на народни песни и игри Илинденски денови се одржал од 30 јули до 2 август во 1971 година во летната бавча на Домот на армијата во Битола и тогаш учествувале дваесет фолклорни ансамбли од Македонија.

Од воспоставувањето на фестивалот до денес учествувале 1.492 фолклорни групи и ансамбли и над 40.000 игроорци и инструменталисти.

По повод големиот јубилеј, утре ќе биде промовирана и брошурата „40 години традиција-Републички фестивал на народни песни и игри Илинденски денови“ во Националната установа Центар за култура-Битола.

Извор: Дневник
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.