Среда, 10 Ноември 2010    PDF Печати Е-пошта
Денови на Св.Кирил и Методиј – културен мост меѓу Македонија и Словенија

kiril-i-metodijСловенечкото здружение „Франце Прешерен“ – Скопје, во рамки на проектот „Денови на Св. Кирил и Методиј - културен мост меѓу Македонија и Словенија“, денес 10.11.2010 на Филозофскиот факултет во Љубљана - Катедра за македонски јазик и книжевност, организира предавање на професор д-р Анета Серафимова, на тема „Ликовни рефлексии на сесловенската мисија во Македонија“.

Предавањето што организирано во соработка со љубљанскиот Филозофски факултет, Институтот за историја на уметноста и археологија при Филозофскиот факултет од Скопје и Кинотека на Македонија,  ќе биде збогатено со изложба „Македонски ликовни амблеми - портретите на светите Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски и Св. Наум Охридски во уметноста во Македонија од 9 до 19 век“ и проекција на документарниот филм „Кирил и Методиј сесловенски учители“ на режисерот Трајче Попов.

Во соработка со Младинскиот културен центар – Скопје, здружението „Франце Прешерен“ на студентите кои студираат на Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филозофскиот факултет во Љубљана бесплатно ќе им ја подели книгата „Новеченто“, од авторот Александро Барико.

Првиот дел од проектот „Денови на Св. Кирил и Методиј - културен мост меѓу Македонија и Словенија“ беше реализиран на 18 мај годинава во Скопје со организирање неколку настани на кои беше промовирана словенечклата култура. На 30 јуни во Љубљана, здружение „Франце Прешерен“ организираше предавање на тема „Мегалитската опсерваторија Кокино во 2000 год. п.н.е“.

Проектот „Денови на Св. Кирил и Методиј - културен мост меѓу Македонија и Словенија“, што го реализира Словенечкото здружение „Франце Прешерен“ - Скопје, со поддршка од Генералниот секретаријат на македонската Влада, има за цел зајакнување на македонско – словенечкото пријателство преку промоција на националните, културните и научните вредности на Словенија во Македонија, како и промоција на македонските вредности во Словенија. Планирано е овој проект да стане традиционален.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.