|
||||
| ПУБЛИКАЦИЈАTA ЗА СЛИМНИЧКИОТ МАНАСТИР ВО ПРЕСПА (1) |
|
Монографијата „Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Слимничка во Преспа” на проф. д-р. Вера Стојчевска-Антиќ и публицистот Славе Николовски-Катин е издадена на Книгоиздателството ,,Македонска искра” од Скопје. Тоа е луксузно издание, во колор, голем формат на 160 страници, на македон јазик издадена во 2007, исполнето со голем број фотографии. Монографијата е публицистичко дело за манастирот „Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Слимничка во Преспа” и за Преспа како целина, чиј ресензенти се:д-р Димитар Ќорнаков и проф. д-р Петре Ѓеорѓиевски. Делото „Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Слимничка во Преспа” првпат беше промовирано на Велигден во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Ресен, на 10 април 2007 година.. Монографиајта ја промовираше д-р Димитар Ќорнаков, истакнат историчар на уметноста, а на присутните им се обратија Битолско-преспанскиот митрополит Петар и авторот Славе Катин.. Книгата претставува обид да се осветли култот, славата и честа на Мајката на Исус Христос во светот и во Македонија, особено во манастирот @Св. Богородица Слимничка во селото Сливница во Преспа. Таа го претставува нејзиниот лик кој е интензивно насликан на бројни икони и фрески во македонските цркви и манастири, како и пишани текстови поврзани со неа во бројни староцрковни книги. Според верувањата на христијаните Богородица била мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени. Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Долна Преспа и пошироко на Македонија.
Дева Марија со Исус Христос Затоа и монографијата „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Слимничка во Преспа” чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ и публицистот Славе Николовски-Катин е посветена на дел од вистината за Дева Марија. Книгата е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со текстови од многу книги посветени на нејзиниот живот. Во целиот свет доминараат светилишта посветени на Дева Марија кои го величат нејзиниот култ. Меѓу нив се црквите Св. Катерина Лабур во Париз, Св. Фатима во Португалија, Св. Гарабандал во Шпанија и други. Слични визии се забележани и во манастирот Св. Богородица Слимничка од страна на локалното население во селото Сливница. Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион. Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство. Инаку, Црквата е градена по примерот на повеќето цркви во поствизантискиот период односно во османлиското ропство на Балканот. Мала еднокорабна градба со едноставен кров на две води, без куполи и без украси на фасадите. Кон западната страна во 1612 година е доградена припрата. Во 19 век во продолжение кон запад е изграден затворениот трем, една помала помошна просторија како и камбанаријата . Во северниот дел од олтарскиот простор, во чест на главниот ктитор на црквата, насликана е фигурата на Купен, починатиот син на Михајло Петков, кој се упокоил неколку години пред изградбата на овој храм во 1599 г. Претставен како младо момче со свечена световна облека. Повторно се среќаваат имињата главните ктитори Михајло и Стојна. Ваквите претстави се мошне ретки во средновековието. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |





























