Сабота, 11 Декември 2010    PDF Печати Е-пошта
Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

_copy_copy_copy_copyМеѓу македонските светители - маченици што Македонската православна црква ги празнува со посебно внимание спаѓаат и Петнаесетте свештеномаченици од Тивериопол (Струмица). Во Службата за нив се вели дека преку нив стана сенародно просветлување на Тиверијците, а Христос им стана познат и на жителите на околината, дека градот Тивериопол и неговата околина од заблудата во идолите кон светилина ги одвеле и дека како сјајни ѕвезди и денес силно зрачат.

За време на владењето на императорот Јулијан Отстапник (361-363) е извршен страшен прогон на христијаните. Тогаш во целата Римска империја  биле издадени посебни наредби и биле испратени луѓе да ги спроведуваат. Со тие заповеди секој што ќе се откажел од Христа добивал големи почести од царот, ако пак не сакал да се откаже од неговата вера и не сакал да им принесе жртви на паганските идоли требало да биде подложен на жестоки казни и мачења. Тогаш, пред ваквата опасност од Никеја побегнале во Солун, а оттаму во Тивериопол епископите Теодор и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсебиј. Епископот Теодор бил и учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. Во нивното житие се вели дека  оставајќи го Солун се преселиле во Тивериопол што се наоѓал северно од Солун и тука нашле можност да го сеат словото на нашиот Господ Исус Христос во душите на побожните луѓе. Во нивната служба пак се вели дека “преку нив стана сенародното просветлување на Тиверијците, а Христос им стана познат и на жителите на околината.

По пристигнувањето во Тивериопол ним им се придружиле месните свештеници Петар, Јован, Сергиј Никифор и Теодор (втори), ѓаконите Василиј и Тома, монасите Јеротеј, Харитон и Даниил како и еден мирјанин по име Сократ. За нивното прифаќање на христијанството разбрал и управителот на областа кој се наоѓал во Солун и кој веднаш презел мерки да бидат казнети. Ги фатил и погубил на 28 ноември (стар стил) 326 година. Откако егзекуторите си заминале добродушните христијани  ги завиткале нивните тела во бели и чисти чаршави и според христијанските обижаи со ламбади и темјан ги погребале достонствено, во Тивериопол секој во посебен ковчег од камен, врз кој ги напишале имињата на мачениците со нивните чинови што ги имале според Христа. Бог ги дарил со чудотворна моќ, така што од нивните мошти многумина болни оздравеле.

Кога градот бил нападнат и разурнат од Аварите и гробовите на Петнаесетте свештеномаченици Тивериополски биле затрупани за подолго време. Но подоцна  чудата што се случувале на тоа место го привлекле вниманието на населението па нивните свети мошти биле откопани и погребани во новоизградената црква подигната во нивна чест во  градот Брегалница (не се знае каде се наоѓал). Во таа црква службата ја вршеле свештеници поставени од св. Климент Охридски. Житието раскажува дека во тој храм во градот Брегалница поради спротивставувањето на струмичани, биле пренесени само моштите на тројцата маченици: Тимотеј, Комасиј и Евсебиј, а другите останале во Струмица. Подоцна и моштите на останатите биле пренесени во храмот.

Од сите краишта на Македонија, но и пошироко, народот доаѓал кај светите мошти на мачениците и барал помош. И се случиле многу чуда. Жена од Струмица што подолго време немала деца забременила по допир на раката на светиот маченик Петар, сакат граѓанин од Брегалница оздравел исто така по допирање на светите мошти, немо момче од Главеница проговорило, нем старец на Велигден откако ги целувал светите мошти проговорил „Господи помилуј“, парализиран човек оздравел итн.

Подоцна овој град доживеал катаклизма и бил сравнет со земјата, а настрадале и светите мошти на овие маченици. Останала само една рака за која се претпоставува дека е на Петар, која што направила многу чуда и излечила многу болни. Потоа по Балканските војни во 1913 година некој ја однесол во Кукуш. Во Струмица останал само споменот за светите Петнаесет свештеномаченици чиј спомен месното население го празнува свечено на местото каде се претпоставува дека  биле погубени и каде што се случиле многу чуда. (Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.