Среда, 29 Јануари 2025    PDF Печати Е-пошта
ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА

1112 copy

СЕ ПОДГОТВУВА БРОШУРА НАМЕНЕТА ЗА  МАКЕДОНЦИТЕ  КОИ ДЕНЕС ЖИВЕАТ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА!

Сведоци сме дека во последно време во егејскиот дел на Македонија се случува вистинска национална преродба на Македонците, кои сѐ поотворено и посмело ја артикулираат својата македонска национална припадност. Тие тоа го прават главно преку масовно посетените народни собири и веселби каде отворено се изведуваат македонски народни песни и ора.

Меѓутоа, од аспект на познавањето на македонската историска вистина нашите сонародници и натаму се оставени сами на себе немоќни да се спротивстават на грчката денационализаторска пропаганда, која ја користи токму историјата за нивно денационализирање. Логиката на грчките денационализатори е во стилот: „Можете да играте и да пеете колку сакате ваши ора и песни, но Македонија отсекогаш била грчка. Александрос Мегалис бил Грк. Античките Македонци зборувале и пишувале на грчки, ги славеле грчките богови и носеле грчки имиња, а вие немате никаква врска со античките Македонци, туку сте Грци славофони...“ За жал, тамошните Македонци  нема од каде да прочитаат податоци со кои успешно ќе опонираат на ваквите пропагандни артикулации со помош на кои се врши нивната денационализација, а причината е во тоа што најголем дел од нив, иако зборуваат македонски, поради добро познатите причини, умеат да пишуваат и да читаат само на грчки.

Имајќи го предвид сето ова, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, во соработка со Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип подготвуваат објавување брошура во електронски формат под наслов: „ИСТОРИСКИ ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДАиподнаслов „Прирачник за успешно опонирање против грчката денационализаторска пропаганда што до денес  се води среде Македонците во егејскиот дел на Македонија за нивно грцизирање“.         

Автор на овој прирачник е историчарот и писател  Александар Донски, а брошурата во електронски формат, освен на македонски, ќе биде објавена и на англиски и на грчки јазик и ќе биде бесплатно делена среде Македонците во егејскиот дел на Македонија, но и среде странските субјекти.       

Во брошурата на едноставен, аргументиран и убедлив начин е даден бескомпромисен одговор на фундаменталните  големогрчки артикулации од областа на историјата. Така, на пример, во брошурата ќе прочитате дека:        

- Постојат сведоштва од близу педесет старогрчки и други антички автори кои јасно тврделе дека античките Македонци биле посебен народ во однос на Грците и дека тие зборувале на посебен македонски јазик, кој бил неразбирлив за Грците. Латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф дури запишал и дека Македонците и Грците во тоа време меѓусебно комуницирале преку преведувачи.  

- Таканаречените „грчки богови“ воопшто не биле грчки! Уште Херодот во 5 век пред Христа  запишал дека Грците ги презеле имињата на тие богови од древниот балкански народ Пелазги, за кој тврди дека зборувале на неразбирлив јазик во однос на Грците. Докажано е и дека над 80% од авторите на делата од т.н. „Грчка митологија“ воопшто не биле Грци, а истото важи и за најголем дел од ликовите од оваа митологија, кои исто така немале грчко потекло. Од своја страна античките Македонци славеле и свои посебни богови кои ги немало кај околните народи. Сето ова во детали е обработено во брошурата.  

- Старгрчките автори вештачки ги грцизирале личните имиња на луѓе од сите народи со кои доаѓале во допир, додавајќи им го во своите записи суфиксот „ос“ за да изгледаат како „грчки“. Ќе прочитате список од стотици лични имиња (но и топоними и други зборови) на Тракијци, Илири, Етиопјани, Асирци, Персијан­ци, Егип­јани, Либијци, Индијци, Итали и други народи, кои во грчките антички извори останале запишани со завршетокот „с” („ос” или „ис”). Па зарем тоа значи дека сите тие народи биле „Грци“? Така треба да се гледа и на личните имиња на Македонците кои во античките извори биле запишани со суфиксот „ос“, кој вештачки им бил додаден. Најголем доказ за ова е името на нашиот најголем цар Александар Велики Македонски. Во старогрчките записи (пишувани со векови по неговата смрт) неговото име е запишано како „Александрос“, но во Вавилонските астрономски записи пишувани со клинесто писмо во 4 век пред Христа, т.е. во времето во кое Александар живеел, неговото име е запишано како – Александар!   Освен тоа, не сите имиња кои ги носеле античките Македонци биле запишани од старогрчките автори. Некои од ове имиња се откриени и на гробни и други натписи што значи дека нив ги запишувале самите Македонци. Добар дел од овие автентични македонски лични имиња воопшто не завршуваат на грчкиот суфикс „с“, па дури некои повеќе асоцираат на имиња изведени од јазик близок до современиот македонски јазик. Некои од ваквите лични имиња се: Дада, Дуле, Заика, Заимина, Ластен, Лика, Мама, Мамина, Мило, Мома, Момо, Нана, Сита, Скрита, Тато, Тате, Татаја, Филина и други. И ова во детали ќе биде образложено во брошурата.

- Во македонскиот фолклор постојат голем број песни, приказни, легенди и преда­нија со античко-македонска содржина регистрирани уште во 16, 18, 19 и 20 век.  Посто­јат и одредени фолк­лорни еле­мен­ти (посеб­но во при­казните), кои влечат ко­ре­ни од времето на античка Маке­донија, а постојат и голем број обичаи, обреди и народни верувања кои останале уште од античките Македонци среде Маке­донците во 19 и 20 век. Сето ова детално е елаборирано во брошурата заедно со докази поткрепени со ДНК анализи за врските помеѓу денешните и античките Македонци.

Ги повикуваме македонските патриоти и пријатели на Македонија да се вклучат во реализацијата на овој исклучително значаен и уникатен патриотски проект, каков што досега не е забележан!  Да им помогнеме на Македонците во егејскиот дел на Македонија успешно да се спротивстават на грчката денационализаторска политика. Ако ние сами не си ја експонираме сопствената историја пред светот и ако не се бориме за правата на нашите сонародници, никој тоа нема да го направи наместо нас.

За повеќе информации обратете се кај Претседателот на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј Душан Ристевски на е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на авторот Александар Донски на е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

 

На прво место

News image

Свети Трифун во Зубовце

Свети Трифун се слави на 14 февруари, именден слават Трифун и Трифе.

Историја

News image

Пожарот не ја изгоре вистината, оригиналниот Абецедар е во Скопје

Вангел Ајановски-Оче, познат македонски револуционер, му го подарил букварот на Архивот на Македониј...

Иселеници

News image

КАНАДА – ЗЕМЈАТА НА ПРОСПЕРИТЕТОТ И МУЛТИКУЛТУРАТА (25)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Свети Трифун

Свети Трифун се празнува на  14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар...

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.