|
||||
ВРАЌАЊЕ НАЗАД ДАЛИ ЌЕ ИМА? |
Од таа бигорна четириесет и осма Со крилата песна и стушено детство Не паметам многу, паметам чадој, Шурки крвје, густо, пифтосано од плачој Оросена болка, закоравена тага Натежната со мирис на копнеж.. Враќање назад дали ќе има?
Паметам, беше мартовска зима Таму, високо на Ниџе Низ белите маглини Чекор по чекор, Тешки чекори бавни Врвица долга , низ патеки стрмни, Низ борјето густо, натежнато со снег Тромо се влече колоната... Враќање назад дали ќе има?
И паметам, тоа беше Ден Ден невратен Ден жигосан Што тажно влечејќи се одминува Ден суден! Бегалци бевме, страдалници Бегалци од Родината своја... Враќање назад дали ќе има?
И патем, паметам, тешко офкаше некој Некој офкаше болно И пред да згрне трунка сонце Уште еднаш зарипнато офна А потоа, потоа се струполи нешто Нешто како клопче што пласна Врз снегот бел, Остана згрчен како црна дамка И се слушна шепот: „Покој за душа“... Враќање назад дали ќе има?
Кон падините на Ниџе Колоната црна продолжи да тече. Изѕемната ништо не гледав Само немото роморење го слушав И тешкото, долго чкрипење на снегот, Во ноќта црна, поцрна од сите ноќи на светот, Толку темна, чинам во јама не’ грабна... Враќање назад дали ќе има?
А патем, в’ караула една стигнавме бедни Насреде оган, наоколу сите Прокиснати, капнати, гладни Партизани и деца, и старци страдни Се’ на едно место, Душа збрана, чиниш тесто...
Шепотом болка се слуша „Некој испушти душа“... Паметам дете врисна! Затрепери младо, ластерче слабо На мајчини восочни гради Од очите гладни извор ко’ да бликна. Засекогаш „Збогум“ редум си велат, Од Родината своја ноќва се делат...
Враќање назад дали ќе има?
И плаче дете, в’ преград се нурка Мајка мртва нежно си гушка Со мраморни очи ко’ бетонско гнездо Мајка мразна Чедо не слушна. Мајка една, о, небесна ѕвездо! Остана тука, во белина мрачна Покосена од болка, тука падна... Враќање назад дали ќе има?
Мајка гладна за родот страдна Тука згасна со рана млечна За Чедо едно Што со дланки, нежно По коси мајкини талка, липа И за Мајка пита: Мојата Мајка остана тука Кај ли е сега, зад која Бука?
Од стариот столетен Бор Низ ветрот шепот се слуша: „Таму, зад ридон остана Таа, Онаа, што тажно спомени точи И пенливо клокоти-нашата Славна И Оваа тука, што од крвта пламна...“ Враќање назад дали ќе има? Мариа Воденска Воденска средба, Парк Ќермес Скопје, Мај 1974 г. |