Среда, 21 Август 2024    PDF Печати Е-пошта
ЗНАЧЕЊЕТО И УБАВИНАТА НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО И САМУИЛОВА ПРЕСПА (24)

913

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Од голема важност за Преспа, секако е Преспанското Езеро, кое е второ по големина во Македонија. Тоа зафаќа површина од 294 km2, co најголема длабочина од педесетина метри кај селото Нивици. Денес заради губењето на големи количини вода, Преспанското Езеро се повлекува и смалува. Тоа е заобиколено со високите планини и од сите страни дава величествена глетка.

Се наоѓа на околу 850 метри надморска височина, а температурата на водата се движи од над 18°С во јуни до 24°С во јули и август. Брегот е песоклив, а температурата на воздухот во лето е пријатна. Две третини од Преспанското Езеро и припаѓаат на Република Македони-ја, а една третина на Грција и Албанија. Тромеѓето е во близина на островот Голем Град.

Македонскиот цар Самуил својата престолнина ја сместил не случајно на островот Ахил во Преспа, кој се наоѓа на таканареченото Мало Преспанско Езеро, во Егејска Македонија што сега припаѓа на Грција. На островот Мал Град, што е на албанска територија, пак, се наоѓа црквата посветена на свети Петар и Павле, а на брегот кај Нивици е црквата Света Богородица.

Затоа со право се вели дека цар Самуил не ја избрал Преспа за своја престолнина случајно. И сега и тогаш, Преспа била питома и богата со големи населби, со плодно поле и зелени пасишта, со богат лов на риби во тогашното езеро и големата река, кои му овозможувале на царот доволно храна за војската и робовите што ги држел. Преспа ја видел и како тврдина која му обезбедувала спокоен престој за војската и управата, особено кога се враќал од походите.

Самуил во Преспа почнал да гради патишта и други паметници. Така, на островот во Долна Преспа ја изградил црквата Свети Ахил, која имала 12 олтари во кои на обредите пееле 12 попови. Црквата ја подигнал по неговата голема победа над Византијците, во близина на Лариса, каде што бил инспириран од тамошната црква Свети Ахил, решил таква црква да изгради и во Преспа.

Во новата црква ги донел и моштите на патријархот Ахил, бидејќи ја изградил во негова чест. Црквата е лоцирана на источната страна, во подножјето на островот, а еден дел од неа денес се наоѓа во водите на езерото, како урнатина.

На островот царот изградил четири цркви, во кои работеле голем број калуѓери. Тие ја обработувале и манастирската земја, чувале стада говеда и овци и се грижеле за одржувањето на објектите. Кога подоцна во Мала Преспа надошле води и го поплавиле полето и патот до островот, калуѓерите и селаните од Ахил, чие село тогаш било големо, ја доградувале калдрмата за населението од Преспа да може да доаѓа на „светата" земја.

9133

Дел од Преспанското Езеро

Над Византијците цар Самуил извојувал многу победи и секогаш кога се враќал во Преспа со него носел голем број робови и богат плен. Преспанското население му приредувало свечени дочеци, а во црквите се правеле обреди и церемонијали. Затоа и не е случајно што денес во Преспа има четириесетина цркви и манастири, чии камбани веројатно го означувале трумфалното враќање на царот во престолнината.

Каде се наоѓа гробот на цар Самуил? Постојат две претпоставки. Едната, дека бил погребан на островот, во еден од олтарите на црквата Свети Ахил, а другата, дека бил погребан во селото Раби, во црквата Света Пречиста, во која со години била чувана неговата надгробна плоча.

Во близина на сегашната Перова Кула, во Долна Преспа, каде двете преспански езера се на растојание од само 200 метри, нив ги поврзува река чии води се влеваат од Малото во Големото Езеро. Оваа река е поврзана со минатото на Преспа. Постарите преспанчани раскажувале дека течението на оваа река било многу подолго, а реката поголема.

Таа почнувала од подножјето на планината Врба, во близина на селото Л'к и завршувала кај завојот на Нивичка Планина, во местото Роот, каде што сега езерото е најдлабоко. Низ подземните пукнатини и канали под планината Галичица, водата од езерцето се провлекувала и влевала во Охридското Езеро.

Според кажувањата, тогаш Преспа била широко и плодно поле, со многу села и големиот град Преспа кој тогаш се викал Река. Веројатно името го добил по Големата Река, која почнувала и завршувала во Преспа. И кога градот Преспа со селата бил во зенитот на својот развој, се случило најлошото.

Регионот бил зафатен од силен земјотрес, земјата се распукала и се појавила голема вода која го потопила градот и селата и тие засекогаш останале под водата. Подземните канали и пукнатини под Галичица, низ кои истекувала водата, се затвориле и малото езерце почнало да го зголемува своето ниво и да ги поплавува полето и селата.

Така дошло до трка во спасувањето и селењето на луѓето, која траела со години и векови, се додека езерото не го достигнало сегашното ниво. Населението што останало без своите куќи, побарало спас во градот Преспа или подигнало нови живеалишта во правец на Охрид кон северозапад и на југ кон Костур.

Така биле создадени сегашните леринско-костурски села Желево, Ошчима, Перово, Руља, Брезница и Габреш, а областа во која се наоѓале се викала Корешта. А бидејќи дошле од областа Река, го добиле името Рекарци, кое сеуште го носат.

Големата Река која го сечела полето за да се влее во тогашното езерце, Преспа ја делела на Горна и Долна. Ha реката имало неколку мостови кои ги поврзувале селата и населбите. Зачестените есенски дождови и топењето на пролетните снегови во планините, предизвикувале доаѓање на големата вода која го затнувала речното корито и го поплавувала полето и посевите, предизвикувајќи големи штети.

Тогашните владетели во Преспа, а подоцна и царот Самуил, организирале акции за расчистување на речното корито. Населението кое учествувало во тие акции било ослободувано од плаќање данок. Co оглед дека овие луѓе со децении го чистеле речното корито некои претпоставуваат дека името Рекарци го добиле токму поради тоа.

На локалитетот Латински Гробишта, во непосредна близина на селото Попли во Долна Преспа, се развила голема населба. Во неа се топела руда добивана од рудникот Рудари, во непосредна близина на селото Рудари кое името го добило по рудникот. Од преработената руда се ковало оружје и друга опрема за војската.

Тогашните владетели на Преспа, па и царот Самуил, својата војска, главно, ја опремувале со ковано оружје во Преспа. Во населбата се ковале и бакарни предмети за потребите на домаќинствата. Населбата денес наликува на купишта камени грамади.

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.