Среда, 04 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
ПРИДОНЕСОТ НА ПРЕСПА ВО НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА БОРБА (26)

3 copy copy copy copy

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Духот на Илинден продолжи и во славната НОБ. За делото на Револуцијата своите животи ги дадоа 128 синови и ќерки на Преспа, меѓу кои и поетот револуционер, народниот херој Мите Богоевски. На 6 јули 1942 година во месноста Синедолско Кладенче, над селото Златари, е формиран првиот Преспанско-битолски партизански одред „Даме Груев", за потоа да се создадат нови и уште поголеми воени единици.

На 2 август 1943 година, во месноста Ломје, кај Отешево, во подножјето на планината Галичица, е одржано историското Преспанско советување на ЦК КПМ, на кое беа донесени судбоносни одлуки за разгорување на оруженото востание во Македонија против фашистичките окупатори.

Незаборавен е фактот дека првото слободно утро во Ресен и Преспа осамна на 5 ноември 1944 година, кога борците на Петтата и Седмата македонска народно-ослободителна ударна бригада победоносно влегоа во Ресен и го развеаја знамето на слободата. Co тоа се означи крајот на вековното ропство и почетокот на новиот слободен развој на Репуб-лика Македонија, а во тие рамки и на Ресен и Преспа во целина.

Во годините по Втората светска војна овој крај, од изразито заостанато аграрно подрачје, доживеа значајна преродба, израснувајќи во модерен индустриски, земјоделски и туристички центар, со современа и развиена прехранбена и текстилна индустрија.

Меѓутоа, миграционите движења во Македонија си го направија своето. Така, Преспа стана крај во кој почна рано да се оди на печалба. Во 19-от век и почетокот на 20-от век преспани како печалбари можеа да се најдат на работа во прекуокеанските земји Америка и Австралија, во Европа, како и во некои делови на Србија, Бугарија, Турција и други држави.

Општината Ресен има 44 населени места. Долна Преспа, пак, со помал дел од Преспанското Езеро и Малото Езеро, влегува во составот на Грција и Албанија. Оваа положба, всушност, резултира од поделбата на Македонија по Балканските војни и Првата светска војна.

33 copy

Дел од Преспанското Езеро во Мала Преспа

Ресен се наоѓа на северниот дел од Преспанската котлина. Тој е овоштарски центар, познат по далеку прочуените преспански јаболка. Но, овој крај од Преспа е познат и како туристички регион со убави летувалишта крај Езерото, како што се Отешево, Царина, Стење, Којнско, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени и други. Над Ресен се вишнеат планините Пелистер и Галичица, кои имаат погодни терени за зимски спортови и летна рекреација, а освен тоа се богати и со дивеч.

На пазарот во Ресен, во саботите, можат да се купат многу производи од рачна изработка. Градот е особено познат по грнчарството, заради што долги години во него успешно работи керамичката колонија, на која секое лето престојуваат керамичари од разни држави и од Македонија.

Во него посебно внимание привлекува зградата на Музејот на Преспа, односно некогашниот беговски дворец (Сарајот), изграден уште за време на турското владеење. Зградата е интересна по тоа што е верна копија на зградата на Париската комуна, а била градена од мермер и делкан камен. Истиот бег наредил да се направи урбанистички план за Ресен, што се смета за прво урбанистичко решение на овој дел од Балканот.

Преспа често ја нарекуваат македонска „Калифорнија". Големата висорамнина е полна со плантажи од јаболка, особено од сортите делишес, јонатан, лепоцветка и редица други нови квалитетни сорти, кои во последнава година се извезуваат на светските пазари.

Патот од Охрид води преку Преспа и минува низ самиот град. Во неговиот центар патникот секојдневно го пречекуваат продавачите на грнчарија, со минијатурни верни копии на големите производи кои се продаваат како туристички сувенири.

Преспанскиот регион е вистинска база, резерват на илјадници видови птици, риби, животни и голем број растенија. Богатата флора и фауна го прават уште попривлечен овој крај. Во Преспа живеат околу 380 видови птици, од кои дваесетина се вистинска реткост.

Посебно во Мала и Долна Преспа се забележуваат многу пеликани, корморани, орли и јастреби. Статистичките податоци покажуваат дека само во 1969 година биле забележани 100 двојки пеликани, од вкупно 400 колку што живеат во Европа. Преспа е единственото место во светот каде што живеат толку многу пеликани на еден простор.

Во Преспанското Езеро живеат и специфични видови риби: јагули, крапови, скобусти, пастрмки, плашици, мрени и други. Во густите шуми околу езерото има елени и срни, мечки и волци, зајаци и лисици и други животни. Деновите си личат еден на друг: се менуваат неосетно, така што тешко можат да се разликуваат годишните времиња.

Единствен знак за распознавање е доаѓањето и заминувањето на птиците, како и промените на боите на почвата и цветовите и плодовите на овошките. Спектарот на бои е раскошен во секој временски период, што е резултат на мошне благата клима, со минимална влажност. Тишината на самотијата ја нарушува единствено летот на птиците околу трските и над езерата. Затоа со право се вели дека Преспа е „рај на Земјата".

Меѓутоа, како и птиците така и за населението на Преспа миграционите движења и за етничка Македонија си го направија своето. Така, Преспа стана крај во кој почна рано да се оди на печалба. Денес Преспанции како печалбари можат да се најдат на работа и постојан престој во прекуокеанските земји Америка Канада и Австралија, во Европа (Европската Унија), како и во некои делови на Хрваска, Србија, Бугарија, Турција и други држави ширум светот.

Продолжува

12slavek4 copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.