Среда, 13 Март 2024    PDF Печати Е-пошта
Прочка- Поклади во Зубовце

pokladi

Неделата пред почетокот на Велигденските, велики пости во Зубовце се празнува како Поклади, според календарот на македонската православна црква уште и како Прочка, а е познат и како Велики Поклади или Проштени Поклади.

 

 

Овој празник не е поврзан со одреден датум туку е, секогаш седум недели пред Велигден.

Во текот на денот во бавчите (градините) се палат огнови. Запалените китчиња слама им се дават и на децата, а тие, трчајќи низ бавчите на сиот глас извикуваат:

Бегај крту бегај,

бегај ќ’те изгорам

Бегај крту, бегај,

бегај ќ’те изгорам.

На овој начин како и со запалениот оган се бркале кртовите кои им нанесувале големи штети на градинарските култури.

Пред да падне првиот мрак, се палат големите маалски огнови, наречени Баба вештица, направени од слама, од пченкарница и од смрека.

На времето меѓу зубовските маала, постоел и натпревар кое маало ќе има најразгорен оган, со највисок пламен. Околу огновите, децата трчале и ги прескокнувале пламените јазици. Со јагленчињата од огнот на малите деца им цртале крстиња на челото за здравје и заштита од уроци.

Попладнето на Поклади, според стариот обичај, младите одат на посета кај постарата фамилија за традиционално да побараат прошка без разлика дали некој некому му згрешил или не.

Проштавај ако сум се огрешил нешто годинава! – е вообичаеното обраќање на помладите кон постарите.

Нека ти е просто и блосоено и од мене и од Бога – одговара оној од кого се бара проштевање.

Вечерта во секој зубовски дом се подготвува свечена вечера. Традиционално се коле петел или кокошка и се подготвува зубовскиот специјалитет калејнца – ориз во тава. Се прави и алва, а се вари и по едно јајце за секој член од потесното семејство и уште едно за куќата.

По завршувањето на вечерата, се изведува вообичаеното ацкање (амкање) јајце. Домаќинката зема кадела (урка, рачно изработена направа за предење волна) на која на плетена волнена врвка го врзува вареното јајце. Јајцето го ниша околу софрата. Сите со зинати усти, се обидуваат да го лапнат јајцето без да се служат со рацете. Ацкањето (амкањето) трае се додека некој не го лапне јајцето, кое потоа се лупи и секој од семејството каснува по малку за здравје.

Во една лушпа од јајцето се налева црвено вино или  како што го викаат крто вино. Домаќинката послужува со зборовите: напиј се крто вино, а оној што ќе се напие од лушпата наздравува: ај да ги снема кртовите од бавчите. На вечерата се изведува уште еден обичај наречен јадец. Тој што ќе го најде т.н. јадец во месото се обложува со надлажување. Надлажувањето може да трае за целото време на велигденските пости.

Од книгата „Зубовце“, од Гале Фиданоски, Зубовце 2008.

(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.