Среда, 25 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ НА СЛАВЕ КАТИН (1)

                            2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 3 copy copy copy copy copy copy

Славе Николовски – Катин е автор на публикациите Моитепатувањанизсветот,Македонскаискра“ - Скопје, 2001, 1-192, (на  македонски) и Светот на дланка, Македонска идкра“, Скопје, 2014, 1- 424,I и II издание (на македонски).

Репортерските записи насловени како “Моите патувања по светот”, кое е 25 дело на авторот Славе Николовски - Катин, всушност се описи на краишта, предели, градови, држави, во кои тој како новинар патувал и го опишува она што на тој пат го привлекува неговото внимание. Во новинарското обликување на репортажите кај авторот доаѓа до израз неговата автентичност, документарност и конкретно прикажување на она што е најбитно.

Слична е темата во делото посветено на македонските иселеници, а јубилејно 50-то дело на авторот Славе Катин.  Сето ова наведува на заклучокот дека тој е репортер со енциклопедиски познавања и информации за градовите и за земјите што ги посетил и преку оваа збирка репортажи несебично се прикажуваат на читателската публика во Македонија земјите кои авторот ги посетил, притоа барајќи ги Македонците на тие простори, со цел да го го збогати историскиот преглед на македонските иселеници ширум светот.

Публикацијата „Светот на дланка“ има две изданија: едно на „Тримакс“ во 2013 година и едно на „Македонска искра“ во 2014 година, чии рецензентите се проф. д-р Вера Стојчевска–Антиќ и публицистот Ставре Џиков, има 430 страници и е на македонски јазик. Во неа на едно место, како на дланка пред читателот се отвораат широки хоризонти – тој може да пропатува ширум светот, да се запознае со голем број земји, места, културите и религии донесени од освојувачите, особено на Англичаните, Шпанците, потоа градови, интересни споменици на културите на домородното население, со Французите и Португалците како и со креолизацијата на јазиците и народите

Инаку, публикацијата „Светот на дланка“ е 50. Издание на Славе Катин, почнувајќи од првото дело „Англиско–македонскиот лимнолошки речник“, што го издаде Хидробиолошкиот завод од Охрид во 1986 година. Во книгата „Светот на дланка“ се објавени 40 репортажи од доживувањата и посетите на 40 земји во светот, и тоа: со 50 двонасочни, или 100 еднонасочни патувања преку Атлантскиот Океан, почнувајќи од првиот лет во САД во 1965 година и во Канада во 1966 година, па се до 2014 година, потоа трите патувања до Австралија, посетите на: Индија, Емиратите, Средна и Јужна Америка, Европската унија и голем број земји на Блискиот Исток и Африка.

Како куриозитет се споменува дека по повод 40-годишниот брачен живот на Славе Катин со неговиот животна сопатничка Нада Николовска, како гости на Лили и Стив Плиакес, во февруари 2014 година заминале за Флорида. Од таму, со најголемиот брод на светот наречен „Волшебникот на морињата“ ги посетиле Хаити, Јамајка и Мексико и пак да се вратиле во Мајами. Потоа со џипот на навните пријатели ги прокрстариле источните држави на САД на пат за Торонто, од каде нивното најдолго патување го продолжија за Виена и Скопје.

Патувања во различни земји во светот на Катин беа мошне возбудливи, исполнети со многу непреспиени ноќи, искушенија, релаксирачки моменти, сознанија и предизвици да запознае различни држави, места, градови, народи, култури, религии, обичаи и многу карактеристики на современиот свет.

Притоа, имал можност да посетам бројни метрополи и споменици кои имаат светско значење и кои оставаат вечни траги во сеќавањата на посетителот. Затоа, тешко е посебно да се издвои место, град или држава, бидејќи сите тие Господови дарби на мајката Земја имаат свое значење, величие, карактеристики и улога во афирмирањето на државите од светот каде се чувствувал како дома.

Публикацијата „Светот на дланка“, која има 440 страници е на македонски јазик, и токму на едно место, како на дланка пред читателот се отвораат широки хоризонти – и тој може да пропатува ширум светот, да се запознае со голем број земји, места, градови, интересни споменици на културите на домородното население, со културите и религиите донесени од освојувачите, особено на Англичаните, Шпанците, Французите и Португалците како и со креолизацијата на јазиците, народите..Таа е продолжение на книгата „Моите патувања по светот“, (2001)..

Во поголемиот број земји во светот што ги посетил Катин живее и македонско население од сите делови и краишта на етничка Македонија. Затоа, одењето по светот како новинар; потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија; како член на државни, црковни, новинарски и други делегации, и како човек на кого светот му е предизвик, патувањата беа тесно поврзани со запознавањето, истражувањето и афирмацијата на македонските православни цркви, друштва и други асоцијации ширум светот.

Инаку, Македонците во дијаспората имаат долга историја која датира од втората половина на XIX век и со различен интензитет трае сè до денес. Тоа било диктирано од жестокоста на искушенијата низ кои минувал македонскиот народ во борбата за својот опстанок на просторот на кој постоела и се развивала државата на големиот македонски цар Александар Македонски.

Распаѓањето на Отоманското Царство и формирањето на балканските држави, пак, биле повод и причина за приграбување и освојување на територијата на Македонија и за нивно асимилирање како народ, во рамките на бугарската, српската, елинската и албанската држава, под насилничкиот патрон на Големите сили и нивните глобални интереси за доминација на Балканот.

Историската неправда, а со тоа и иселеничката голгота, особено од беломорскиот дел на Македонија е голем предизвик да се фрли светлина на страдањата и борбата на македонскиот народ за одбрана на нивниот национален идентитет, верата, културата, традициите и обичаите, кои извираат од неговите библиски корени. Тој историски факт може да се најде и најсилно да се почувствува кај Македонците во дијаспората, кои како припадници на една од најстарите цивилизации во Европа,  во битката за одбрана на националната кауза, морале да минат низ големи искушенија и страдања и да се потврдат како успешни градители на Новиот свет.

Со создавањето на македонска држава во 1945 година, по Втората светска војна, и со прогласувањето на нејзината самостојност и независност во 1991 година, состојбата во дијаспората рапидно се измени. Круната на тој историски вознес беше обновата на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, чија улога на обединувачки фактор на Македонците дојде до израз и во етничка Македонија и кај Македонците во дијаспората, кои само тие и античките Македонци се нарекуваат со тоа име. Затоа, во оваа публикација меѓу другото, направил обид да се осветли дел од иселеничката одисеја на Македонците во светот.

Продолжува

4 copy copy 

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН 

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.