Среда, 24 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
Света Богородица Пештанска

pesterska-crkvaНа околу 16 километри од Охрид, во близина на рибарското село Пештани, десно од патот за Св. Наум се наоѓа пештерната црквичка посветена на Св. Богородица. Таа е сместена во карпите на источниот брег на Охридското Езеро.

За пештерната црква Св. Богородица не постојат историски податоци. Под фрагментарно сочуваниот натпис кој е најверојатно современ со времето на изградувањето и живописувањето на црквата, не може да се установи датирањето. Меѓутоа не е неприфатлива претпоставката дека пештерните црквички се многу рано користени за потребите на клерот. Тие ги одбележуваат пунктовите на анахоретскиот живот.
Отворот на карпата од кон северната страна е затворен со ѕид.

Внатрешноста на црквата е целосно исликана со фреско-декорација. Како и во другите пештерски цркви и овде композициите се сликани во помали димензии. Со оглед на обемот на пространството тие се пригодени кон површините на самите карпи. Тоа е еден од подобрите живописи што е сочуван во пештерните цркви од овој крај. Покрај сцените на Големите празници оид кои се истакнуваат „Влегувањето во Ерусалим“, Вознесението Христово“ „Успението Богородичино“ се наоѓаат покрај другите светци и ликовите на Св. Климент и Св. Наум. на источната страна се наоѓа натписот.

Фреско-декорацијата на пештерната црквичка Св. Богородица се врзува пред се со сликарството на горниот кат под внатрешната припарата на Св. Софија, и тоа оној дел каде се наоѓаат дисизната композиција и портретите на ктиторите. Во прилог на датирањето на овој живопис се зема податокот за заедничкиот култ на Климента и Наума, кои во сликарството се прикажуваат еден до друг во Охрид дури од средината на 16 век.

Пештерна црква Св.Еразмо - Охрид

Која од бројните пештери расфрлени по бреговите на Охридското Езеро е прва адаптирана во монашка келија или црква тешко е да сустанови со поголема сигурност. Меѓутоа со помошта на хронологијата добиена како резултат на стилска анализа, во прв ред, на стилска анализа на фреско-живописот доаѓаме до заклучок дека тоа секако е пештерната црква посветена на  антиохискиот епискот Еразмо што се наоѓа околу 2 км. од Охрид во стените десно од патот што води од Охрид кон Струга. Оваа пештерна црква во својата долга историја е повеќе пати поправана, но фрескоживописот што е изведен врз природната стена на пештерата е останат и до денес. Меѓу ликовите што оддолеаја на забот на времето наидуваме и на еден портрет за кој се смета дека му припаѓа на солунскиот „цар“ Теодор. Врз основа на овој портрет живописот датира од првата половинана 13 век. Авторот на овој пештерен живопис не е познат. Од овој ран период на првите децении од 13 век досега не ни е познато ниту едно име на зограф.

Осаменоста на оваа пештерна црква во овој дел од брегот на охридското езеро, скученоста на користениот простор и некои други елементи, укажуваат дека се работи за поединечни испосници или сосема мало калуѓерско братство што живее во малите конаци покрај пештерната црква.

Пештерна Црква Свети Стефан

Лево од патот што води од Охрид кон Свети Наум над синдикалното одморалиште „Орце Николов“ се наоѓа една мала пештерна црква на Св. Стефан. За црквата е искористена една мала природна пештера којашто е од јужната страна преградена од ѕид од кршен камен.

Кога е изградена оваа пештерна црква не е познато. Но секако потекнува од времето на засилениот анахоретски живот на бреговите на Охридското Езеро, односно од средината на 14 век. Сочуваните фрагменти од стариот живопис укажуваат на истото време.

Покрај црквата во подоцнежен период се изградени и конаци.

Си Свети во Село Лешани - Охридско

Во близина на селото Лешани, Охридско, во 1452 година подигната е малата еднокорабна црква посветена на Си свети. Ѕидана е од кршен камен и бигор. На јужната страна се наоѓа мала врата која при врвот се завршува конусесто, сега затворена и до половината од надворешната страна затрупана со нанос од  земја секако за време на градењето на новата црква што се наоѓа само на неколку метри од неа.
Внатрешноста на црквата е живописана. Авторот е непознат но тој, секако, спаѓа кон групата на талентирани зографи и во овој период, секако, сеуште работат во Охрид и неговата околина. Цртежот е смело изведен а колоритот се одликува со една посебност што ретко се среќава. Во него преовладува белата боја.

Сочуваните фрагменти на западната фасада покажуваат дека црквата е живописана и од надворешната страна.

На неколку метри од црквата кон запад се наоѓа еден со камени плочи изграден голем гроб.

Од книгата -Споменици на културата во СР Македонија“ од Антоние Николовски, Димитар Ќорнаков, Коста Балабанов, Скопје 1971 г.

(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.